Не му треба клуч, кучиња со клучеви не знаат да ракуваат. Надворешна брава со жлебче најчесто ставаат на боксовите. Така што, само човек може да отвори. 8 годишно дете може. И не смее да се чува куче под клуч инаку, т.е. да нема простор да се спасува себе (соба без прозор, бокс со катанец). Ако така прават, не смее. Има право кучето да си го спасува животот при неволја (поплава пример).
Жлебот е далеку поедноставен за разбивање од било која брава. Едит: без оглед, и да е во бокс, ни кај нас не смее да е постојано, само овде никој не се занимава со одговорно сопствеништво, а сите проблеми баш од таму произлегуваат.
Чекај, ја не сфатив дали кучето ќе го разбие жлебот или некој човек. Оти ако може кучето, тогаш може и во нормални услови да го разбие. Затоа прашувам, како би се спасило само себе тогаш.
@CameliaMiller јас знам дека човекот не бил дома, кога дошол дома ја затекнал случката. @Yowannty очигледно ја негираш природата на кучињата. Ако влезеш во море и ајкула те касне, зарем ајкулата е крива? Боже боже.. Eдит: Дај боже еден ден и јас да имам дете па никогаш нема да му дозволам да упаднува во туѓи дворови и да чепка по туѓи боксови ќе го учам да поштува граници и да се прилагоди према животните кои немаат свест, за разлика од нас што имаме.
Да му отвори врата од бокс, да го пушти од ланец, да скрши прозор. Значи било кој да може да го ослободи да се спасува.
Бил или не бил, законски се заштитил тоа не е спорно. Спорно е што по сите приказни од фамилијава на детево испаѓа дека и на него му било ок детето да седи само со животните. Ај што родителите не знаеле, тој морал да знае подобро.
Сигурно дека да бил внатре и да го слушнал детето како вика и плаче, ќе искочел да му помогне, тоа дете врискало, плачело.. Кучињата си ги слушаат газдите, колку и да е бесно, ако те смета за авторитетен и доминантен, малку да викнеш, ќе се смири.. Не бил дома очигледно, а малиот сам си направил се, сам си ја барал бељата..
Можно е, се согласувам дека да бил тука најверојатно немало да заврши фатално. Детето не си ја барало бељата, ем дете, ем му било дозволено.
Па реално, прескокнување на ограда, одење кај кучињата во боксот, тие дури ни пуштени не биле во двор, малиот кај нив отишол сам, сам отворил.. Претпоставувам дека ова на сликата е боксот за кучињата, што не е баш мал простор..
Пак се вртиме во круг и како и да вртиш се гледа чива е вината, аама луѓето разбирливо се пристрасни и потресени од ситуацијата и џабе е. Се согласувам дека има кај сопственикот вина ако тој без негов надзор дозволувал деца да играат со кучињата. Тука многу работи можат да тргнат наопаку, а за жал се случило најстрашното.
Комшијата и родителите биле ок да си игра сам со кучињата. Детето никако не е виновно, имало дозвола од сите, што е многу погрешно. Секогаш е виновен возрасен и свесен. Овде сите инволвирани возрасни заборавиле дека ни дете, ни куче не се смета свесно за своите постапки.
Доколку вистина биле исполнети сите услови, мислам дефинитивно е несреќен случај, резултат на детска љубопитност. Жалосно, ќерка ми има 7 години, сеуште ми е целосно под надзор, затоа што колку и да ја учам, верувам дека некогаш детската љубопитност и неукост може да доведе до опасност. Колку и да зборуваме и да се учиме, секогаш ќе постои веројатноста да не ме послуша за нешто и да проба да ги испита границите. Може му било забрането на детето, може му кажувале да пази, ама дете ко дете, не разлислило моментално. Прежално, срцето ми се кини, за греотичка. Лесна му земја.
Тогаш е страшна трагедија за сите. Имам салонско домашно куче и да ми се случи ова не би можела да живеам понатаму. Ова е мој најголем страв иако моето има 5 кг. Не можам да го осудам дека е виновен сопственикот. Кучињата не трчале слободно низ двор. Затворени биле. Не биле борени,социјализирани биле штом биле наградувани на изложби. Останува вина што чувал потенцијално опасна раси. Дали му било дозволувано на детето да влегува од сопствениците и родителите дали самоиницијативно си влегло, веќе и не е важно. Еден детски живот загубен и зацрнети две фамилии.
А тигри чување дозволено е? Стрижена, бричена. Во село имам пораснато, секоја куќа со шарпланинец за чување овци, вакво нешто во живот немам чуено. Ама па немам чуено ни деца со оружје да си играат, ко што се дешава по америките сега. Све бесно, и луѓе и животињи