Никој не рече да се убие ама ова нејзиново е пуно хејт треба да има казни и дресура, тоа е ФАКТ. Кај нас се зима куче и мислат самоуки се. Сами ќе се учат и воспитуваат. Сами коа се учат, се водат по нагони и инстинкти. А за да сакаш да живее у ЗАЕДНИЦА со ЛУЃЕ мора да го приспособиш на тие луѓе. точно и некои раси, МИСЛАМ доберман беше, кога умираат, го напаѓаат сопственикот за и он да умре со нив. АМИН Господе АМИН удри сеа, да ги осушат за леб да немаат да си купат да им се измочам у тоа неспособните говеда скапани
Таквите за мене веќе не се луѓе туку монструми. Членката што ме нарече проста за мене е монструм. И пак ќе кажам има карма. Многу верувам во карма и во она ако не сакаш да ти се случи не го ни изустувај.
Од лично искуство со добермани можам да потврдам дека се препаметна раса на кучиња, брзо учат и разбираат. Ама за тоа треба воспитување, социјализација, едноставно да се вложува во него без разлика на раса. Тоа што имаме секакви трагедии со кучиња е заради дебили што најчесто на овие простори таквите раси ги користат за борби и како украси за по дома а не како живи суштества со свои потреби. Може е оф-топик ама од такт ме вадат такви мислења како членката што ваквите раси ги сметаат за крволочни ѕверови, кога всушност сопствениците се за осуда.
важат за една од најинтелигентите раси и у иднина има да чувам доберман, макар последните 500 евра ќе ги дадам ги обожавам, толку се убави, паметни, преслатки, со деца се добри, ги обожавам буквално низ Скопје неам видено многу, ама секогаш кога ќе видам, застанувам да ги погалам. Ама секако, си бара воспитување. Џабе шо има интелигенција, ако не ја избрусиш убаво
Совршенство од куче ако знаеш како да го извадиш максимумот од него. Премили, преснажни и преинтелегенти се и баш ми е жал што се вака озогласени. Мене пострашна ми е онаква омраза отколку пит или добс.
Имам една комшика со куче, старо... Порано кога детево беше помало, стално ми викаше, не ја пуштај накај него, ова куче не сака деца, таков му е карактерот(иако расата не му беше таква). Никаде не го шетам, избегнувам, гледам да нема никој околу. Беше на поводник и со маска стално. Ама не полесно е да го оставиме на ланец у двор и да му фрлиме корка леб нели, пошо е животно... Еве не знам дали ако те нападне во влез од зграда ќе бидеш крив пошо не си културен и си одиш дома на пример. Бог да чува. Значи не смееме никогаш никому да му идеме на гости нели, пошо му влагаме у двор, или ако му гори куќата, никако не смееме да му го нарушиме мирот и да му влеземе во двор. Овде има шпекулации за тоа што точно се случило. Ама ако има соодветни прописи и закони зачување на вакви раси нема да дојде до ова. Според мене,животно напаѓа само кога е во опасност или евентуално ако е гладно. Или пак дури и ништо да му немате направено можеби некој 2 мин пред вас прошол и го испровоцирал. Друго, може да напаѓаат и ако се така дресирани. Исто како што се буните за некој психопат, на пример невоспитано дете кое прави проблеми, дека кикснале родителите, така е и ова,кикснал сопственикот во нешто. Ако треба да се во бокс, треба да се во бокс макар биле и најмилите кучиња на свет. Некако, како да секогаш наоѓаат некои луѓе оправдание за вистинските виновници, па жртвата на карај крива. Детето та детето влегло само. Ко вие никогаш да не сте влегле у туѓ двор. Со тапани и транспаренти влагате. И писмена дозвола заверана на нотар.
јас со големи раси иам боље искуства, него со помали. Другарка има пинч, ама отров куче. Не сте свесни колку е лоша. И они самите викаат дека е лоша. Уште не си влегла кај нејзе дома, вришти ко мислиш ќе ја украдеш. Ѝ пружив рака да ме њушне, ѝ викам јас многу сакам кучиња, не се плаши ела ќе си играме, таа лае ли лае и проба за едниот прст да ме закачи, ама не замерив . Знам дека малите раси не се свесни за својата големина, и затоа толку се силат. Ама поентата ми е дека е до карактерот. Со на другар питовите, абе лежам со нив, јадеме заедно, од рака им давам да ми јадат, таа малата (три год има не е мала баш), ми рипа ме бутка на земја да си играме, ме лиже по фаца. Да сака нешо да ми напраи ќе ми напраи. Е сеа знам и друг пример. Дресер на питбули од овде, остана без пола фаца откако неговиот питбул го касна. Ама, кучињата и коа се тепале за воспитување, се тепале до не знам која возраст, година-година ипол, после тоа памтеле и не реагирале баш добро. И овој неговиов го зашлапал, а би постар од таа возраст, и му рипнал му ја скинал фацата. А ќе речеш дресер на кучиња. Не може ни да ги откостуваат од ќутек, па луѓе шо трпат насилство некад им пука филм и го убиваат насилникот, не па куче
За питбул од тоа што сум читала, можат да, да се многу мирни и мили ама проблемот е што ако се агресивни, ништо не те спасува. Имаат силна вилица и многу добра контрола на вилицата. Баш зашто се креирани да се силни и издржливи во борби. Па ако те гризне, жива сила нема да го натера да те пушти. Наводно при напад од питбул, единствено решение е привремено да изгуби свест кучето зашто инаку од самоодбрана болка само повеќе го лути и нема да пушти.
