Напади од кучиња - со причина или без?

Discussion in 'Општи дискусии' started by Munchmallow20, Jan 2, 2022.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,979
    Да де, што укажува на генералната несвесност и неедуцираност прво на тој што ги има кучињава и дозволувал да влегува детето непокането, второ на родителите што истово им било ок.

    Не може дете редовно бре да седи со ничие куче само, па ни сопственото, што ви е луѓе?
     
  2. A94

    A94 Истакнат член

    Joined:
    Dec 25, 2020
    Messages:
    653
    Likes Received:
    1,689
    Gender:
    Female
    Во ниеден момент не се побара одговорност кај родителите, а за постапките на 8 годишно дете тие можеби се највиновни и то.
     
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,422
    Likes Received:
    90,727
    Gender:
    Female
    Може да бара и доживотна казна за себе.
    Но и тоа нема да помогне да ја тргне грижата на совест што неговото куче убило дете.
    Да не си му во кожа.
    @Yowannty
    Да, несреќен случај е,трагедија.
    Ама објасни ми еве глупа сум , како сопственикот на кучињата има вина што детето ја прескокнало оградата и влегло во боксот?
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,979
    Јас реков овде не можам да речам дека кривично било кој е крив, овој запазил се' законски, мајкава во свој двор пуштила 8 годишно дете.

    Имале луѓето блиски контакти, детево имало куче дома, со истово куче 4 години се гушкало.

    Само е несреќа што на сите за памет мора да им служи.
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,295
    Likes Received:
    259,301
    Случајот е невидена трагедија. Не верувам дека на сопственикот му е сеедно затоа што негово куче уби дете. Затоа што е негово тогаш одговорноста е негова. Знаел и бил свесен дека секој може да влезе кај кучињата, ама не направил ништо за да ги заштити. Боксот требало да биде безбеден и да не може било кој да го отворе. Особено не дете.
    Кога знаеш дека влегуваат, а чуваш и одгледуваш опасна раса на кучиња, тогаш мораш да си претпазлив.
    Детето нема вина, немаат ни родителите оти детето играло во двор и отишло да си ја земе топката од кај комшијата. Детето е УБИЕНО од кучето. Кучето имало намера да го убие. И за тоа сопственикот требал да знае. Затоа и има одговорност. Негово милениче е.

    Знаете што е всушност проблемот? И во овој случај, и за родилката. Што немаме јасни закони, или што не се почитуваат. Што се е башибузук. Што се тера како да е Диви запад. Ништо не функционира, нема ред, нема ништо. И секој ден нова трагедија. За жал.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,979
    Извини Јуле, ама не смее да биде заклучено кучето на начин на кој не може друг да го ослободи при неволја.

    Мислам нема земја во светов, цивилизирана, кај што е ок 24 часа во кафез да чуваш куче.

    Пошто ја земавме Германија за пример, таму не смееш повеќе од 2 часа затворено да седи и да имаш кафез.

    Или ако ти е на ланец 6x5 непречен простор. Знаеш колку е тоа нели?

    За ваква ситуација никаде нема да одговараш, дури и да немало бокс затоа што бокс се смета за суровост ако е на подолго време така, човек ограда, табла, се' обележано, ај како да чуваш куче на сопствен имот?

    Да не зборам што конкретното куче имало 12 години и одело по изложби, за да иде на изложби мора да е дресирано, не примаат невоспитани и агресивни кучиња.

    Не влагајте во туѓи дворови, колку и да сте блиски, не пипајте туѓи кучиња макар најмирни на свет да се ако сопственикот не е тука. Да, секое куче, и пудла и вучјак ќе брани територија, затоа ти треба сопственикот за да му укаже дека е ок.


    Детево влегло во бокс, и доаѓаме на она што првично пред години го напишав, дека јас капија внатрешна заклучив пошто кучето си го бранев од непоканети комшии.

    И каква црна топка, влегло да си игра со кучињата пошто тоа му било дозволувано порано.

    Извини, ама не сум должна, никој не е должен да ти создава специјални услови затоа што не можеш да се контролираш.

    Не е улица, не е зграда, туѓ заграден двор е со недвосмислено ставен знак да не влегуваш.

    Не влегувај и не давај на деца да влегуваат. Комон сенс е.
     
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,953
    Likes Received:
    36,972
    Gender:
    Female
    Друг и беше муабетот на Биле, не извртувај муабети.
    Во титово време не шетаа глутници на секој чекор како сега. Знам, пошо живеев во тоа време.

    Само во убавава наша секој може да чува што сака. И не само тоа, туку луѓево се убедени дека тоа е нормално и во тексашки стил се спремни да си ја бранат територијата!!! И после зошто кучиња убиваат луѓе? Од вакви сопственици кои мислат дека се им е дозволено, какви кучиња ќе излезат, што мислите?
     
