Шарпланинецот има работа и поента, чување на толкаво куче затворено не е паметна идеја никогаш и со право забрането по цивилизиран свет. Ама тоа е друга тема.
Се убаво си пишувате, ама едно заборавате: Кучево го нападнало детето со цел да го убие, не да заштити територија! Тука кој е крив? Детето, родителите? Или сопственикот? Пошо он одговара за кучето, никој друг!!! И пак да повторам (за секој случај, може и ќе ви влезе во глава) куче кога гризе за врат, го прави тоа за да убие. Значи е убиец!!!
Па некој кажа дека не е убиец? Уби дете. Од сеедно што е тоа што го испровоцирало, не се важни причините. Кучето немало историја на агресивност, да покажувало агресија не верувам дека лабаво ќе се поставеле родителите и сопственикот. Сите сме потенцијални убијци. Сите животни се. Сите возрасни се криви. Ни детето ни кучето не се сметаат за свесни битија за своите постапки. Иначе ќе гласаа, нели. Мислам пуфката дома што е најмила на свет може да нападне, и да немаш поима зошто. Сакаш тоа да се случи? Секако си одговорна ако не преземеш мерки предвидени, ама ако нема историја на агресија, не значи дека нема утре да нападне.
Баш напротив, оваа раса не се вбројува во опасни за околината. Сепак, колку што прочитав кучето било возрасно (12-тина години), што за голема раса на кучиња се смета веќе за ризична оти може да забега во умот и стопанот да го искасапи. Нејсе, секој има право да чува каква раса сака дома, добермани, питбули итн., но со кој памет само мало дете е оставено да влегува во такви куќи. Јас имам средна раса на куче, па го има братучед ми каснато, не пак некој комшија или рандом човек да ми влези дома. Ко шо напиша и некој погоре и чивава може да те нападне, ама нема да е со овие катастрофални последици. И многу поголема е веројатноста куче да нападне дете, него возрасен човек оти децата понаивно пристапуваат кон куче, побрзо и поагресивно им приоѓаат и овие стануваат уште понапнати. Дали воопшто ова го размисли пред да пишеш, кучето било убиец ајде на суд да го однесиме да му судиме ко на човек што велиш? Нормално дека брани територија, не му е во ген да те нападне за да те убие ОСВЕН ако ти како сопственик не го спремаш за борби и убивање на луѓе. Пуштање на мало дете само во двор со кучиња кои што бранат територија е како ставање мала срна во кафез заедно со лавови. И возрасен некој да влезеше таму, истиов крај ќе го имаше. Малце колку за заклучок: ако видиш на врата знак ‘пази куче’ што мајка бараш да влегуваш внатре? А за сопственикот што велиш дека ќе одговарал, ако е дозволено тој може и жирафа да чува во двор, хиена или нилски коњ- што бараме ние во двор кај него да му влегуваме и да се ставаме во ризик? Штета за детето, за родителите, за овој сопственик и за кучето. Никој од овие ќе нема нормален живот после ова.
Аман уште се расправате за кучето.. Знаете кој е крив? Државата.системот. Во нормални држави вакви раси се забранети, ама во ваква распадната држава се е дозволено. Што ќе зборуваме за кучево, кога имаше случаеви каде тигарчиња чуваат, онаа инфлунсерката чува змија.. Ја незнам следно што е мечка некој да земе да чува.. Колку болни умови има во толку мал квадрат ми е страв. Не ми е јасно која е потребата да чуваш такви раси ? Освен ако не ги расплодува и бори, зошто знаеме какво е човечкото око ненаситно, се за пари. Многу сакам животни и ги ранам уличните, ама ептен ми е страв од таквите раси и сметам дека треба да бидат забранети зошто имаат инстинкт и да убијат. Но стојам на ставот дека најголемо зло што чекори на земјата е човекот!
Мастиф не се смета за опасна раса, опасна раса генерално е зависно од земјата, но мастиф не е никаде, освен Франција, сметан за опасен. Раса која (во Европа) најчесто е банирана или посебни услови требаат, е американски питбул териер. Ако одиме по земји, почесто нашиот шарпланинец се смета за опасен. Италија воопшто нема листа на банирани раси (имаше во минатото). Германија има 4 раси; мастиф не е меѓу нив.
Реално е опасна бидејќи физички е силна и доста голема. Има доста вакви раси што се чуваат кај нас, а би требало да бидат забранети.
Ако отидеш и му влезеш на лавот во живеалиште во зоолошка и он те нападне и убие, ти си виновна, лавот е виновен или државата што не забранила во зоолошка да има лав?
