Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Напади од кучиња - со причина или без?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Munchmallow20, 2 јануари 2022.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.773
    Допаѓања:
    24.141
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека тоа е измислица дека било во бокс, како ќе го убиело детето ако е во бокс?? Хм?? Еднаш викат две големи кучиња, после големо и мало, после едно... чим газдата ги чувал тие скапи кучиња, ќе биде средена таа работа , ќе се фрле некој денар и детето ќе биде криво...
     
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.628
    Допаѓања:
    21.792
    Замисли да пријавиш, некој да чуе, па некој будала да му го отруе и после ти си крив зашто си пријавил место да ќутиш. Оти увек е така, тоа што пријавуваме им давало поттик на трујачите и затоа поарно да не сме кревале фама.
     
    На Tinaaa и Осе им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.145
    Абе за тебе е крив. За закон ќе видиме.
    За мене е крив тој што треспаса. Секогаш.

    Никому не посакувам лошо, ама нема зошто да бара кај мене дома, на мој заграден имот, неповикан.

    Тебе може да не ти се свиѓа, твој проблем.

    Овде сите колективно се криви, и родители и сопственик што им било ок да оставаат дете само со кучиња.

    Субјективно ги изземаш родителите од одговорност, ама да, за малолетно дете посебно помладо од 14 години, точно е утврдено дека не смее само без возрасно лице со него.
     
    На Herrera, violetblue, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.145
    Ќе се потресе ако се пријавува.
    Ако се ќути сигурно нема.

    Последава година дена Лајка одговара на неколку вакви повици во посредство на АХВ, одземаат кучиња.

    Ни АХВ ни Лајка не постојат за луѓе, за животни се платени.

    На АХВ тоа им е работа, а не жени, мажи, итн.
     
    На Luciferka и Polyincognito им се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Па се мислев да пријавам. Ама ете не ги пријавив. Да има закони како пто треба можеби,али вака не
    Инаку да ние испаднавме виновни дека некако сме ги испровоцирале.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.145
    Следен пат пријави во АХВ. Не трчале само по тебе, и по други исто. Се' дур ги галиме, нема да работат, нормално.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.145
    Ај ај.
    Ако пријавиш ти, АХВ ќе излезе.
    Не комшии во покољ ебаго.
     
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.628
    Допаѓања:
    21.792
    Абе ќе се чуе некако можда. За посериозни случаи ете во медиуми пишуваат.
    За другото лошо прочитав и избришав постот.
    Ама има и трујачи нели?
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.145
    ЈАС на свој ризик.
    Мислам дека доволно знам за "јазикот" на кучињата, не ми е страв воопшто.
    Не викам на никој да прави што и јас. Мене не ме нападнало куче никогаш, од илјадници, ти велам во Лајка со пријавени за каснување се гушкам и ете не ме напаѓаат, ама пак - на моја одговорност.
     
    На cresa-jagoda, Herrera, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Нема да има следен пат надевам се оти од тогаш веќе не шетам низ населбава. И во центар ми е страв од уличните, а многу ги има особено кај што работам. Со страв одам. Кога нема кој да се погриже така ќе биде
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.478
    Пол:
    Женски
    Ако е вистина дека детето ја прескокнало оградата а кучињата биле во бокс и детето го нашле во бокс тогаш не знам како ги кривите кучињата.
    На влезна врата имало ознака ПАЗИ КУЧЕ, кучето било ВО БОКС, детето само влегло на туѓ посед и да не зборам во личен простор на кучињата тогаш во никој случај газдата на кучињата не е за кривење, бидејќи тие делуваат по истинкт и се територијални, детето во моментот бил натрапник (без разлика за неговата намера, не знаат да читаат мисли).

    Не е детето криво, не е ни газдата крив ако тој ги затворил во бокс и ставил предупредување „пази куче“.

    Родителите се криви што овие работи ги немаат разграничено и го немаат научено детето на опасности, а и во моментот не гледале каде е и што прави, не го заштитиле.

    Нема врска што кучето го познавало детето, т.е има врска само тоа што детето наивно влегло така на туѓ посед, не размислувајќи на последиците.

    Не е кучето крволочно, ни изгладнето затоа што тој не го гледал детето како храна, туку инстинктивно делувало да си ја заштити територијата. Тие немаат свест, нема врска расата, има врска само тоа што тоа куче било толку силно што дошло до смртни последици. И пудлица исто би изреагирала, и малтезер, и бишон само што тие немаат толкава сила да нанесат вакви последици.

    Ова е ужасна трагедија, и ве разбирам. За дете се работи, пристрасни сме сите.
    Лути сме, како можело да се случи ваква трагедија, ама ако веќе барате кривица бидете реални.
    Дете е, 8 години имало, не може критички да размислува, затоа се тука НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ да го учат и да го пазат, а детето замина ради родителска неодговорност и ноншалантност, а и кучето ќе умре (и да не го успијат, некој ќе го отруе).

    Нека почива во мир дете мило.
     
    На cresa-jagoda, sweet-cherry, l0vekim и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.108
    Допаѓања:
    179.447
    Пол:
    Женски
    8 годишно дете затвори очи, на таков брутален и ужасен начин, родители се завиени во црно на Велигден и цел живот ќе живеат со товар и болка, овде при здрава свест дебати се водат, па докажувања дека родителите биле криви. Исусе Христе!

    Од муабетов може само да се заклучи дека кога ќе имате 8 годишни ќе ги чувате на поводник како и милениците. Туку ај, ќе дојде ден да имате, па ќе праиме муабет и тогаш.

    Да, кучето е криво. Сопственикот на кучето е крив. Куче што било арно, ама после тоа нападнало и сите “изненаџени”, само го потврдува фактот дека во Македонија до одлична документација за се и сешто се стасува многу лесно. И да имало проблеми со вид и слух ради старост, требало соодветно да се следи.