    Lianna Anna and Biljarkata like this.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,295
    Likes Received:
    259,301
    Како прво, куче што бране територија не убива. Ова го гризнува точно на место кај што веднаш умира.
    Сопственикот ДОЗВОЛУВАЛ да му влегуваат во дворот и да си играат. Со кој памет, кога треба да е свесен за евентуалната опасност од страна на кучињата. Не бил дома, значи кучињата требало да бидат затворени на начин што не може дете да отвори. Морал да обезбеди безбедни услови штом функционира на начин да секој еден може да влезе во дворот.
    Сме чувале куче во бокс во двор. Јас кога бев дете не можев да го отворам боксот оти си имаше клуч.

    Реков, трагедија е, но сопственикот си има одговорност оти кучето е негово и тој е одговорен за истото. Оти кучето нема деловна способност сам да одговара. Кучето уби дете, ДЕТЕ.
     
    Lianna Anna, ZAHRA, Yowannty and 3 others like this.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2018
    Messages:
    4,734
    Likes Received:
    13,593
    Gender:
    Female
    Сопственикот нема никаква одговорност според мене, ни морална ни кривична, бидејќи си имал обележано со знак и слика од кучето, пази куче, кучињата не биле пуштени ни во двор, туку во заграден двор во бокс биле ставени, што значи човекот ја елиминирал секоја можност кучињата на било кој начин да повредат некого па дури и крадец кој би влегол во двор, и во случајов кучињата не биле во функција на чувари, бидејќи за чувари мора да бидат во двор слободни, овие биле во заграден двор во двор во бокс ставени, значи не можеле ни во двор да искачат ако некој не ги пушти а не пак на улица..
     
    cresa-jagoda and A94 like this.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,454
    Likes Received:
    25,105
    Ако се чудиш и ти смета што некој комшија чува според тебе опасно куче, зошто би му идел воопшто на гости? И би го носел и детето на гости да си игра со опасното куче? Зошто би му создавал таква навика?

    И како е океј дете да прескокнува огради, па може врат да си скрши прескокнувајќи. Да, не можеш да го пазиш 24/7 што прави, ама не можеш ни да го правдаш као, шо има везе...
     
  11. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Joined:
    May 17, 2015
    Messages:
    1,146
    Likes Received:
    14,447
    Gender:
    Female
    Најпрво, детенцето нека почива во мир. Жално ;(
    Какви се не коментари се изначитав по социјални мрежи :puke: Неколку работи само, не гледам одговорност кај сопственикот бидејќи соодветно си имал обележано дека има куче, плус кучето не било на улица туку на приватен имот. Ете кучето било шампион по изложби, значи не се работи за агресивно, запоставено куче. Но, но, во природата на секое куче е да ја брани својата територија особено кога не се дома сопствениците, независно дали секој ден има контакт и си игра со некој од страна. Сето ова особено ако некој ја прескокне оградата. Од искуство кажувам дека и со качулка на глава да е некој што кучето веќе го знае, може да реагира поинаку од вообичаено од причина што гледа закана и опасност да му се загрози територијата или безбедноста негова и на сопственикот. Не дај Боже пак некој да те удри или да проба да те нападне, колку и да е мирољубиво ќе му се нафрли бидејќи сака да те заштити. Тоа е во нивниот инстинкт, верноста. Некои пишуваа дека детето секојдневно имало контакт со кучето и се е ок, ама сигурно тоа било под надзор на сопственикот, на родителите... Не знам. Но најверојатно несреќата се случила бидејќи детето ја прескокнало оградата. Кучето видело потенцијална закана во тоа и нападнало. И не, не го окривувам детето оти тоа не може да расудува на начин на кој што ние расудуваме оти е сепак мало. Ама во секој случај доволно возрасно за да знае дека не може да си игра само, без надзор со куче кое што не е негово и дека кога нема никој дома кај комшиите не се влегува со прескокнување ограда макар и топка да ти паднала. Ама дете, не можеш секогаш да предвидиш што ќе направи и дека секогаш ќе се придржува до правилата. Од друга страна и родителите требало да имаат предвид се ова и да внимаваат повеќе. Колку што прочитав, сопственикот го нашол детето и повикал брза помош, значи дотогаш никој не видел. Жално и за двете семејства. Најверојатно несреќен случај, такво нешто првично и ОЈО установило и нема што понатаму да се дискутира.
    А сите што се прават паметни и веруваат прст во некој си божемски виновник, треба да им е јасно дека на приватен имот не може да ми се каже што ќе правам или што ќе чувам и како освен ако е противзаконски, тоа едно. Второ, родителите повеќе да внимаваат на своите деца и да знаат дека дури и куче со кое секојдневно детето си игра, а не е нивно сопствено, може да се однесува поинаку ако почувствува закана. Трето, деца после 5-6 годишна возраст мора да знаат дека не се влегува во туѓ имот кога никој нема дома, а не пак да се прескокнува ограда. Мислам дека доволно се возрасни на тие години да знаат што смеат, а што не смеат и да разликуваат кога е во ред да се игра со миленикот на соседот/роднината, кога не.
    Четврто, итно ни е потребна полиција за животни и измени во Кривичниот законик за сите овие со ужасни коментари што повикуваат на труење, убивање на кучињата, што шират говор на омраза. До душа има основ и без тоа да одговараат бидејќи ем шират омраза, невистини, клевети, ем поттикнуваат на кривично дело. Човекот прави пострашни работи секој ден, па не велиме дека сите луѓе се лоши. А не пак за животно за кое се знае дека не може да знае закон или да препознава закана по возраст.
    И да, се уште сметам дека кучето е најдобриот пријател на човекот и дека мало дете треба да расте со куче, ама секако под соодветен надзор.
    На двете семејства Господ нека им помогне и нека им ја олесни болката.
     
