Реално, ретко кој се занимава да го дресира кучето, особено ако е од "тие" раси. Битно да е сакано и најадено. Какво е према други луѓе, мање битно. Внука ми на 14 години го научи нејзиното да се одзива на име и некои основни команди и е многу мило со секого, и познат и непознат. Ми се случило питбул да ми пријде (без поводник) со намера да си игра. Па го гледаш газдата иде накај мене и се извинува. Е ваљда било мноогу добро дресирано и често поминува време со непознати или не знам. А нели се бараше пристап на миленици во јавен превоз. Епа не знам како со раси кои лесно се тригернуваат ќе се возиш во полн автобус.
Јас не одев сегде сегде Бар преку Партизанска не. Ама разбрано дете бев. И јас сакам кучиња ама и сеа ко поголема пазам. Прво им давам рака да ме њушнат. Ако газдата плус рече дека не е дружељубиво, не се доближувам. Ја мислам дека е највише до карактерот на кучето. Сум се гушкала со питови, стафорди, добермани, никому ништо. Ме лижеле си играле со мене. И другар има агресивен стафорд, на сите им е страв од него и не му влагаат у двор. И мене некогаш преку врата ме гледа на косо, пошо не е научен многу со странци, ама кога ќе влезам одма рипа да си играме и да се галиме. Се гушкаме цело време. Ама знае дека не смее да му текне да ми рипне. Требал газдата да си го воспита као шо треба, не е само да го земеш. А обично викаат кучињата дека го попримаат карактерот на газдите.
А бе и порталиве се. Прво направија сензација, мислиш детево огради скокало за во двор да влезе и да малтрерира кучиња, а тоа на гости со неговите било. Се знаеле луѓето и биле пријатели. Па после кучено мислиш на борби го носеле секоја сабота, а оно 12 годишно било, при крај на животен век. Во просек и помалку живеат. За 12 години, не само сопственикот, туку и семејството во посета што било сигурно веќе знаеле кучето какво е. Да било опасно, немало на гости со дете да одат. Мене ми делува дека едноставно бил некој несреќен случај што довело до таква реакција на кучето. Секако мислам дека за усмртување на дете ќе биде успиено.
Не знам што е точно , но сега објавуваат дека биле соседи, и дека детето влегло во двор на соседот каде било кучето. Порталиве објавуваат информации без точно да проверат како било, те 17 и 25 часот, те 23 и 30, те 18 и 30
Е доста ги бранете кучињата де кучињата. Како и да е чувано тоа куче, треба да е дружељубиво, дресирано и да оди во акција само со дозвола од сопственикот. Дојдете видете какви се кучињата по странција, не смеат ни да зуцнат без газдата да им каже. Сум влегувала во дворови со кучиња и освен да ме гледат наостро бидејќи не ме знаат, друго не смеат да направат без амин од газдата. Е тоа шо ние сме џган од народ, земаме кучиња за борби и за чување имот поточно да лае и да напаѓа на кој и да помине тоа ние сме си криви. Државата ни е крива што дозволува секој гад да чува кучиња. Куче така не се чува. Такво куче во странција ќе биде успиено и газдата затвор ќе оди.
Слушнато недослушнато, разбрано недоразбрано. Добро некој ги контролира новинариве во државава? Треба некој и од нив да одговара па после да пазат шо пишат. Стресови секој ден аман веќе
Имам кучиња имам и дете. Кучињата мора да се заградени и да се пази на капија или врата да не може да излезе и да направи беља. Надвор шетање треба со маска за големи кучиња. Но и деца и луѓе треба да знаат дека на туѓ имот не треба да се влегува без дозвола. Нема тука што да се "бранат" кучиња. Тие штитат територија, влегува непознат, ретко кое куче само ќе мавта со опаш. Јас имам мирни кучиња ама сепак не знам во која ситуација како би реагирале и затоа контролирам. Ама контролирам и детето каде ми оди и што прави. И родителот на детето е крив. Не знам каква била ситуацијата зошто 100 верзии излегоа.
Да де затоа и од Странција имам вакви случаи читано. Секаде ова може да се случи за жал. Има една типка на инстаграм и тикток, куче кое го знаела неколку години на другарка нејзина и ја има откорнато горната усна. Вика ниту агресивно куче, ниту нешто му направила. И видео едно скоро гледав, луѓе дома собрани 10тина и девојка го галеше кучето кое мафташе со опаш и клекна на колена да го гушне и ова ја загриза. Детето е изгризано на врат, мало 8г дете неможело да го бутне кучето од него. На незгодно место кај артерија главна го има гризнато и искрварило до смрт.. Башка 12г е кучето, ако било агресивно ќе има и за тоа по нетов ќе пишат до вечер. И уште нешто и јас имам куче големо, кое е одлично со моите деца и децата на комшиите и со сите луѓе кои ги знае. Но луѓе од улица кои поминуваат и не ги познава, ги лае. Не му верувам ниту јас, ако доаѓаат гости кои не ги познава, јас го затворам. Никогаш не бил агресивен, ама куче е, неможе да се верува 100%.
Точно. И нашиве не се воспитани дека на туѓ имот не се влегува. Жално за детенцето. На цел наш систем треба рестарт.
Да, се случуват и по странство. Ама тоа се поретки случаеви откај нас, бидете реални. Сите знаеме како се чуват кај нас. Го зимат, ни вакцина ни ништо и се радуват оти е агресивно тоа било куче. Не е тоа куче. Криви се сопствениците.
Ова со кучево само едно прашање ме интересира кај биле родителите на детето и толку. Во двор, ако е приватен и добро заграден, ако касне дете, родителот е прв на тапет да објасни кај бил Тоа е од морална гледна точка. А од легална, нека каже некој кој повеќе знае како е кај нас, во некои држави можеш да си казнет ако кучето касне некого кај тебе во твој двор, а немаш никаде означено дека имаш куче, со оние знаците што се редат на капија.
Чисто за пример за таа твоја Странција [ Spoiler MEDIA=youtube]GpkeFD4Twc4[/MEDIA] Каде мед и млеко тече по улици
Ама што побогу ги вртиш зборовите сега. Не ја бранам јас странција, јас викам дека секаде има закони за тоа како се чува кучиња а тоа кај нас е тежок поим.
Па кажуваш како таму има помалку од тука како се дресирани, врска нема сегде има и ќе има напади. И да е дресирано кучето пак може да нападни.
Ако више збориме за странство, некаде над 500 евра казна ќе ти опнат ако изметот од кучето не си го собереш. Ама кај нас гадно им било, свилени тие. Сред асфалт цела торта ќе остави и никому ништо
Куче кое брани територија каснува за нога и држи, куче кое каса по врат го прави тоа за да убие. Толку.