Не може да се најават, едноставно не може некој да поместува термини затоа што не си дома или не можеш во моментот, секој си има планер и тоа е тоа.
И никој не го обвинува детето, ама баш никој. Ама изземање на возрасниот од одговорност, извини. Да беше лабрадор кучево, исто ќе беше, не е тоа поентата. Не е ни до кучето. Може шипки и алат и канал имам во двор. Ако пропадне и скрши врат, пак јас крива? Абе секој својот двор нека го гледа. За своја непромисленост не може друг да е крив.
Да, може, очигледно водовод се најавуваа, до пред цц 2 години. Ако имаш знак нема да влезат, едноставно е. Ќе ти се најават поштенски ако немаат како поинаку.
Ако биле во "комуникација" постојано кучињата (јас па разбрав дека биле две и дека детето си играло со нив, дека имале да речам таква слобода) со детето, во такви околности веројатно и возрасен не би размислувал за последиците, и такви трагедии не се реткост, куче да си го нападне сопственикот. Страшно.
Не знам за односнот меѓу сопственикот и кучето, мада како некој што 30+ години повеќе е со кучиња него луѓе, ни еднаш каснат, ќе претпоставам (не тврдам) сопственикот. Апсолутно не секој треба да чува куче. Не е рипка во аквариум, треба да знаеш како. Куче недресирано, несоцијализирано, може да нападне без провокација. Чисто да доловам, често одам во Лајка, има еден куп кучиња што не смеат да се вратат на улица оти се пријавени за каснување. Со 10-15 кучиња наеднаш се галам и гушкам, доста од нив обележани агресивни. Ама социјализацијата и работата си го прави своето.
Никој не го обвинува детето, ама за своја непромисленост не е друг крив. Не гледаш која контрадикторност ја напиша? Кој ги иззема возрасните од одговорност, освен ти? Сопственикот не е дете колку што знам, па да го изземеш од одговорност. И не споредувај неспоредливи работи жити се. Пошо види, можам и јас со твојот аргумент. Се деси несреќен случај тука кај мене скоро, двајца другари, ради грешка на едниот кој непромислено, по грешка кликнал погрешно копче во багер, целиот товар паднал над главата на другиот. Кој е крив, тој што починал и бил под товарот или тој што несакајќи го испуштил товарот и го убил другарчето и сега е во затвор. Скроз вака звучиш.
Не знам како може да не размислуваат. Кучето го имавме од кога сестра ми имаше 5, до нејзина 18та година. Па сигурно до 12 не беа без надзор. Моите имаа куче кога јас се родив. Па и тие знаеа дека не може сама со нашето куче да ме оставаат. Комон сенс е.
Мислам прв бан ќе ми биде ама ако. Дали сте бе токму неколку членки овде? Ај погледнете ги вестите и слушајте го човекон кој се разбира стручно за разлика од вас што кажа за ситуацијава. Агресивна раса на куче и во двор треба да биде затворена во бокс. За да се шета треба маска и поводник. Упорно и упорно ќењате ко што кажа Бриџа. Намалете малце никој не мрази кучиња јас бар не ама вашите мислења се граничат со налудничавост. Колку и да сакам кучиња нема да ги ставам пред човечки живот.
