Ирелевантно е како е по други земји кога дома немаш таква листа. Релевантно може да е кога покрај тој факт како совесен сопственик преземеш поголеми безбедносни мерки. На пример, не чуваш такво куче, не дозволуваш други деца да се вртат околу и особено ако и самиот имаш деца. Оти детето редовно си влагало таму и се било во ред се додека не било. Затоа се кучињата непредвидливи и не смее 100% да им се верува.
Зборам за конкретниот случај. А за уличните тие па најмалку се криви што се таму кај што се. И не, не е убаво со страв да шеташ ама за тоа треба да се впери прстот во мизерната ни власт и така
Значи збориме за Дете! Дете кое редовно одело таму. Што значи ако одиш редовно на некое место сигурно не очекуваш да те пукаат, па и да не си дете. Споредбата е ужасно глупава.
Не, тебе ти е аргументот глуп. Не е битно дали е дете или возрасен човек, подеднакво е жално секако. Амаа детето дома треба да се научи дека едно е да се иде на гости, а друго е да се прескокнува ограда и влегува на туѓ имот кога нема никој присутен дома.. уште помалку да се отклучува бокс со кучиња. Како и да е, ова е несреќен случај и нема што тука некој да мудрува какви кучиња требало или не требало да се чува, па уште и сопственикот да одговарал. Муабетов ќе имаше друга димензија доколку кучето усмртеше крадци, тогаш ќе се апелираше да се чуваат вакви раси на кучиња заради поголема безбедност.
Дресерите даваат такви совети како. Па ирелевантно е де,затоа е небитно кој кучиња се банирани во која држава во Германија. Во нашата немаме листа на банирани кучиња,како што немаат ни многу други, а и како што гледаме е нелогична,во една држава дозволени во друга банирани. Чекај сега ти повторно го обвинуваш сопственикот. За што е крив? Што ја чувал расава на куче која е кај нас дозволена? Што не го спречил детето да се качи и префрли во боксот? Па не бил дома. Кучињата биле затворени. Можеби кога претходно влегувало било под надзор и од родителите и од сопственикот. Сега влегло и се качило само. Зошто не се сигурни 100% тоа дете не смеело да биде таму. Ова е несреќен случај.
Дај ти се молам. Пример имаш комшивка која секој ден ти иде на гости. Од каде ќе знае дали ти си дома или не си. Секој ден доаѓала на гости никуму ништо, после 10 години кучето ја убива. И ти сакаш да ми кажеш дека ти нема да чувствуваш никаква одговорност??? Шо мајка барала што дошла на гости ќе речеш?
Стварно се чудиш зошто во твое свето титово време ‘немало’ вакви случаеви или иронично е пишано? Нормално дека ‘немало’ вакви случаеви зошто немало како прво интернет и олку лесна достапност на информации и случувања кај нас и во светот, денес се се дознава за најкратко време од сообраќајки, операции, напади, убиства …. Титово време било убаво зошто системот ќе каже што ќе протече во јавност, што ќе се пласира до широката маса а што ќе се уништи.
Тоа дете гарант не ја прескокнало таа порта прв пат. И сигурно до вчера се гушкале со тоа куче. Туку ај .. А комшивката сигурно нема да ти ја прескокне оградата туку фино ќе си ја отвори, и ќе си влезе. Затоа што ти е комшивка и со неа си делела се. Па си дала за дозвола да си влезе. Може помислила лошо ти е или нешто ти се случило... И без разлика како било, сепак тоа дете/таа комшивка е убиена од твоето куче. И на крај, ако сопственикот нема емпатија, па што да очекуваме од кучето.
Мислам се трудам да ти објаснам ама не вродува со плод. Едно е емпатија, што сигурно секој би ја имал а сосема друго е кривична одговорност. Во овој случај СОПСТВЕНИКОТ НЕ Е КРИВ И НЕМА ПОТРЕБА ДА ОДГОВАРА ПРЕД ЗАКОН. Заради општа безбедност има поставено ограда, ознака и ги чува кучињата во бокс, не шетаат слободно низ двор. Значи се е правилно направено, впрочем многу поправилно од мнозинството што чуваат кучиња.
Јас да сум сопственикот ќе инсистирам да одговарам пред законот. И ќе барам соодветна казна, затоа што моето куче, моето дете, усмртило човек. Тоа е разликата помеѓу мене и тебе. И тоа е она што ти не го разбираш.
Ама што повеќе од тоа дека цел живот ќе има грижа на совест?Зарем си мислите дека му е гајле и сеедно.Којзнае во колкав шок се луѓето.
Значи креираш хипотетички ситуации во недостаток на аргументи. Прифати го фактот дека е несреќен случај и ако имаш дете, контролирај крилцата колку високо да се креват за да не доаѓа повеќе до вакви несакани ситуации.
И ако сите родители размислуваат дека детето може да нарушува туѓа приватност секогаш и секаде, тешко да не правиме муабет повторно на вакви теми. Ама секогаш се наоѓа оправдувања кога се потфрлува како родител нели?!
Не @Cosmi комшијава мој Волвганг го кривам. Каков црн несреќен случај. Несреќа е да те гризне или изгреба уз игра. Да ти зарива заби и каса по глава дур те убие не е несреќа. И да, сопственикот е одговорен за својот миленик. Ќе видиме истражувањето што ќе покаже. Можеби нема кривична одговорност да има, оти Законот гледаме каков е, ама граѓанска одговорност и те како има, за душевна болка поради загуба на блиско лице, си има надомест на штета таму. Одговорност на сопственикот постои и тоа е факт. Само колкава одговорност е пропишана во нашите закони ќе видиме.
И јас како родител, прво и единствено ќе се окривувам самата себе доживотно за мојот неуспех да го научам и исконтролирам детето кога требало, а не комшијата и неговото куче или што и да чува таму. Зашто секој може во сопствен двор да чува што сака а не секаде смее моето дете да прескокнува огради.
Човек, детево прескокнало ограда, влегло во бокс на кучиња. Не е ова развивање самосталност, жално е многу, ама е баш муабетот зошто 16 очи. Никако не е криво, дете е, плус му било сето ова дозволено според се' што изјавено е до сега. Запрепастена сум како на толку возрасни им било нормално да оставаат дете со животно само, свое или туѓо, не мислам дека би можела такво нешто. Немам доверба ни во дете ни во куче толкава. Не фан факт, тоа е што зборам, кучето е животно, кучешка психологија не е парапсихологија, ама нема потреба сите да ја знаат, туку тие што решиле да чуваат куче. Се' што напиша знам, и така треба да биде. Како што напишав порано Германија е пример за заштита на кучиња и заштита од кучиња. Пример, Германија има опција да шеташ куче без поводник кај што нема луѓе, а ако сакаш без поводник кај што има, посебен тренинг и школо и дозвола е. Доста ги имам читано германските (не по држави, него за цела земја заеднички) закони за кучиња, пак ќе речам, камо среќа 50% да беше така тука.
Нема, имал законски се' обележано, кучињата во бокс биле. Единствено ако нелегално размножувал, нема друга законска вина. Емотивна, он си знае.