Ако и општината ја товариш за истите работи како што би товарела и физичко лице сопственик на кучето и од неа се земаат повеќе пари. Не е фиксно тоа. Ама државни пари, па дај шта даш. Инаку, освен сведоци и видео надзор ако има факт е дека не можеш да докажеш кое куче те каснало.
Одиш на лекар за да примиш тетанус прво сеедно, па те прашуваат шо, како, баш ко на распит се осеќаш. И после во извештајот пишува дека непровоцирано те нападнало улично куче (пошто и тоа те испрашуваат, дали е провоцирано или не). Со тој извештај би можела да го тужиш Град Скопје, на пример. Иначе ова беше баш одамна, пред некои 15 години скоро. И читав еднаш вести дека од Град Скопје исплатиле солидна сума на евра што биле тужени. Иако мене од се ова повеќе ме загрижува фактот што немаме серум за беснило. Прогуглав малку и одма искочи ова од пред некоја година: https://sdk.mk/index.php/makedonija...olnitsite-oti-ima-mnogumina-kasnati-od-kuche/ Не знам за сведок. Секако тоа олеснува да се добие случајот, ама мислам дека и самиот медицински извештај е доволен доказ.
8 годишно дете од населбата Пинтија било искасано од домашен миленик Блу Мастив. За жал детето од повредите починало. Пинтија е преполна и со улични кучиња посебно има до градинката и училиштето. Огромни кучиња да ти е страв да поминеш. Жално за детенцето.
Не сакам да бранам или напаѓам... трагедија голема, ама како родител на мали деца ќе прашам: "Триесетина минути пред полноќ, во населбата Пинтија во Кисела Вода малолетно дете на возраст од осум години го загубило животот".... што прави 8 годишно дете надвор само на полноќ? Тоа време нема ни луѓе околу да помогнат, темница е, нема раздвиженост, секакви опасности демнат, не само кучиња За греотичка детенцето.
И јас така прочитав,дека околу 18 часот било однесено во болница,така беше и од МВР информацијата колку што видов. Еве и тука изјава од болницата. https://sdk.mk/index.php/makedonija...FmlKaGn8q-c43i2T-ehe-yrojNCj1xR-n4W5z1lcYh-_c
Страшно, сочувство до семејството, малку е нафрлана информацијата, доколку кучето било на приватен имот, тогаш нема да добие казна сопственикот. Бранат територија, но доколку било пуштено надвор само да шета тогаш најостро да се казни сопственикот
https://telma.com.mk/2023/04/12/tel...-na-glavata-i-vratot-od-grizenjeto-na-kucheto Тука не пиши баш така
Ми иде да го искршам телефонот кога читам вакви глупости обожавам кучиња, ама и деца Дете од 7-8 години не знае шо е закон, а зборот НЕ СМЕЕШ и НЕ МОЖЕШ мислам дека исто не влијаат добро.
Глеј Факт е дека 8 год дете не треба да шета само. Баш пошо е дете и еве не знае дека не треба да влезе таму. Ама и идиотиве треба да си го врзат или воспитаат кучето дека не секој од другата страна на вратата е претња и е ручек. Пошо куче и дете не мислат ко возрасен човек, ама очигледно ни возрасните не мислат баш
Детето ќе испадне виновно на крај. Тажно. Пракса стана жртвите да се виновни. Јас не можам да ја читам веста, дете отишло на гости и е искасано од куче. Не ќе било мирно кучето до толку. Знаеме и ваквите раси за што ги користат. Ама ај да не шпекулирам пред време.
Нека не мрсат муда - Bullmastiffs can be dangerous if they don't have proper training and socialization from their owners. These dogs are guard dogs, so they can be very territorial, which can make them aggressive. Има многу врсти на мастиф. Не е криво ни детето, ни кучето... туку ако знам дека имам агресивно или опасно куче, ќе го чувам по сите стандарди за безбедност. Мојата кучка не е агресивна, напротив екстремно мирна и добра, ама пак никогаш не спијам на тоа уво, и секогаш децата ми се под надзор со неа.
Јас на 8 години сама одев на школо, во продавница, кај комшии, другари. Дете од 8 години не е мало баш. Не може да се вадат на детето. Нека истржат зошто кучето го нападнало. Домашно куче не убива деца.
Дете влегло во дворот каде што биле 2 кучиња. Кучињата знаат да бидат територијални, без дозвола и во присуство на сопственик не се влегува во туѓ двор, особено не ако има куче без разлика дали е пинч или пит. Е сега доколку имаш куче што е пуштено треба да си заклучиш двор, пошто е куче, колку и да е дресирано не можиш да имаш 100% доверба, плус со тек на годините некои раси губат мирис, вид дури не препознале сопственик и нападнале. Од друга страна имам со свои очи видено како деца влечат куче, маче за опаш. Дури и близок случај каде мачка нападна дете во одбрана на новородено, буквално детето беше изгребано на лице. Некогаш напаѓаат и со причина и без. Како човек што цел живот чувам куче од родителите како дете ми беше забрането да галам куче, оти знаеја дека секое на улица го гибав, се лутев, а кога пораснав дознав зошто тоа било така. Човек што нема одгледувано куче не знае како да му пристапи многу грешат одма сакаат да галат, а многу кучиња тоа го осеќаат како напад. Така да двете страни се виновни. Да не зборувам дека законски одредени раси треба да носат маска, па едвај да видиш куче со маска...