Точно, на форумот сите се стручњаци што се знаат. Никој не сакал тоа да се случи. Детето му верувало на кучето, се познавале, си играле заедно и тоа е. Еве ви доказ дека не треба да се верува на животни
И јас чувам куче, го сакам повеќе од се на светов. Ама кога се чуваат кучиња, мора да сме свесни и совесни, како за добробитта на кучето, така и за предизвиците што си ги носи истото. Куче може да се дресира да биде лепотица и да биде чувар. Ако се дресира да е чувар, мора да ги слуша сите команди цело време, без исклучок. И секако треба да се внимава каков сопственик, каква раса зема. Цел живот сум со кучиња, отприлика знам како реагираат, каков карактер имаат, како се однесуваат и слично. За некои раси сеуште ми е страв да ги чувам, не оти кучињата се опасни, туку затоа што јас не знам како со нив. Обожавам питбули, добермани, ротвалјер сакам следното куче да ми е, ама ако го земам, прво јас да сум сигурна дека ќе можам да го чувам, за да ни биде убаво на двајцата. И најголемите професионалци имаат раси што ги препорачуваат за first time owners и раси кои не се добри за неискусни луѓе. Куче да се чува на ланец е нехумано и неетички. Така има поголема шанса да стане агресивно. Многу ме нервираат луѓе што несовесно чуваат кучиња. Или ќе ги земат од помодарство и после акни го на ланец. Ако не си спремен тоа куче да го сакаш и пазиш со цело срце, подобро не го земај. Или пак се максимално неедуцирани, кога ќе ги видам како за на reels и тик ток јачаат чивави и пинчови ми доаѓа да ги треснам. Нажалост мислам дека се има случено трагедија. Куче на 12 години има изгубено осет, детето уз игра влегло таму и толку било. Никој не е крив. Едноставно трагедија. Не е виновно дете на 8 години, тоа нема памет како возрасен. Не се виновни ни родителите, дете не можеш да го допазиш, дури и под кристално ѕвоно. Газдата не е виновен, освен ако не го тренирал за борби кучето. Тогаш е апсолутно виновен.
Родителска непромисленост, не на детето. По кој пат? Возрасни изземени од одговорност овде се родителите, не може дете само да иде никаде. Ни со сопствено куче дома само да седи. Споредуваш на работа ситуација, за тоа сносиме сите кривична одговорност, врска нема со приватен имот и закони околу истиот.
Ае конечно ме разбра. Не треба да се верува на животни, никој тоа не го кажа и се надевам никој не практикува таков степен доверба.
Да, пошо на приватен имот смееш да чуваш агресивно куче, каде што знаеш дека ти доаѓаат деца, јер нели Македонија е тоа. Не смееш ниту на приватен имот, нешто што знаеш дека може да им наштети на другите. Жити се, дете од 8 години како бе не смее само? Малата моја е 8 години и не и дишам во врати не одам со неа кај комшиките со кои си игра. Ги знае правилата и апсолутно не верувам дека би ги прекршила. Ама пак, дете е. Тука скоро сите имаат кучиња, моите деца често идат кај другарки со кучиња. Не сум јас со нив, ама се газдите на кучињата тука. Истиот случај е и кога доаѓаат кај мене.
Баш пред пола саат детево 3 години ми излета на улица. Живеам на улица шибаат ко ненормални постојано им кажувам дека на улица сами не смеат ни да помислат. Отварам капија значи на улица излегувам дирек држам дете за рака ми се отпушта за секунда дур му кажам на поголемиот да стои зошто идеа коли. Истрчува на улица тргнувам по него и почнувам да го карам зошто се исплашив...но сепак има само 3 години и колку и јас да му зборам тој некогаш ќе направи вака..како викаат на мало дете и на животно не можеш да веруваш. Не можеш да очекуваш да знае разбре точно каков ризик има ако така истрча на улица.
Па тоа го објаснувам дека детево не било под надзор на НИ ЕДЕН ВОЗРАСЕН, зарем ги пушташ сами без ничие присуство? Нема врска имало немало куче, општо, дали проверуваш дека некој возрасен ги надгледува?
@KateKane Како бе никој не е крив, трагедија била? @CameliaMiller Родителите биле криви, здравје ќе имаш дете може ќе си чукнеш во главата тогаш какви глупости си пишувала. 8 годишно дете е трето одделение. Ако не можеш во двор да го пуштиш само да си игра да не му се случи нешто тогаш си опсесивна мајка. Никој не бил крив, се случува...свашта.
Тоа и го зборувам. Затоа 16 очи. Во ситуацијава е куче, може дупка да има за цевки, или како што е сега случај, се менува ел. инсталација и има канал. Ако дојде и падне, кој ќе е крив? Детето сигурно нема, јас уште помалку, посебно ако немам поима дека е тука.
Ама ти не ме разбра мене. Упорно се обвинуваат родителите на детето. Детето е 8г и не можеш да му дишеш во врат и да не го пуштеш надвор само макар и до комшии. Дај малку реално зборите
Во свој двор. Не туѓ. Еве ти мене кажи ми, куче нема, канал има. Ако пропадне и скрши врат, кој е крив?