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,634
    Likes Received:
    9,155
    Gender:
    Female
    Клучните моменти кои укажуваат дека сите возрасни инволвирани се одговорни. Не криви, не виновни, но одговорни. Ама некои луѓе рипаат да вперат прст во некого пошто нападот е најдобра одбрана. Без да се размислува.
     
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Joined:
    Oct 25, 2012
    Messages:
    8,031
    Likes Received:
    48,361
    Gender:
    Female
    Овие раси на кучишта да ти е страв ги погледнеш не пак да дозволиш дете да ги гали/гушка.
    Прежално нека почива во мир детенцето, тешко на родителите и соседите
     
    sweet dreams ** likes this.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,953
    Likes Received:
    36,972
    Gender:
    Female
    Ај, уште еднаш да повториме (повторувањето е мајка на знаењето)
    КУЧЕ КОЕ БРАНИ ТЕРИТОРИЈА, НЕ ГРИЗЕ ЗА ВРАТ, ТОА ГО ПРАВИ СО НАМЕРА ДА УБИЕ!!! Така што... кучево или било недоволно тренирано (без разлика што продаваат приказни дека било носено на изложби, дрн, дрн) или било намерно тренирано за да убие!!!
    Повторувам: КУЧЕ ГРИЗЕ ЗА ВРАТ СО НАМЕРА ДА ТЕ УБИЕ!!! Какво бранење територија, какви бакрачи!!!
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,817
    Likes Received:
    80,668
    Gender:
    Female
    И што, сопственикот сега треба да го распнеме дека чувал таква раса кучиња? Имал заграден простор, прибрани кучиња и знак за куче, ама пак тој е кривиот што воопшто чувал куче изгледа. Како смеел куче да чува никаквиот. :fubar:
     
  16. A94

    A94 Истакнат член

    Joined:
    Dec 25, 2020
    Messages:
    653
    Likes Received:
    1,689
    Gender:
    Female
    Абе кучево на моите, патем прцул од 5кг, кога и да е во двор е на ланец. Кажано им е на децата и на родителите без наш надзор да не го задиркаат зашто е плашливо и може да ги касне. И пак влагаат во двор и го ѓњават. И утре јас ли да сум крива ако ги гризне?! Значи ако некој ти каже не, не влагај кај мене во двор ако не сум таму и не ми го чепкај кучето. Гра ни ци.
     
  17. A94

    A94 Истакнат член

    Joined:
    Dec 25, 2020
    Messages:
    653
    Likes Received:
    1,689
    Gender:
    Female
    Да, смрт за сите кучиња, што не е јасно. Петранка смее да ти кажува ти што ќе чуваш дома, светле ќе ти прерипа ограда и не се они криви, ти ќе бидеш.
     
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,953
    Likes Received:
    36,972
    Gender:
    Female
    Пошо живееш во урбана средина, твоето куче треба да е дресирано (особено овие опасниве раси) на начин да не напаѓа луѓе, без разлика колку и да го испровоцирале!!!
     
  19. A94

    A94 Истакнат член

    Joined:
    Dec 25, 2020
    Messages:
    653
    Likes Received:
    1,689
    Gender:
    Female
    Не може куче да не нападне ако му влагаш на негова територија. Така реагира секое куче како што беше пишано, од пудла до пит бул. И пишав погоре ај пак да пишам. Да беа крадци во прашање сосема друга конотација ќе имаше муабетов. Сите ќе земевте ротвајлери да чувате.
     
    cresa-jagoda, LovelyGirl3 and l0vekim like this.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,953
    Likes Received:
    36,972
    Gender:
    Female
    Не, добро дресирано куче не реагира. Особено нема да нападне и да те гризе за врат за да те убие!!!
    И особено не се остава без надзор, освен ако не е добро обезбедено. Кучево очигледно не било, штом дете стасало до него?!