Тебе може да ти изгледа опасно, ама очигледно на вистинските стручњаци по Европа, не процениле дека таа раса има агресивни црти. Ако збориме за големина, бернардинец е поголем од мастиф, па не е никаде сметан за опасна раса или баниран. Во Исланд мислам (не ме фаќај за збор, треба да проверам) германски овчар се смета за опасен; а по цела Европа (и свет) се најчесто користени работни кучиња и општо миленици, бидејќи се едни од полесните раси за дресирање. Постојат кинолози (Гиевски "стручњакот" не е кинолог) чија работа е токму тоа, а не на мене што ми личи опасно. Змии скоро секаде се дозволени со посебни услови (отстранети жлезди за отров; пример, и не сите змии).
Кучето не може да е криво ако било затворено и ако има знак "пази куче". Јас имам млад ретривер, уште е премлад и неверојатно дружелив со сите животни и луѓе. Јанѕа ме фаќа кока сакаат деца да си играат со него. Одма кажувам дека не е агресивен ама сигурно ќе скокне, ќе изгребе, ќе повреди. И никако без надзор. Крене дете да скака, кчето ентузијастично по него, дете паничи уште повеќе и повеќе мавта со рацете да престане, куче само се сили затоа што или мисли дека дете се игра со него или дека го напаѓа и така доаѓа до такви ситуации. Да, родителите никако не требало да дозволат да отиде детето само кај кучињата. Ни сопственикот не смеел да дозволи никој да влезе ај кучињата без надзор. Што ако се територијални и ја чуваат куќата, пак се кучињата криви? Не знам, обожавам животни, ама дефинитивно пазам кога и како приоѓам до куче затоа што секој си го чува кучето по негов терк и да го учиш кучето да нападне секој кој ти влезе во двор непоканет не е незаконски, ни во Македонија, па ни никаде.
Има едни луѓе вработени на англиски се викаат зоокипери, чија што работа е освен да ги ранат животните , да се грижат и за нивната безбедност во случајов да го спречат тоа. Инаку друг ми беше муабетот .
Е да де, па пак се случува по свет "да падне" дете. Пред некоја година имаше таков настан. Се' повеќе е јасно дека расите не се "опасни", опасни се сопствениците на кучињата. Секое куче може да биде опасно, најневиниот ретривер замисли го, да, и тој е посилен од 8 годишно дете. Небитно е што куче чуваш, туку да си свесен дека не смееш никого да изложуваш на ризик, не постои "ама мирно е". Мирно е, ама не знае да каже ако надразнето, го боли заб или стомак или нешто 16то.
A да не заборавиме и децата ко деца некогаш знаат да претераат во игра со куче, да потегнат за опаш, или да направат нагли движења кои би се примиле како опасност од страна на животно. Јас моите дури ги научив дека кучката не е плишано мече, и треба со почит и внимателно со неа, ехехеее... и до ден денес сами со неа не ги оставам иако е премирна и се грижи за нив ко мајка да им е, ги проверува, ќерка ми дури не влези во училиште преку оградата ја прати, земјторесот јак кога беше од сета паника кај нив прво истрча во собата кај што спиеа и во креветот им се пикна. Значи и на сето тоа пак нема шанси да ги оставам во соба сами со неа затворени, или да не ги пратам да не ја удрат, да не ја згазнат, да не ја истегнат... Се што е, мора да е пред мене, пред мои очи, секоја игра или дружба со неа. И по улици, деца ако ја галат, двете четири ги отворам, се гали со исте, ама од кај да знам што може тригер да биде. Агресивна не сум ја видела никогаш до сега, ама верба 100% немам сепак.
Тоа и го зборувам. Првото куче на моите беше постаро од мене, сестра ми имаше 5 години кога го земавме другото, јас 18. Никогаш не седеше сама со него, до добри 12 години. Од таа причина и кога давав рандом деца да го галат носеше маска и на скроз кратко го држев, не мора да касне, доволно е да го здоболи и да се потргне нагло и да бутне дете, да се повреди. Јас не знам дали дома децата имаат куче и дали знаат како со него, ама чим веќе дозволувам да го допираат, должна сум да ги заштитам, а и него. Се случувало на рандом дете да покажувам како да го гали на пример. Дома ми доаѓаат децата од пријатели, немам куче, ама мачори имам, што не се најбезопасни суштества. На сите деца им е дозволено да ги галат и да си играат ама кога ми се очите во нив, посебно па помали дечиња, тодлери. Малце треба за беља, а сигурно не оставам на совест и свест на мачорот да не изгребе, ни па на дете да не повлече за опаш, искубе итн.
БАНИРАНИ се четири, еве ти 2 извора Постои посебни услови за други раси, НО НЕ СЕ БАНИРАНИ. https://petraveller.com.au/blog/banned-breeds-in-germany
Возрасен (и родител и сопственик) мора да врши надзор над малолетник оти се големи шансите да биде од играчка плачка. И да нема животно, постојат и други опасности. Неодговорност води до трагедии. Ни една страна не треба да се правда и изземе од одговорност.