Кучето се наоѓало во приватен имот на неговиот сопственик ( двор ) и за неговото чување поседувал соодветна документација. Дворот во кое се чувало кучето бил соодветно ограден но за жал до немилиот настан има дојдено кога детето влегло во дворот. Со оглед дека се работи за сопственик кој поседувал соодветна документација верувам и дека ја исполнето законска обврска за поставување на соодветен знак дека во дворот се наоѓа куче кое важи за опасно Согласно законот за поседување на имот и право на сопственост никој нема право да влезе во дворот на сопственикот без негова претходна согласност или без налог од соодветен орган. Согласно ова родителите се во обврска да им укажат на своите деца на забраната за влегување, доближување до имотот без претходна согласнот на сопственикот во чие владение е тој имот.
Нема закон дека куче во бокс се чува. На перница дома го чував. Не постојат крволочни раси, постојат недресирани кучиња и газди. И да, ако имаш табла и ограда, на своја одговорност влагаш. Нека дозволат ако не струја во ограда да се одбраниме од кој сака да си влага. Јас не сакам, ни живеам во куќа веќе, ама во станов не отварам врата ако некој ѕвони. Тој што му требам ќе се најави. Толку.
Кај беше сопственикот? Куче додека да нападне, тотално знаеш дека е вознемирено. Барем за цел живот со свои и туѓи кучиња, и расни, нерасни, домашни и улични, еднаш не ме гризнало никое.
И да си го чуваш, ти како сопственик ќе си одговараш за последиците. Затоа што не мислите на време како треба, законски.
Законски се' ми беше подмирено. Немаше да одговарам, не смее никој да ти влага дома неповикан. Табла на 2 места, клуч на своја иницијатива. Туку зошто повеќе мозок од комшика имав, затоа клучот беше. Куче е член на семејство, ако не се третира како такво, немајте.
Улично беше ова и не бев јас жртва за среќа. Туку на улица каде ги шетаат без поводник шупрајме? Или на тротоар каде доволно може да ми се доближи. Посебно без поводник, џабе да приметиш дека е нервозно, дур стасаш да го спречиш, бидна белјата. А секој викенд гледам ги шетаат така оти стално сум излезена низ парк или Водно. Се бараше и во јсп да може да се возат. Не знам како во гужва ќе пазиш да не го вознемириш еве.
Никогаш не викајте никогаш. Незнаете во каква состојба може да се најдете. Утре недај боже може вие да бидете на местото ма родителот. И тогаш исто ќе кажете? Каде биле родителите. Незнам дали сте родители сеуште па вака коментирате. Јас моете дете го пазам, следам каде се движи но ете момент е во прашање, секунди...
Мене не ме интересира за твоето куче, овде се работи за 8 годишно дете. Ако ти мислиш дека детево е криво што влегло, јас мислам дека ти не знаеш што животно имаш дома. Вака искрено само гледам со кој го делам воздухов.
Нигде не смее куче без поводник освен во кучешки парк, тоа треба да се казнува, нормално. На тротоар смее да се движи со поводник, нема зошто да не. Во ЈСП кучиња придружници се дозволени, во МЖ исто, и сегде по развиен свет имаш кучиња и мачки во јавен превоз, па и авиони (кабински дел се плаќа) итн.
Ама ако лесно се провоцира а нема како да го избегнам, што тогаш? Оти нели све може да го испровоцира. Или ако е ок дресирано нема да ме нападне нели? Тоа ми беше прашањето
Во двор/авлија во која има животни кои не се мои, не влегувам сама ни ден денес. А кога сум крадела цреши од туѓи дворови на пример, и сум кршела раце, глава, одговарале моите родители, сигурно не црешата.
Не може да ти се сите криви за своја неодговорност. Кого да криват овие што им умре од доместос детето? Дуќанот?
Можиме да дискутираме, да обвинуваме али ова е трагедија. Не можиме да очекуваме дете разумно да рассудува сепак е 8 годишно дете. Според изјавите сопственикот имал соодветна документација, плус на врата ознака, за кај нас не знам дали има закон дека мора во бокс тоа нека кажат правниците. Ова е трагедија за родителите, и за сопственикот сигурно и за него е шок тоа што се случило. Да се надеваме дека во иднина нема да има вакви работи
Ама што ако ми падне саксија од тераса и те удри по глава? Затоа постојат маски, кои се задолжителни секаде, освен во кучешки парк *за конкретни раси За оние што немаат толку силен угриз, тужи си сопственик, ќе добиеш оштета.
А ако претпоставиме, чичко чичко, топката ми летна кај вас во двор, дали може да ми ја дадете или да да ми дозволите да влезам да си ја земам? Може чичино повели, не се плаши од кучињата мирни се. И оп дешавс ова. Шу прајме??? Се фативте со тоа дека влегло на туѓ имот ко да направило масакр. Сериозно, што ако некаде влезеш со дозвола и се деси ова?
Не е криво детето, крив е тој што го пуштил. Ако мислиш на мене, не кажувам прв пат дека кучето ми беше пред цел човечки род, за жал сега починато е. Сите законски и плус регулативи испочитувани ми беа, го бранев од луѓе Во иднина кога ќе преболам малце и ќе имам ново, исто ќе биде, дел од моето семејство. Кој не му чинам... нека не ми иде дома?
Јас можам и змија да чувам дома, ако е легално. Ти ако одлучиш да ги игнорираш моите предупредувања, ти ќе си крива затоа што и покрај тоа што си знаела си се изложила на опасност. Детенцево не може да е виновно, ама ти како возрасна личност да.
Ќе одговара сопственик оти те довел во опасност. Не влегувајте без прашање или ич ако се плашите. Ако не е тука сопственик или знаеш дека човекот лошо го чува животното, не влагај. Искрено не се сеќавам да сум била некаде без да ме викнат, на комшии од кои немам број имав потреба и порака во сандаче оставив.