Па затоа не идеш во туѓ двор, што не е јасно? Има врска, дете само без возрасен не смее да биде бе луѓе.
Моментално вести на телевизија и пак кажаа дека инцидентот се случил во боксот, во дворот. Односно, таму сопственикот ги затекнал и кучињата и детето. Верувам има камери и можеби ќе утврдат што точно се случило. Едноставно е трагедија. Никој не посакувал вакво нешто.
Смее! Пред зграда, на улица, во парк со другарчиња.. Смее и те како. Полошо за детето е цело време да е под надзор на родител.
Никој не смее да влегува во имот кој не е негова сопственост без претходна согласност од сопственикот на тој имот или без налог за влез издаден од ОЈО, СУД и тн , што не е јасно до оведе ? Да се испочитувало се до сега споменато немало да дојде до ваква трагедија.
Тешко на родителите што изгубиле дете,тешко и на сопствениците на кучето ,тешко е да живееш со оваа случка. Мислам дека кучето бидејки било доста старо(12) имало некоја дегенеративна болест,изгубен осет,њух.вид,слух и затоа нападнало.
Ок. Не постојат опасни кучиња. Измислувам јас. Одговараш во граѓанска постапка и може да те тужат ако твоето куче изгризе некого. Без разлика каде се случил настанот. Не измислувам јас ништо, ти кажувам како е праксата. Кучето треба да е под твој надзор постојано, а ако не е возможно тоа, треба да е врзно или во бокс, така се спречуваат вакви случки. Ама ај, бладам јас, врска неам. Се инаетам. За нашава држава ништо не ми е чудно, ама дури и тука со судствово никакво, родителиве на детето ако решат, може да го тужат приватно сопственикот (доколку обвинителството утврди дека нема прекршено никаков закон за да се гони кривично) и да добијат пресуда во нивна корист. И ова не е измислица, прашај било кој правник кој малку од малку се разбира, истото ќе ти го каже. За цивилизираните држави ти кажаа и други како е праксата, ама ти се инаетиш и тресеш небулози. Само кај нас може кој што сака да си прави во неговиот приватен двор или стан или куќа, во останатиот свет имаш одговорност кон тие околу тебе и околината, пошо нели, не живееш во пустина, туку во урбана средина. Просто е, како да ти кажам.
Епа ете што има врска, се случил несреќен случај кој никој не го поскаувал и за кој никој нема одговорност. Едноставно не влегуваш во туѓ двор без дозвола, во туѓ имот, ако ние сме го правеле како деца и ако го правиме сега како возрасни не значи дека е правилно и дека сопственикот на тој двор ќе биде одговорен ако нешто ми се случи. Ако пример јас решам да се качам на дрво и берам цреши и паднам и скршам глава, дали сопственикот е одговорен што јас сум решила во негов двор да берам цреши, не. Глуп пример ама тоа е. Пак ќе речам според мене вина во случајов нема никој, крајно немил настан за сите.
Леле Камелијо. Знаеме да, затоа и такви реакции има. Кучето е агресивна и опасна раса. Во нормални држави такви кучиња се чуваат во бокс, а кога се пуштени се исклучиво под надзор. Надвор од дворот смеат само на подводник и со маска. Несреќен случај е, не велам дека некој сакал ова да се случи. Ниту родителите, ниту сопственикот, а уште помалку пак детето. Ама ете, можеби е чувано и по сите протоколи, па мал момент на непромисленост ќе доведе до ваква трагедија. И да, имам куче. Одговорна сум за истото и целосно ќе си ги сносам последиците ако се случи моето куче да нападне. А е премиерно, па сепак, секогаш на подводник. Кога го галат деца јас се симнувам доле до кучето и секогаш мојата рака му е на главчето. Бољи спречити, него лечити.
Децата се опфатени во законите, т.е. нивните родители/старатели. Баш затоа што се деца и имаат потреба од надзор. И дома и секаде. Не идеализирајте, на страна кучево. И тоа пиење средства, и бесење преку прозор, и многу, многу ситуации има што дете не е свесно за опасност, затоа нели, некој е одговорен за него.
Пред некои години, куче си го касна сопственикот. Едвај човекот спаси глава да не остане инвалид. Кој беше крив тогаш? @CameliaMiller?