Остај ти тоа што кажуваат стручњаците Луци ни кажа како е во законот, Каме исто за тоа дрви цело време т.е за нејзината интерпретација на законот. Така што.... стручњаците може го*на да јадат покрај толку експерти овде
Па ете било во бокс според стручњакот што го спомнувате. И? Влегло во бокс. Пак е газдава крив? Ај жити се', глупоштии.
Па кучето било во бокс, не знам што повеќе од затворен двор и затворено во бокс. Да не можам мачка, куче, папагал или било што да чувам само зошто има деца во околина? Не ве разбирам, никој не го криви детето, ама факт е дека родителите требале да бидат таму или да знаат барем детето што прави. Доаѓаме до степен да ставаме табли на шоља за мочање како се користи. Престрашно и прежално.
Не е оградено, мал канал има, ЕВН си го направија. Мајка бараш да пуштиш дете тука. Бај д веј, ниту е посакувано.
Ако е на улица општината е крива или Евн во случајов. Зимно време ако има мраз и некој се слизне и скрши рака, нога...ако е пред дуќан газдата е крив, ако е пред двор исто ако е на државно тогаш општината. Зошто секој треба да си го чисти снегот пред својот имот.
Ти, пошто треба да ти е заградена и означена дупката и да земеш во предвид дека луѓе може да настрадаат. Ако знаеш дека ти доаѓа поштар или дементен дедо се шета по маало ќе направиш дупка со шипки внатре и нема да пробаш да заштитиш? Мислам дека добар адвокат и те како ќе те најде крива.
Не ми влагајте во двор. Не сакам. Јасно е назначено на капија, а и во станов каде што живеам, дека строго на домофон одговарам. Не влегувај, седи си кај тебе, јас не сакам непоканети и немаш никакво право да влезеш. Законски.
Збориме реално, јас имам дете и шанса нема да ја пуштам да шеткара по маало во денешно време на 8 години, како може да сте такви не ве разбирам, не сфаќате колку се времињата променети? Дете исчезна во село со 5 жители пред две години, значи го снема во рок од саат време сред бел ден, и вие уште мислите дека ок да лабавите, а децата надвор да се сами?
Боксот затворен ли бил? Пошо отворен бокс е исто како слободно да шета по двор. Друго, цело време дрвиш детето влегло неповикано, каде се родителите, итн... Според сознанијата што излегоа, луѓето биле први комшии, детето пораснало со кучето, значи слободно одело на гости кај нив и претпоставувам било добредојдено. Зошто и како кучево нападнало, не знаеме, ама... одговорноста е секогаш кај сопственикот. Особено што во близина имало деца, а кучето не му било заклучено. Освен нели ако детево не го отклучило боксот некако, па да биде несреќен случај. Не верувам дека сопственикот сакал ова да се случи, меѓутоа одговорност мора да има, за да во иднина се редуцираат ваквите случки. И строги казни, а не 15 евра. Смешки!!!
А што ако некој остаил алати или ископал дупка во својот двор? Има многу опасни работи по дворови, едноставно треба да се поучуваат децата да не влегуваат сами. Сè и сешто може да се деси! А чувате куче? Е што ако де, нема проблем, може комшиите секира имаат оставено или машина за сечење плочки, стварно нема потреба од надзор. Па ако во куче не може да се има доверба, тоа е причина број 1 да го учат детето во никој случај да не влегува само таму кај што знаат дека има куче.
Мислам дека јас ќе најдам крив за провала. При 2 капии, клуч, знак.. не е влезено несакајќи, провала е.
Жално е навистина тоа што се случи но се работи за несреќен случај. Доколку сопственикот на кучињата ги имал превземено потребните мерки, одговорност неможе да сноси. Ако некој во зоолошка градина се прекачи кај лавот дали тие од зоолошката би одговарале кога ќе го убие? Секако дека нема. Ни родителите не се виновни, дете неможе да се чува под стаклено ѕвоно а земајќи го во предвид фактот што биле блиски и често детето си играло со кучињата, вакво нешто никој неможел да предвиди. Нема поента да се расправаме кој бил виновен, се погодил лош сплет на околности кој за жал заврши на најлош можен начин.
Ако не сакаш кучето да го чуваш под ланец или во бокс чувај си го дома не да ја загрозуваш безбедноста на луѓето наоколу чувам и јас куче и имаме огромен двор но кучето си седи дома со нас не испуштено во двор. И по стотти пат ќе речам што ако некој ја остави вратата отворена и кучето почне да напаѓа и надвор случајни минувачи што не е така редок случај пак ли жртвата ќе биде крива или сопственикот што е неодговорен а и не мора да е неодговорен врата секому може да му се случи да ја остави отворена. Затоа макар и во приватен двор кучето треба да биде врзано или во бокс или ако не сакате да ви биде врзано ќе си го чувате дома
Пак да те прашам. Во стан чуваш куче. Го оставаш само со детето или не? Ако не, тогаш зошто побогу би го оставила со било чие туѓо, колку и да се знаат?
Нема грешка, провала, Америка е ова. Дете провалило во твојот двор и настрадало оти ти дупки си копаш низ двор.
https://telma.com.mk/2023/04/12/nep...a-chie-bebe-pochina-vo-bitolska-ginekologija/ Мала дигресија од дискусијава. Ајмо ќе пљукаме сеа на раат по гинекологот?