Ти ќе одговараш кривично ако ми провалиш, јас прекршочно ако те искаса моето куче Читам закони, не се секирај. Цела година се едуцирав пред да се решам да земам куче дома. Фала на сугестија сепак...
И во приватен двор кучето треба да биде врзано пошто доста често се случува сопствениците или некој друг вратата од дворот да ја заборави отворена така да не е проблемот овде само што несреќното детенце влегло во друг двор кучето може да биде агресивно и да напаѓа во близина и надвор од дворот и да штити територија и да биди потенцијална опасност за минувачи. Нема тука никакво оправдување во вакви случаеви сопственикот треба да се гони кривично за убиство енде.
Може да ме тужат во граѓанска постапка и да изгубам. Колку и да ти звучи нелогично тоа. Ама, во нашава убава и пренајпрекрасна земја ништо од ова не важи. Бидете спокојни
Ана џабе се инатиш. Законов не е од вчера, пак ти викам, правник не сум, ама ради кучето ги знам на сон сите закони врзани за кучиња. Нема закон да имаш ограден двор, ама закон има ако имаш куче мора да имаш и ограден двор, за да не излезе од дворот. Плус табла на влезот каде што пишува дека имаш куче. Не можеш како сакаш да си толкуваш закон, животот си го посветив на животни, 1000 ситуации знам. Мене ми требаше јас да се заштитам од комшии оти неповикани ми влагаа, а не сакав јас кучето да има интеракција со нив без мене. Него го штитев од луѓе најискрено. Затоа дупло мерки на претпазливост, и тоа што не бара закон од мене правев. Ама нема шанса да врзувам кучиња ни во кафези да затварам, ниту било кој закон од мене тоа го бара. За "опасните раси" е најважно да ги шетаат со маски, во двор СЕКОЕ куче може да те повреди, без оглед како се води расата. Ама ни овде ни никаде каде што има цивилизација, нема врзување на кучиња во закон или боксови. Дворот, соодветно ограден (да не може да излезе) е тоа за што се зборува. Мислам, ако сакаш можам да ти дадам закони и од други земји, ама ни нашиов не те интересира, џабе би било.
На кој закон, член се повикуваш за да го поткрепиш тврдењето дека кучето треба да се чува врзано или во бокс ? Кога јасно е прецизирано дека се чува во затворен простор. Сега доколку на сопственикот му избега или остави он отворена врата може да разговараме за негова одговорност но во конкретниот случај не.
Ги замишљам овие што викаат кучето си брани територија, родителите се криви, како им се дешава нешто слично и викаат а па моја вина е. Значи тука оправаат криви дрини а недај боже нив да им се деси или нема шанси да нив нели пошто ги сакаат поише кучињата и кучињата го ценат тоа.
Ај не туку треси. Те прашав нешто. Кој е крив за детето доместос што испи? А за тоа што падна од прозор при родители дома? Комшиите? Господ?
Сакам да доловам ситуација во која не може црешата и детето да бидат одговорни, кога во прикаската има возрасни старатели, кои одговараат и пред законот. Кучето секако ќе биде успиено, еве сега и од Анима Мунди ќе ги наденеме на колец на плоштад како дежурни кривци и решен проблем. Само вистински одговорните, и морално и пред закон, возрасните, нив ќе ги заборавиме дека постојат.
Кучињата треба да се чуваат во заграден простор и со соодветна табла дека има куче, безразлика дали е пудлица или доберман, заграден простор се мисли на двор, а не на бокс. Јас во мој двор ако соодветно е обезбеден можам да чувам и 10 кучиња пуштени, ако имам соодветна документација, соодветно обележување и соодветно место по сите прописи. Надвор сум должна да го носам на поводник освен во парк за кучиња и ако е агресивно со маска. Во двор никој не смее да влезе макар и дете, не постои одговорност во случај на ваков немил настан ако кучето е чувано по прописи и ако се утврди дека нема беснило. Детето е најмалку криво, никој не го обвинува и ние сме влегувале во туѓи дворови, за жал 8 год дете не може да процени опасност, а и може не очекувал оти ако е комшија ги знае кучињата, може си играло и порано со нив. Се може да биде, за жал ова најверојатно е несреќен случај и одговорноста не може да се префрли на никој освен во случај кучињата да не се чувани по пропис(тогаш да, сопственикот ќе сноси одговорност) Родителите имале доверба ако ги знаеле и сопственикот и кучињата, јас не сметам дека се одговорни, дете си играло на улица, сите ние сме си играле без надзор на улица во маало уште од мали, реално многу ситуации можеле да завршат трагично. Ние имаме 4 кучиња, пудлицата никогаш не е шетана без поводник и секогаш предупредувам ако некој сака да ја погали оти знае да реагира на нагло потези особено од деца, не дозволувам да ја гали никој надвор освен луѓе што ги знае. Другите 3 се лабрадор, питбул мешанка и друго средна раса мешано, што реално не знам што е. Сите 3 имаат соодветна документација, соодветно место за престој и табла на заклучена врата од двор. Лабрадорот е најмирен и на шетање секогаш оди до нас на поводник и не реагира нагло, чека команди, питбулката е куче кое живеело на улица повеќе од 5 год сигурно, знае да биде територијална и поради тоа секогаш кога доаѓаат гости сите три одат внатре, среќа иаме два спрата па ако некои се плаши не ги пуштаме. Ама ако некој реши и покрај таблата и покрај тоа што гледа 3 кучиња во двор, да влезе и притоа биде нападнат јас како сопственик законски нема да сносам одговорност оти сум ги презела сите мерки кучињата да бидат соодветно чувани и посетителите да бидат соодветно известено за постоење на истите. Може не ви одговара ова посебно на оние кои по секоја цена сакате да најдете вина во сите сопственици на кучиња за секој немил настан поврзан со нив, ама тоа е реалноста. Премногу е жален случајов, што и да се случило детето не е виновно, ама ако испадне дека кучињата се соодветно регистрирани и чувани, да ми извините не е ниту сопственикот ниту тие виновни, едноставно несреќен случај со крајно немил крај.
Не се инатам. Законов е двосмислен очигледно, па секој си го толкува како сака. Муабетот со одговорноста на сопственикот на куче ми е следен: Јас како сопственик на куче треба да го издресирам за да на сон не му падне да нападне друг. Просто е. Кучето треба беспоговорно да го слуша сопственикот и неговите наредби да му бидат закон. Добро дресирано и чувано куче никогаш, повторувам, никогаш нема да нападне друг, особено не дете, а да не збориме да нападне за да убие, како што е во случајов. Така што.... одговорноста е на сопствеников. Или намерно е дресирано за да биде агресивно кучето, или не му посветил доволно внимание. Во секој случај виновен е.
Леле аман глупи работи споредуваш. Се знае во тој случај чија е вината. Но сепак е од невнимание на родителот. Дете ко дете незнае што смее што не, не размислува како возрасен. Во конкретниов случај може и родителите биле на 2 мин од детето и за момент не го виделе.
Кучето знае дали си поканета или не? Во Италија и Германија во двор секогаш се врзани, по твоја логика тоа штом е казниво дело требаше до сега сите од Италија и Германија шо се сопственици на кучиња да бидат казнети?
Zosto odma roditelot kriv? Eve ke ti kazam. Tatkoto bil vtora smena na rabota so mojot soprug raboti. Nekes da znaes kakva scena bilo koga mu javile. I ne gi obvinuvajte roditelite bez da znaete, zar nekoj roditel bi posakal li takvo nesto?vie ne ste li roditeli? Ako ne ke bidete eden den pa ke vidite kako e da se bide roditel.