Знаеш дека дете може да каже дека ќе оди во вц а всушност ќе излезе надвор? Сите можни сценарија ги има, па денес на 8 годишно дете не му треба дозвола за да искочи фаќаат преку врата. Ама алал вера, му се сипавте на детево ко да е криво и што се родило.
Во Европа во вакви случаеви се усмртува кучето а сопственикот се гони кривично за убиство не се остава агресивно куче неврзано да шета низ двор само кај нас ваквите случаеви остануваат неказнето
Да де, затоа како што напишав, а не читаш, на двете капии ставивме клуч. Детенце има родители, мислам од каде идеја дека е ок да отклучува и влага во туѓи дворови, ПОСЕБНО каде што е напишано дека има куче? Родителите каде се? Не може туѓо дете да е моја обврска. Нормално не посакувам никому и да ми е мене ќе го заштитувам, ама мојата обврска чим сум ја испочитувала, зошто другите својата да не си ја почитуваат? На детето ич не му се сипав, напротив, на возрасните - да. Затоа што се виновни.
Заграден простор е ДВОР. Опасно куче се неколку раси. Лабрадор пример не е. Мислиш дека лабрадор не може да усмрти? Јас чував микс од лаб.
Секако е трагедија и сплет на околности кои во конкретниов случај не ги знаеме, само ги претпоставуваме. Де увезени, де од дива одгледувачница, имал табла сопственикот, немал, смееле да шетаат, триста верзии. Не знам зошто мислите дека е неразумно возрасните во вакви или слични ситуации да бидат ултра екстра претпазливи баш затоа што во прашање се животни и деца, кои не можат да се контролираат сами. Не знам искрено што ќе смени ако овде пресудиме кој е "покрив", кога бељата е направена. А за "може чичино мирни се" (што не знаеме дали е случај овде), одговара сопственикот, затоа што во таа хипотетичка ситуација детето побарало дозвола.
Без разлика на раса поголем дел можат да усмртат, можеби малите раси не, али средна и голема раса да, особено дете кое му е во таа висина
Какво усмртување и кривична одговорност кога во законот убаво си стои дека кучето треба да биде во затворен простор, во конкретниот случај било затворено во двор. Но ете од засега непознати причини детето влегло во ограден простор приватен имот.
Не извртувај муабети, плс. Убаво пишува опасни раси, кучево за кое се прави муабет е меѓу најопасните. И да, заграден простор во двор или врзано. Ама ај, читај како ти одговара. Ви се може, оти нит закони се почитуваат, нит ништо Кажуваат и од други држави како е праксата кај нив за вакви кучиња, врзано или во бокс. Само кај нас ги шетаат без маски или ги пуштаат да се истрчаат во паркови со деца
Абе како да немате деца и кучиња дома некои. Знаете дека сопственото дете и сопственото куче, малтезер или бернардинец, не смеете да ги оставате сами? А не па со комшиски кучиња?
Споредуваш цреша со живо суштество? Подобар пример не можеш да дадеш. Црешата сама по себе не може ништо да ти направе, куче може.
Епа тие се љубителите на животни. Мислам ним животните им се пред луѓето. Сакам да ја акцентирам забеганоста де.
Не пишува никаде заграден простор ВО ДВОР. Пишува заграден простор. Двор е заграден простор. Законов на сон го знам Не извртувам ништо, моето не спаѓаше во "опасни", тоа не значи дека не можеше да усмрти. Глупост се опасни и неопасни раси, агресивен лабрадор да те касне нема да те боли помалку од ротвајлер. Не е нормално да идеш неповикан никаде, абе куче да немам можам да те пријавам, мислам еве немам и тотално можам да пријавам, знаеш?
Имам, затоа и зборам. Ако кучето мое направи нешто, јас сум одговорна, не жртвата. Пошо глеам тука детето на клада го ставија
Кучето било во ограден простор ( двор ) што не е запазено од законските регулативи од страна на сопственикот ?
Абе какво дете на клада? Ако твоето дете против моја волја влезе кај мене у двор, ете немам куче, ама не сакам да влага, имам право да не сакам, кој е крив? Јас или ти? Кој е одговорен за каде е твоето дете?