И дома за момент не го виделе, не му сипале доместос во чаша. Дете со причина не е одговорно само за себе.
Бладате вие, врска немате како е кај вас Ви кажа @CameliaMiller дека нема шанси на запад врзани да ви бидат кучињата
А кој е крив ако твое дете испие отров, скокне од прозор, падне од дрво, и милион други ужасни ситуации? Кој? Чија е одговорноста? Никој не посакува ништо лошо на ниедно дете, не туку забегувајте. Ама не се другите криви за нечие невнимание, не туку барајте кривци ако постапиле по закон.
Во банана држава нормално дека нема никакви правни механизми за вакви случаеви во европски држави поконкретно во Словенија пример кучето треба да биде врзано во дворот или во бокс. Кај нас нема никаква одговорност дури и ако газдата ја оставил вратата отворена безброј пати ми се има случено да поминувам покрај некоја куќа и да ми се залета куче од нечиј двор и да ми лае. Сопствениците се доста неодговорни и жално жално што нема адекватни закони да се гонат кривично за вакви случаеви.
Значи на родителот секако ќе му се прости невнимание, без разлика каква е ситуацијата пошто родителот си го сака најдоброто за своето дете, ама на сопственик на кучиња не, он е кучкар и треба да гори во пеколот. Вака аршиниве малце двојни, ама ај.
Се имало соодветно, од заграден двор, документација за кучето, бокс, обележано било дека има куче, кучињата комплетно вакцинирани, изложбени примероци се иначе, ги носеле и по изложби, портата била затворена, малиот прерипал по топка да земе и отишол да го гали кучето, а куче како куче го нападнало, и после веќе знаете што се случило..
Еве следен пат кога ќе одам Италија, баш ќе сликнам и ќе објавам на темава и ќе потсетам какви закони има таму а какви тука. Детето и претходно си играло со кучињата. Што се случило за да дојде до тој напад?
Ако е навистина вака, баш ме интересира како е чувано детево, побогу бокс да им отвори. Свашта. Ич не е криво, ама тие што го чувале, како бе, како.
Куче како куче е глуп одговор на ситуацијата, куче како куче не напаѓа секогаш. Значи ако се било по прописи и правила останува дека е немил настан и несреќен случај и одговорноста не може да се префрли на никој. Жално, ама тоа е тоа, џабе се нафрлате на сите што чуваат кучиња, џукели, анима мунди, чуда и бесови мешате. И за сите кои зборите дека во странство кучињата се чуваат на ланец во двор законски, немате поим што зборите.
Не се родителите криви, зборуваме за дете од 8 години, и да му е кажано понекогаш децата забораваат, не слушаат, делуваат инстинктивно. Тука не станува збор за дете кое карикирам удрило наставник, туку за еден непромислен акт кој го чинел живот, можеби тоа често го правел па не осетило опасност. Сепак малку е болно да се обвини некој што не го познаваме, ниту сме запознаени со неговите воспитни мерки
Не реков дека нема шанси ама ајде ќе си вртиме како сакаме. Нема ЗАКОН што ти вика врзи си го кучето во двор. Нема. И секако дека нема ни да има, дворот е приватна, не јавна сопственост.
Биле со него? Да бараме закони за 8 годишни деца дали смеат без надзор било каде? Или го знаеме одговорот?
Во урбана средина нема приватност, не бладај. Постојат правила кои треба да ги почитуваш. И не можеш да правиш што сакаш. Секако, ова не важи кај нас, биди спокојна
Абе ај најди закон од Германија пример, или Англија, дека дворот е ЈАВНА површина Сакаш јас да барам?
Роднини на несреќното починато осумгодишно дете, кои до смрт беше искасано од домашно куче, за Телма ТВ, раскажале дека детето често си играло со кучето откако пред четири години со неговото семејство се доселиле да живеат во Пинтија. Двете семејства имале одлични меѓусоседски односи, а осумгодишното дете често имало контакти со кучето, се до вчерашниот напад, кој за него бил кобен.
Според твојава логика, ондак моеш дома гол да шеташ во двор пример, оти нели твој двор е. Моеш и музика гласна да пушташ, пошто твое е. Или моеш да палиш оган во дворот и да ги загадуваш комшиите, ама твое е бе, ќе си праиш што си сакаш итн....