    Законот е многу непрецизен и конфузен и поради тоа може секој како сака да го толкува. А најмногу во прилог им оди на сопствениците на кучиња, баш поради фактот што веќе беше неколку пати спомнат, илегалните бизниси во кои сите се вмешани.

    Кур ми е двор ми е според правото е до таму да не повредува туѓо право. За кучиња што важат за агресивни потребни се и дополнителни безбедносни мерки и секој совесен сопственик ќе ги преземе макар не биле ни во закон оти првенствено тоа го правиш за себе, за своето куче и да не носиш можен грев понатака.


    Пред една недела бевме излезени со колега на маж ми и жена му, Германци. Сеа скоро им беше одземен питбулот. Овде тоа важи за агресивна раса и за да можеш да го задржиш се прават посебни тестирања во полиција за да се провери дали кучето е агресивно. Кучето иначе пораснато дома со тодлерче од 1 година, без никаков знак на агресија. Ама откако го провериле во полиција им било одземено. Според тестирањето во полиција откако нели го провоцирале, мислам и глушец ќе пукнел на крај и ќе пролаел, ама тука не оставаат да помине ни најмал можен ризик за во иднина. Е кај нас од друга страна за секој напад од куче се оправдува со тоа дека ти некако незнаејќи, несакајќи вака така си го испровоцирал, ама од старост е, ама друг го провоцирал, ама арно си беше до сеа… е ама не е така. Има и земји каде оправдување од типот - сигурно било испровоцирано, не поминува ни под разно. И не треба и не смее. И јас не знаев додуше до скоро. Куче што напаѓа се смета за агресивно и нема простор за изговори и оправдувања, сопственици на куче што напаѓа/нападнало одговараат за постапките на миленикот, енде.
     
    На Harper, mal.ecka, elenaa0805 и 26 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.145
    Сопственикот е крив што и на него му било ок деца без надзор да му седат со кучињата, не било прв пат детево да си игра таму.

    Што го прави неодговорен од аспект дека дозволувал такво дружење.

    Чивава или питбул, мачор или папагал, деца и животни без надзор не се оставаат, за сечија безбедност.

    @Yowannty не на поводници, ама не е ок без надзор, не е ок. Никој не сакал да дојде до ова, секое куче може да биде опасно, па и секое животно. Ти барем чуваше дома животно, верувам не оставаше на совеста на животното да не повреди дете.

    Сопственикот е крив што и на него не му било јасно (а тоа се посебни идиоти) дека не може да спие на тоа уво "ама мирно е".

    Од аспект на сопственик не сум дозволила никое дете да остане само со кучето, ако и дома со дете беше, и мачка и еднаш немаше покажано знак на агресија. Не е важно.

    Ни по закон не мораше маска, па носеше меѓу народ кога шетавме, за "подобро да спречиш". Ни тој имаше прилика да нападне ако дојде до тоа, ни па да му ја мислам дали ќе се отруе.

    За мои деца немам, знам како сум јас воспитувана и за сестра ми бев дел од се' тоа, влагање по туѓи дворови; ПОСЕБНО затворена капија, а не па прекачување - не било ок.

    Детево не е ништо виновно, имало амин да оди кај кучињата од сите возрасни инволвирани.
     
    На mal.ecka, cresa-jagoda, ZAHRA и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
  15. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    12.239
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller и јас имам куче, мала раса, чувано со голема љубов, буквално како дете, во кревет спие со мене, и се согласувам со тебе, ниту еднаш не сум го оставила сама со дете, имам внука 2 години, секогаш кога е присутна она јас максимално пазам, и со деца кои сакаат да го погалат ќе го кренам во раце и дури тогаш им дозволувам, сепак е куче, а голем дел од сопствениците се неодговорни
     
    На ZAHRA, nextredstyle и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.145
    Се. И тоа страшно ме нервира.
    Без оглед што душа врапче имаше, и си умре со душа врапче без зрнце агресија, на улица оставав да го галат деца АМА јас на кратко поводник и пазење како се однесува. Обожаваше деца посебно, ама без оглед на тоа, животно е.

    Иначе Германија ги има едни од најдобрите закони и за заштита на животни и за заштита од животни, во вукојебинава можеме како сакаме да се понашаме со нив и да се чудиме зошто се агресивни. Пример, и да имаш бокс не смее да седи повеќе од 2 часа кучето во бокс, ни на балкон. И да го врзеш во двор треба да обезбедиш 5х5 или 5х6 метри за слободно движење.

    И ред други закони што се офтопик, ама камо да сме Германија со закони за животни.
    Ќе цветаме.
     
    На cresa-jagoda, tanjaaa, ZAHRA и 2 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.145
    Нема, нема ни да има.
    За да стигнеш да се занимаваш со раси, прво треба да се знае кој точно смее да создава потомство.

    Пошто почнавме за Германија, сите кучиња мора да се стерилизирани, освен регистрирани одгледувачници.

    Овде јас бишон, ти бишон, ај бишони ќе правиме.

    И глутници нормално.
     
    На cresa-jagoda, ZAHRA и Just.do.it им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.131
    Пол:
    Женски
    Кога се случила несреќава односно додека детево се префрлало преку оградата на боксот ,сопственикот на кучињата бил тука?
    Ако бил и дозволил да се префрли кај кучињата е крив.
    Ако не бил ,нема да бараат одговорност бидејки кучињата биле затворени во бокс,не шетале низ двор.
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.145
    Бил дома/внатре.
    Детето имало амин и комшиите да влагаат, си живееле убаво.
     
    На ZAHRA и Cosmi им се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.628
    Допаѓања:
    21.792
    Мене па ме чуди од кај детето да има клуч од боксот.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.