Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Напади од кучиња - со причина или без?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Munchmallow20, 2 јануари 2022.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Не ја читам скроз приказнава од почеток, се надоврзувам на последните мислења, не на тоа што си го напишала на почеток.
    Куче + деца на роденден, каква комбинација.Сите свртени околу него и го галеле и тегнеле, 100% сум сигурна.
     
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    17.133
    Пол:
    Женски
    Тригер постои.Пореметување кај кучето.Зборувам конкретно за ова во нашиот случај.Не е мало куче мешавина е од Акита и вучјак.Никогаш не го тормозеле.Кога се случи нападот моето дете беше клекнато на колена и го гледаше.Не го допре не замавна не зборуваше не викаше.Ништо што би го испровоцирало.
    Отпосле решив да истражувам зошто би се случило тоа.Едино што најдов е дека акитите не сакаат мали деца нивниот глас џагор им смета.Буквално им зујат ушите од деца.И пишуваше дека во случај да се решиш да чуваш Акита и мало дете е препорачливо да го земеш од бебе и буквално многу да работиш на нивниот заеднички однос ама и тоа не е гаранција некоја.И дали сега секоја Акита јас треба да ја ставам во ист кош со оваа? Или ајде кажи ми кој бил тригерот злобно го погледнал во моментот?Ај не ме зезај.
    Ако сме биле барем малку криви јас збор тука не би пишала.Не сум своеглава не сум ниту особа што не признава вина.Јас и ден денес се обвинувам себе си што се тоа го видов дозволив и на крај неможев да му помогнам на сопственото дете.Инаку си чуваме куче и го обожаваат.Ниеднаш не ги нападнал ниеднаш не ги гризнал ни при игра.
     
    На kikkki, sunshinebabe, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    17.133
    Пол:
    Женски
    Тоа се деца од 15 год девојки што седеле си разговарале 4 на број немало музика џагор тегнење.Вие кога славите родендени во подрум си ги затварате милениците?
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda и buba4e89 им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Чисто онака, типично животно што никогаш не напаѓа без причина е змија. Ама ај кренете раце колку ви се језиви змиите и страшни.
     
    На MoAna* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Да, кинолог сум и многу повеќе знам за психологијата на кучињата од многумина овде што се тупаат в гради дека сакаат животни, а не седнале ништо да прочитаат пред да земат миленик (куче, мачка, папагал, желка) и после цвичат по интернет мочало, какало, гризело, лаело. Сигурна сум дека има дел во приказнава кој не е напишан или мајката не го знае, можеби дешавка од претходно, движење, што и да е, што го испровоцирало кучето. Прашав дали е игриво дали друг пат си играло со деца, дали трпи деца, нормално не добив одговор.
    На ветеринар можеле да го однесат и ќе го успиеле, не се Лајка и Вардариште надлежни за тоа, ете чим имало и втор напад. Зошто се уште го чуваат ако е сѐ така како што раскажа?
     
    На riba79 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    17.133
    Пол:
    Женски
    Оф извини сум испуштила дел кај што не сум ти одговорила.
    Да игриво е имам слики моите деца со него како си играат и седат.Една недела пред нападот баш се седнати на една количка и така ги сликнав кучето само си се качи кај нив.И не тогаш него од раѓање на детето мое и од раѓање на кучето нивно.Незнам како да ти објаснам блиски сме пола лето кај нив во двор си седиме.Нема нешто што не сум ти кажала некој дел што сум испуштила.Јас пак прашувам што би можело да е тригер.Дали ти за тригер го сметаш ако дете си трчка низ двор без притоа да му смета на кучето???Не лажам не пропуштам ништо цел ден ги пратам децата пред очи ми беа ми беше и кога се случи тоа на нецели два метри.
    И да одат уште две други деца таму значи моиве не се единствени што оделе,одат.И за последното луѓето пак ќе ти кажам беа избезумени вртеа кај што вртеа мислеа дека таму е потребно да свртат за да се успие куче.
     
