Па и сопственикот не очекувал дека од нигде никаде ќе му влезе дете. И обратно може истото да се каже. Јас мислам дека е трагичен и несреќен случај, ама со поголема одговорност од страна на родителот.
Еве ве прашувам вас кои вината ја наоѓате во детето и родителите. Сте пробале да се ставите на нивно место? Кој родител не го мисли најдоброто за своето дете? А за детето што и како мислело во моментот е сувишно да се разговара зашто нели потенцираме 8 годишно дете е!!!!
Џабе објаснуваш. Детето е криво, никако кучето. Кај смее дете од 8г до комшии без надзор, прашање итд да оди. Бог да чува
Леле зборувате како детето да е 3 години па кај биле родителите. Дете 8 годишно може само да си огра. Јас разбрав дека таму биле на гости и детето излегло во дворот.
Не извртувај. Никоја не го криви детето. Само се прашуваме каде биле родителите во моментот. Исто и за сопственикот каде бил. Дете не треба да се остава само со туѓи кучиња. Случајов на страна, има родители кои не им мислат добро на своите деца.
Исто така е сувишно да се обвинува и кучето ко божем тоа размислува што праи. Криви се сопствениците на кучето и родителите на детето. Никој не му мислел лошо на детето, но ете, во момент на невнимание се десила трагедија.
Кај мене не смее, иако кучето не ми беше агресивно, иако веќе го нема, почина, не смее. Никој не смее.
И да биле сите на куп, сопственик, родители, пак ќе се десела трагедијава. За угриз за врат секунда е доволна. Не оти кучето познало дали е детето покането или не. А и можело некој гостин поканет да укаса.
Има право. Прочитај си закони. Овој не го правдам, ама каков црн бокс, ланец, не знам што. Кај сакам ќе ми седи на мој имот кучето, должност е да не излезе само од дворот и да имаш знак дека има куче.
Не бе, само кај нас е нормално туку така да си влегуваш во други дворови. Како што кажав, детето е дете, не расудува исто како возрасен, не ме сфаќајте дека ја барав вината во него. Само што, ни сопственикот на кучето не е крив.
Ова реторичко прашање е се надевам. Нема потреба од извичници, ништо не решаваш на тој начин. Родителите се одговорни за своето дете, сопственикот е одговорен за кучињата. Верувам дека многу ситуации би се одбегнале кога возрасните екшли би биле возрасни и би преземале одговорност.
Моето никогаш не било ни врзано, ни во бокс. Во иднина да имам куче исто ќе го чувам. Внатре во куќа и во двор можеше да оди кога сака. Табла на прва капија, табла на втора (на таа и клуч) епа да земам и ограда со струја да ставам. На прашањата назад, не знам, јас како дете не сум влагала во ничиј двор сама, ниту сме останувале сами без надзор искрено.
5 6 7 години Со децата од маало сите си игравме, дали у двор, дали на удолница, жмурка, брканица, топка. Децата на другарка ми се по 6 и 8 години, сами одат кај комшиите, сами одат со другарчиња на школо.
Не е криво детето. Детето е дете, кучето е куче, вината е на возрасните - и тој што одгледувал на диво и родител што пуштил дете без надзор. Жал им е и на тие што доместос дете им испи пред 15тина години, па не е крив доместосот, крив е тој што не читал дека не смее да е на дофат на деца.
Се додека не се случат вакви трагедии. И пак не ви иде памет Агресивно, крволочно куче или одредени раси, законски мора да се чуваат во бокс, а се пуштаат кога имаат надзор. Ама кај нас се проаѓа
Не знам за тоа куче пошто јас колку што знам е на диво одгледувачница, ама не, нема да усмрти куче туку така во миг ниту пак не постои начин да е спречено. Ако чуваш куче точно осеќаш и пред да покаже знаци на вознемиреност, а не па агресија.