Да ви кажам мене што ми се случи.Денес малава ја носевме да и земат крв и гледам во кола ѓубре што не сум го фрлила и му викам на мм да поседи со неа да одам да го фрлам,и одам накај контењерите и кога пред мене едно куше со лаење накај мене и јас кога вриснав паднав и во тој момент кучето го снема.За среќа никаде немав повреда.
Јас сум кучкарка и си зборам и со моите кучиња и со уличните што си ги чуваме во населба Постојат луѓе што се плашат и еве ќе речам нека биде нормално тоа стање на страв. Иако според мене тоа е страв кој што го добиле од родителите остај го болно е, лошо е ќе се заразиш и итн... Не дека мене и или на моите родители исто такви кучкари како мене не ни се пуштиле глутница, особено кога татко ми е со точак. Со тек на годините имаме развиено тактика секогаш храна со нас, ако те брка куче не бегаш туку застануваш и се обидуваш да воспоставиш пријателски однос со "кај си бе ти " и овде ти е решен проблемот. Улични кучиња не паднале од небо туку се резултат на неодговорни сопственици. Не се криви што се на улица, најмалку што може некој од вас да направи е да не ја фрла храната што му останува туку да ја даде на бездомните животни. Пријавете во Лајка за кастрација стерелизација со тоа ќе помогнете да се намали нивното размножување. Иако кај мене во населба нема не стерелизирана женка секој месец имаме истоварено мали кучиња пошто нели полесно е да се фрлат него да си го стерелизираш кучето.
Јас имам страв од кучиња, од секакви животни искрено. Колку и да се мили незнам како да реагирам на нив. Траума имам едно кога ми скокна на нозе и ме поткачи на колено. Мислам од тогаш и улицата ја замразив како ме стрефи тоа. Едноставно се плашам од нив. А инаку секое животно ми е мило, и зајакот што го имам иако на неколку пати парче ми откинува кога ме загризува, со крв со болки со све. Затоа велам од животните некогаш незнам што да очекувам
Тоа ми е болката мене. Што сопствениците не реагираа. Тие имаат 3 кучиња, а едното им е постојано на улица, мало е и секогаш лае по секој што мине. Не му обрнував внимание воопшто. Другите 2 се во двор пуштени, ама може да излезат. Лаат постојано и тие. Газдите се излежуваа во двор и со прст не мрднуваат.
Не си во право. Никогаш не сум се плашела од кучиња и секогаш и јас сум им зборувала дури и храна сум им давала ако имам, али пред еден месец под железничка, одев накај кеј, кога уште од далеку слушав како лаат 4-5 кучиња, две ми се доближија застанаа, едно се затрча накај мене, им кажав епа извинете немам ништо за јадење, кога 4то од уџум се стрча накај мене и ме гризна за нога, не ме пушташе, цела ногавица ми ја искина, две огромни дупки од заби ми остави и страв да не има беснило или некоја болест... Ги избркав со тоа што 2-3 пати се наведнав демек земам камен да ги удрам, инаку партали ќе ме направеа
Оваа појава со бездомнине кучиња страшно иритира,а и сите сме во опасност. Како тоа да ме нападне да не се бранам (ако треба и убијам) ? Ако ви е ок да ве напаѓаат џукелите а да не се браните ваше си е,ние останатите ќе се браниме.
Мене ако ме прашуваш, највеќе ме нервираат луѓето како госпоџата опишана у првиот пост. Луѓе што слободно ги пуштаат кучињата надвор од двор и без поводник каде живеат луѓе очигледно не им иде памет додека не завршат со конци на глава од друго пуштено куче. До толку не ги боли кур шо треба да им посакаш да завршат. А искрено ни тогаш нема да им дојде. Прееска излегов да прошетам на место кое е фрекфентно со луѓе. Едно минимум 5 души видов со пуштени кучиња. Ај остај раси ко пудлица, малтезер, пинчер, бишон итн. Ама поголеми раси не се за да шетаат слободно, ама ич.
А шо ѝ се пуштивте? Може ѝ е страв.Баба ми комшиско куче ја има каснато, па?уличните се бетер Мене ме нема нападнато ама и ја би го шутнала да проба да ме гризне.Неќам болест да фатам од него
Се согласувам, ама без разлика голема или мала раса според мене сите треба со ланец да се шетаат. Милион пати имам кажувано дека колку и да е мирно кучето, треба да се носи со ланец и маска. Прво за нивна безбедност, после за другите.
Човек што чува куче никогаш нема да има омраза кон напуштени кучиња надвор. Тие не се џукели. Нив ги напуштил нашето височество човекот. Имав патолошки страв од кучиња,од кога се соочив и чувам куче светот е поубав за мене. Секое дете и млад човек треба да расне со куче. Тогаш нема да имаме проблем со немање емпатија кај луѓето. Луѓето кои мразат и сакаат да трујат,убиваат кучиња ги одбегнувам.
Обожавам кучиња, чувам и нема поискрена љубов од нивната. Ме има каснато куче кое имаше сопственик, не го заприметив, само поминував, беше германски овчар без да го испровоцирам ме касна, па еве тоа не ми ја промени љубовта кон нивНема лоши кучиња како што има неодговорни сопственици, не ги стерилизираат, ги пуштаат по улици, се парат, па ги има на секој чекор. Агресијата понекогаш им доаѓа од тоа што се шутирани, бркани со стап.. Доколку се воведат строги казни нема да имаме проблем со бездомни кучиња...
Не е дека нема кучиња што напаѓаат, има и нормално секој треба да се одбрани како знае, ама има и луѓе што лажат. На пример ќе им дојде улично куче, ќе сака да се погали, ќе се пикне малку во нив и овие одма ауу ме нападна, сака да ме касне, а нема врска. Нормално не е пријатно за некој што се плаши од кучиња да му дојде куче до него, ама тоа не значи дека автоматски ги напаѓа. Ако повеќе се вдомуваат кучиња наместо да се купуваат и помалку се фрлаат на улица од "одговорните" сопственици, нема да има проблем со бездомни. Не може постојано да се шета со маска, живо суштество е што треба да душка наоколу.
Може да душка и со маска, маската пред се е и за негова заштита да не изеде нешто што не треба и за другите кучиња околу и за луѓето. Ние како дишевме со маски скоро 3 години? Секаде во светот си има правила за миленици. Треба посебни паркови оградени само за нив да има. Неодговорни сопственици пуштаат миленици какаат не собираат позади нив.
Немам тужено за тоа ама знам девојка пред 2 години зеде 40000 денари паричен надомест ради каснување од куче бездомник. Исто така моментално одам на пракса кај адвокат и ми спомна уз муабет дека то е чист случај, тужиш и одма се земаат пари од општината ако потврдиш со медицински извештај дека те каснало куче.
Те прочитав, и бев љубопитна да прашам: како докажуваш дека си каснат од куче бездомник, а не нечие куче? Или доколку тужиш човек би добил повеќе, па самото тоа што се нафаќаш да тужиш општина (која би ти исплатила помалку) се смета како доволен „доказ" дека си каснат од бездомник?
Девојката шо зеде пари од општина покрај мед извештај имаше плус и сведоци, заедно со неколку другарки беше кога ја касна бездомно куче и така лесно го доби случајот. За поинаку не би знаела да кажам. Најдобро би било да се исконсултира со адвокат. Инаку сега исплаќале по 1000е, и ова го дознав.