    На Waverly Raven, Lavender4, sunshinebabe и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.276
    Психологијата на кучињата е комплексна. Цел живот чувам песови. Некои биле "лоши" со екстремни граници, не сакале деца, стари, галење, тормозење. Некои имале висок праг на толеранција. Многу е важно да знае човек како да се однесува, а тоа се чита од движењата, звуците на песот. Понекогаш има тригер кој не може лесно да се прочита од човек. На пример најдобриот пес, што на глава буквално сме му се качувале се случи да го гризне татко ми (не многу). Останавме во шок, за на крај да дознаеме дека тригерот бил комшиката која имала добиено а он сакал да се пари (facepalm) не даде никаков знак, никакво предупредување, само го гризна (односно, ние не прочитавме никаков знак, иако покасно се сетивме дека татко ми сакаше да го врати во бокс, тој се згнал до оградата за да ја мириса кучката и бидејќи тато бил вишок и му пречел го гризнал). Одпосле песот имаше грижа на совест не можеше да се приближи до тато, седеше со спуштен опаш.

    Во однос на улични кучиња, они имаат повеќе дразби со оглед на тоа што повеќето се тепани малтретирани и тригер може да е било што. Важно е да се остане смирен и без реакција додека не се смири. Секоја паника дополнително влошува.

    Во врска со деца, има некои врсти на песови (најчесто малите, тие се најзлобни) не сакаат деца. Има песови како лабрадор, ретривер, кои се одчични дадилки, нежни и внимателни. Од мое искуство, не препорачувам деца да галат песови особено улични, тие може да имаат повеќе тригери и повеќе болести. Ова важи најмногу и за некои определни раси, малине злобни, и големите како ротфајлер, кангал итн.
    Во секој случај има луѓе кои сакаат песови, и луѓе кои не сакаат тоа песот го осеќа. Истото е со мачки (мене ме има бркано мачка, осеќаат дека не ги сакам, се плашам).

    Во секој случај, најбезбедно е туѓите домашни кучиња да се галат додека имаат мрежа на уста, а уличните воопшто да не се галат. Жалосно е што има многу случаеви да се гризнат деца и возрасни, навистина треба многу внимателно да се постапува и од страна на луѓето и од страна на кучињата. Во однос на уличните, стварно треба да се реши тој проблем, греота и за нив гладни жедни, греота и за луѓето ако се случи да нападнат некој. (Тука е голем проблем несовесниот човек што напушта песови на улица, им здосадило да ги чуваат, се спарил песот па малите ги фрлаат и др.)

    @simona_baby многу ми е жал што твоето дете имало таква трауматична случка. Навистина и од страна на човек кој чува куче, и од страна на иден родител, да не знае човек како да изреагира. Јас се надевам дека детето нема да има трајни стравови и трауми кон кучињата и дека нема да има лузни или последици од нападот. Нажалост вакви случки има, и не може компетно да се избегнат. Не значи дека твоето дете направило тригер и е криво, ниту дека кучето е пореметно па нападнало (имало друг тригер од околината, расата и др). Дури може да се случи никогаш повеќе да не изреагира агресивно, дури да има грижа на совест, а може да се однесува и како да не било нипто и пак да сака да се гали со детето. Навистина е комплексно. Само нека нема последици. Апсолутно не се согласувам со тужба кон сопствениците како што предложија горе, сигурна сум дека на луѓето не им било сеедно и дека биле исплашени изненадени од постапката на песот.
     