им се кочи вилицата. Тоа е проблемот со стафорди и питбули. Коа ќе гризнат, им се грчи и не можат да ја опуштат. Овие на другар ми се татко и ќерка, и се имаат фатено за гуша, едвај ги тргнал. Тројца ги влечеле. По гз ги мавале, по глава, дерење, џабе, самата вилица коа ќе се пушти, тогаш и они ќе се пуштат. Ти мавај колку сакаш. Ама се фатиле пошо малава му рипа да го е**. А со луѓе се супер пример затоа викам не треба да се глобализира и да се мрзат сите кучиња. Исто ко со луѓето ја би рекла дека е смарт кид шо знае врата да отвори лол
Глупо ми е да кажам, ама испаѓа као е ако му е кога е невоспитано... Господ нека ми прости за зборовиве... Да, во глобала е во ред дека не смее да се влага на туѓ имот ама сите растевме исто... Некои комшии ни викаа кога саката влезете си играјте, па сме береле овошки, сме пиеле вода... Тој е тој маалски живот.
Абе малку да се обрне внимание на милениците, може секаков проблем да се спречи. Еве ви три примери од Германија кај шо живеам. Сите три личности се германци. 1. Една пријателка има мал раст куче. Секогаш кога идев ме чекаше на врата, не да лае туку ме чекаше и стоеше пред врата и си ја гледаше газдата каков знак ќе и даде. Кога ќе виде дека газдарицата се смее и кучето почнува да се милува, или кога ќе му кажеше да си оди во кревет, правец во кревет. Го шетавме неколку пати во парк и го пуштавме без ланец кога немаше луѓе и деца а кога се појавуваше човек, кучето застануваше, се окопуваше во месро и чекаше оваа да му викне за да дојде кај неа и да го врзе. Многу добро издресирано. 2. Друга прикателка има лабрадор. Не е опасен али е голем. Го шетаме во парк со ланец и ја и викам шо не го пуштиш да шета. Јас тогаш не им ги знаев законите за кучиња. Ми вика, ааа не тука има луѓе може некој да се исплаше па јас да го окркам. Свест на ниво. 3. Маж и жена во куќа чуват три различни големи раси. Вучјак, стафорд и уште едно . Ги чуваа внатре во куќата. Влегов во дворот и го гледам стафордот како рипа на влезната врата што им е од куќата, бидејќи беше со стакло, и им дава знак дека некој доаѓа. Не да лае, туку само рипа. Отворија врата и кучињата се стаписаа кога газдата им кажа да бидат мирни, кога седнавме на маса , чекаа некој да ги викне за да дојдат да се галат. Абе душички, какви мирни беа. Требаше да се извадат надвор да мочат, газдата ги зеде надвор во дворот, значи во дворот не на улица, беше со нив 15 20 мин надвор за да мочат и пак ги пикна внатре. Ми викаше не сжеат надвор сами освен ако не се во бокс. Со малку свест, многу можеме, али немаме свест.
Мене само ме чуди кај луѓе со кучиња како им идат гости ако толку е лесно да те нападне. Кај другарка со лабрадор сум одела и кучево иако неќеше да се гали со други луѓе, никогаш ме немаше нападнато. Во двор им влегувам, ова доаѓа, ме душка и се трга. Толку. Едит Испаѓа ко секој жив што им влегол во куќа на луѓево бил искасан од кучињава.
И јас имам влегувано во дворови кај шо имале големи кучиња ама биле врзани или во бокс. На другарка ми самоједот е во бокс, и кога го шета секогаш кучето има маска. Во Италија на пример кучето дали мало или големо, кучето секогаш е врзано или во бокс ама таму има правила, тука си прават како што сакаат. Дали смееме или не смееме да влагаме во туѓ двор не го менува фактот дека куче секогаш треба да биде врзано, посебно па од овој вид.
Срам да им е на сите што за момент ќе помислат дека детето било виновно! Дете 8 год. Сакам кучиња, чувам, но не во населба со мал милион деца околу. Незнаеш што може да му текне на куче во еден момент. Чуваме слична раса куче но не во сред населба, добро ограден двор плус кучето е во бокс. Смее да се пушти од бокс низ двор додека сме ние таму (тоа е секојдневно). А да, и дресирано си е со тренер со све по ред како што треба. Затоа овие поборнициве за кучињава неможам да ги читам веќе, ми се гади. Зашто вината се префрла само, на најлошото, на дете од 8год. Сега зборувам од улога на родител. Тврдам дека колку и да зборувам на моето дете, сепак толку дозволува степенот на интелектуално ниво на таа возраст.