Сега слушав на вести зборуваше човек кој е експерт за тоа поле, убаво си кажа агресивна раса на куче дури и во двор треба да биде затворено во бокс и кога се шета обавезно поводник и корпа. И мене повраќа од коментарите на поединци обвинуваат дете од 8 години побогу...
Зошто родителите дозволиле детето, 8 години, да се шета по комшии и да влегува во туѓ двор?? Каде биле, не ми е јасно?
Точно Искрено, тоа е елементарно воспитување. Не може да влагаме по туѓи дворови, првично ради вакви дешавки.
Абе океј дете, сака да види, љубопитност. Ама ако идеш на гости детето седи со тебе, не знам зошто би одело само надвор од куќата, особено толку мало. Газдата во негов двор има право каде сака да си го чува кучето, во оваа ситуација одговорноста е на родителите кои треба да си пазат каде им е детето.
Детето не било на гости. Си било дома. Играло во дворот. Како и зашто влегло во соседниот двор не се знае. Премногу непотребни муабети се сега овое, воспитување, едно друго. Сѐ се шпекулации и незнам како се дрзнуваат да пишуваат што барало детето таму а детето веќе починато. Или полесно е така... Да се оправда ситуацијата некако.
На вести пред малку беше кажано дека кучето било во дворот, во бокс, заедно со уште едно помало кученце.
@bicycle Навистина ниту јас не знам, но така рекоа. Воедно разбрав дека детето често си играло со кучињата. Можеби подоцна ќе има поверодостојни информации
Добро и да има бокс. Куче не се чува 24/7 во бокс, секако треба да биде некое време надвор. Од кај знаеш дека не се погодил баш тој момент? Несреќен случај е, ама пак мислам дека најголема одговорност сносат родителите кои го оставиле така.
А да се случи нешто итно? Брза помош, полиција не треба да влезат значи. Или некој комшија за помош. Башка како им иделе општо гости на луѓево? Оти не е само дали детево било покането или непокането. Него што воопшто било таму. Значи дури и да било викнато, дури и да биле и сопственикот и родителите до него, угриз во врат е фатален секако.
Да имам право во мој двор кучето да ми биде пуштено а не во бокс. Ако е за нон стоп затворено во бокс како во затвор ич не го земам да го чувам. Според закон треба на капија/врата да имаш знак "пази куче" а не да го чувам кучето во бокс 24/7.
Знаеш дека боксот можеш да го направиш ако сакаш и колку цел двор. Не значи дека бокс за куче е 2квадрати простор, па нема кај да се движи. И токму тоа и го збориме, ако сакаш да чуваш куче треба да му овозможиш соодветни услови. Оти после ќе викате дека друг е крив. Исто како да ја остаиш колата без рачна на уздолница па таа тргне сама и усмрти некој, сигурно ќе биде крив тој пошо не живее на улицата по која што оди. Сите викате у мој дом шо сакам ќе правам, ама први рипате коа комшии прават журки, или пушат на тараса оти ви влагало внатре, па праеле ручек на тараса итн..
Детето си играло со топка, му паднала и влегло да ја земе. Пошо биле комшии, претпоставувам ова и претходно се случувало. Не очекувало кутрото дека сопственикот ќе ги остави одврзани кучињата во дворот, без надзор. Други прашања имаш?