    Последна измена: 3 јануари 2022
    На Lavender4, sunshinebabe, simona_baby и 4 други им се допаѓа ова.
  8. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за ова што му се случило на твоето детенце и се надевам случкава нема да му остави трауми понатака и целосно ќе заздрави..Ее сеа во врска со агресијата кај кучето и ненадејниот напад врз твоето детенце може да биде и тоа ако кучето не е редовно вакцинирано против беснило која е задолжителна вакцина еднаш годишно а кај некои кучиња и двапати годишно...Твоите пријатели џабе го хранат и се однесуваат добро спрема него ако кучето не се носи редовно на ветеринар и не прима вакцини шансите да стане агресивно и да нападне се големи(ова хипотетички кажано зашто може луѓето си го вакцинираат редовно но ако не може да биде една од причините за таков ненадеен напад).Исто како што и луѓето може да полудат,да им се спојат "жичките" во глава и да нападнат некогаш некој и без причина па им треба помош со лекови така и кај животните е исто во овој случај кучињата за кои постои вакцина против беснило(агресивност)..Но и факт е дека повеќето раси на кучиња не обожаваат мали деца до кај 4 ,5 години зашто децата до таа возраст не разбираат без разлика како ги воспитувате да се однесуваат(повеќето ги штипат и кубат без да видите.Ова го имам видено од лични примери и од мое куче..за среќа но и си го познавам 99 % кучето од расата златен ретривер кои важат за најмирољубиви кучиња и најдобри за со деца кога некое детенце го тегне тоа трпи и е покорно но реално не ужива и ме гледа мене право во очи да изреагирам со некоја команда за да престане ситуацијата особено ако трае подолго зашто децата знаат да бидат напорни ако осетат дека кучето не е агресивно )...Така што за секоја ситуација со кучето одговорност има сопственикот, тоа е живо суштество а не плишано мече секој треба да си го познава кучето што го чува и да им укаже на децата и луѓето до каде треба со него а не" остај го детето нека си игра со моево куче не е агресивно нема шанси да го нападне до сеа не се случило" ,но и те како има големи шанси тоа да се случи ако нонстоп така го претставуваат своето куче ко мирно и дозволуваат секое дете да го малтретира,зашто и тоа е живо суштество и кад тад ќе пукне и ќе настрада некое дете но тоа не се случува наеднаш туку кучето подолг период собирало и трпело.
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, simona_baby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. holanola

    holanola Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2022
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Koga veke zboruvate za kucinja da prasam
    Zosto koga go galam moeto kuce sekogas navednuva glavata , retko da me pogledne vo oci ,duri i ako mu ispravam glavata da me gleda i ceskam pod usite ili vratot pak izbegnuva da me gleda
    najveke saka po stomak da go galam ili da mi drzi rakata vo usta ama dosega ne me kasnalo
     
    Последна измена: 3 јануари 2022
  10. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Обожавам кучиња и чувам цел живот.
    Ама во одредени случаи едноставно нема оправдување. Којзнае дали исто вака ќе ги браните ако и вас на улица рандом куче ви се стрча да ве напаѓа.
    Два пати животот ми се скрати, ме нападнаа од чиста мира.
    Првиот пат беше кога бев мала, метро и жилет идев накај школо сабајле. Кучево од соседната улица го пуштаа така само да се моча и одеднаш коа ми се стрча почна секаде да ме гризе, да ми лае, 'ржи, у еден момент се исправи и беше повисоко од мене не можев никако да мрднам.

    Сакам кучиња ама никогаш не би можела слепо да ги бранам затоа што имам осетено на своја кожа како е да си нападнат без причина.
     
    На Konfetka, Leviosa2503, Billy Idol и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Јас по не знам кој пат ќе кажам.
    Не беше улично, не го вознемирував, не му влегов у двор или дома. Тоа истрча од двор на улица. Значи госпоџата тука треба да си преземе одговорност. Се знае дека куче надвор од твој дом не смее да се шета слободно, не знам што не е јасно.
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, Camille84 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.093
    Допаѓања:
    55.827
    Пол:
    Женски
    Јас скроз мислам дека кучињата осеќаат лоши луѓе, е сеа не мора баш за тоа да нападнат. Има повеќе причини зошто можат да нападнат ко: глад, територија, има кучка што се пари, нешто ги провоцира некако (иако за нас можеби изгледа глупо), неудобно им е во ситуацијата во која се, претходно се тепани од некого, во глутница ако се поголеми се шансите да нападнат бидејќи таков им е инстиктот, но никогаш куче не напаѓа без причина.
    Никогаш нема некое куче да си речи "Еј ене ја Амели сеа за инает ќе ја каснам". Не...

    Иако никогаш во животот куче не ме каснало, само 2-3 пати ми се стрчале по точак. Сум сретнала и такви кои се позатворени и поагресивни, но сметам дека добро умеам да ги читам нивните знаци и знам кога треба да се доближам а кога не. Јас обично воопшто немам страв, но разбирам дека луѓе имаат, а кучињата ептен осеќаат страв и тоа им го "пали" инстинктот за плен, особено ако почните да бегате од него и најособено ако се повеќе.

    И никој тука не е крив, едноставно животни се, така функционираат. Има раси што се поагресивни и што се помирни. Иако некогаш и најмирното куче знае да се одбрани со касање ако има нешто што му пречи.
    Битно е да се едуцираат луѓето околу нив и како да им пристапат или како да постапат во ситуација кога има агресивно куче/кучиња.
     
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    40.042
    Пол:
    Машки
    Криви за секој напад на куче се сопствениците на кучето кои не превземале ништо, или не соодветно го чуваат кучето. Како во случајов, газдарицата го пуштила кучето на улица и не направила ништо кога видела дека е агресивно и пробува да нападне.
    За уличните кучиња, си е крив секако градот. Па во случај на напад, градските власти се тие кои вршат обештетување.

    Кучето е и одговорност. Не е само да земеш, и да го чуваш од што ти е ќејф, па кога ќе ти здосади, пушти го на улица нека трча.
    Не е за секое лице да чува куче, дефинитивно. И, ако сакаме да напредуваме како општество, и да се приближиме до европските вредности, мора да се бара поголема одговорност од сопствениците на кучињата и да се стави некој ред за да немаме овакви ситуации како што имаме.
     
    На burthdaykake, piglet1, Konfetka и 18 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Место да шетате кучиња, фатете раѓајте и деца шетајте!

    *boomer edition :D
     
    На Camille84, Angie1432, minne992 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    И така, ниеден лош збор за газдарицата, сите кон нападнатите.
    Океј. Се надевам и вие вака не ги пуштате слободно да шетаат. Оти има земји каде ако кучето еден чекор ти направи надвор од твој имот без тебе и поводник, дебели казни се плаќаат. Исто и за несобирање измет од куче.
    Ако се навратите на мојот прв пост, ќе видите дека гневот ми е кон неа упатен највеќе. Без разлика на раса, мало или големо куче, или мирно и немирно, таму каде што не е твој простор го шеташ ти и со поводник. Ако ти истрча од двор и нападне некој онака рандом, одиш и го тргаш и човечки се извинуваш. Е толку е едноставно.
    Во спротивно си идиот. Да, идиот. Сори нот сори.
    Ми се случило игриво кутре да ми се стрча и не ми било проблем. И замисли не му паднала круната на сопственикот да притрча и да се извини, иако кучето само сакало да си игра.
     
    На noteforself, Lavender4, sunshinebabe и 5 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
  17. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.045
    Пол:
    Женски
    Јас чував женка гер овчар, можам да пишувам доста навтемава ама ме мрзи, само шо дојдов од работа.

    Сакав само да ти испратам подршка, дете уште немам ама желудникот и мене ми се преврте од твојава случка.

    Не си ја мачи душичката, да бараш кривица во твоето мало дете, едноставно се случило.

    Еве јас сметам дека тригер било тоа што твоето детенце упорно го гледало во очи кучето без да трепне. Незнам дали знаеш тоа кај кучињата е предизвик, кој прв ќе трепне или сврти поглед - се покорува на другиот. Твоето дете е мало и кучето го знае тоа, нема да попушти.
    Затоа ти велам, не се објаснувај многу, да не си скориваш јадови само.... Тригер случки еден куп.

    Совет до твоите роднини, мешани кучиња од силни/територијални раси, никогаш повеќе да не земаат.
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, Ljubova и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    За кучето секогаш има причина, тригер за да нападне, иако ние луѓето некогаш тоа не можеме да го разбереме. Човек како што станува агресивен со причина, така и животните, макар било и нешто банално.
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не мора да значи.
    Кучиња ме бркале во глутница кога живеев Битола.
    Како сум трчала низ снегот, умрев од страв.
    Ништо агресивно не направив, напротив, си одев дома најнормално.
     
    На burthdaykake, Waverly Raven, lovestoneddd и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Не може од чиста мира да им текне нив да нападнат, туку ние не можеме секогаш да разбереме зошто и си мислиме дека е без причина. А има нешто, не може да нема.
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.