Ако боксот не бил отворен од страна на детето немало ништо да се случи. Ама зашто сите мислите дека може како крадци да влагате секаде и отварате подруми, боксови затоа се прави муабетот.
На детето никој не му кажал да не влегува во дворот да си игра со кучињата Како сакате вртете, кучето е криво, да не било детето можеби друг ќе бил. Имало намера да убие и тоа е. Жално за детето.
Да, токму тоа го мислам Не ги извртувајте муабетите. Во случајов правиме муабет за одговорноста на сопственикот, која е огромна и истиот одговара за постапките на неговото куче. Знам, бидејќи сум сопственик на куче Кажаа членки како е практиката за вакви кучиња во другите држави, ама вас не ви се слуша Ку* ми е, двор ми е! Шо сакам ќе праам!!! А, знаете со сигурност дека боксот бил заклучен, па детево го отворило, или?
Еве јас кажувам да не ми го чепкаат кучето кое е на ланец ако не сум таму и пак ми влагаат и гарантирам дека ќе ги касне некој ден зашто го третираат како играчка. И нема да сум крива, а ни кучето.
Posho vladee opsta needuciranost kaj narodot i site gi smetaat kucinjata kako prijatelski nastroeni a ne kako krvolocni zverovi.
Заклучи си го дворот, или чувај го дома. Ти ќе бидеш одговорна ако некого касне кучето, без разлика дали тоа ќе се случи во твојот двор. Оти, знаеш дека кучето ти е агресивно, а не си презела ништо за да ги заштитиш останатите. Живееме во урбани средини побогу и одговорни сме за останатите ако со нашите постапки предизвикаме опасност!!!
Не, нема да сум јас. Зашто е сто пати кажано да не го чепкаат. Кучето, да не сме во заблуди си го чувам дома. Пред влезна врата го ставам на ланец баш од вакви причини. Вие си ги воспитувајте децата и заштитувајте. Јас не сум должна комшиските деца да ги воспитувам. Патем моето куче не е агресивно, туку ако влагаат непоканети и го третираат како играчка иако сто пати било кажано на родителите, очекувам да изреагира.
А и овде нели бил заклучен домот, ама поради недостиг на домашно воспитување детето прескокнало ограда и отклучило бокс со огромни кучиња, сигурно поголеми од него.
Не викај. Разбирам дека е страшна трагедија ама не може сега одма да почнеме да мразиме кучиња и луѓе кои ги чуваат. Детето си играло со кучињата претходно, биле дресирани и пријателски настроени, инаку ниту еднаш немало детето ни да им пријде. Што и како се случило, нема кој да каже. Да не користиме нечија трагедија и смрт за да се убедуваме кој е виновен, никој не е.
Точно. Улично куче шо секој ден го хранам, мирен, се гали, ме нападна исто кога влегов кај комшија (кој исто така го храни) да земам нешто, а носев кн маска. Помина кола и виде дека ми лае агресивно, застана пред него да му го попречи патот и така избегав. Инаку дискусијава ви е базирана на претпоставки, ако не грешам никој јасно не се изјасни шо се случило. И топка и ограда и дека паднало над кутрето, сè е претпоставка. Кај нас чамче муабет го викаме. Ни куче ни дете можи цел ден врзано.
Шетаа глутници, не се сеќавате. И во основно и во средно имсм бегано од нив. А тука негде генерација сум ви. Неточно. Гризе за врат глава ако детето било наведнато или паднало на земја префрлувајки се во боксот.
Ке се вмешам Ако ми е во двор заграден 2 метра висински а ти влезеш ненајавена коа ке те нападне кучето е криво или ти?
Како можеш вакво нешто да напишеш, а да си сопственик на куче?! И добро дресирано куче може да нападне во одредени околности,имаат инстинкти или ко што кажа ветеринарот можеби не гледало добро старото и не го видело детето. Кучиња гризат за врат. Кучето било во бокс со затворена капија. Па заклучена била и капијата, не биле дома луѓето. Што повеќе од затворен бокс и капија? Еве кажи ти? Ти го чувсш во стан така? Освен затворена врата какви мерки превземаш бидејки и твоето може да убие,да гризне ?
Epa ako grizat za vrat treba da se zabraneti so zakon a ne da se cuvaat ko najdobri prijateli po doma i vo dvor.
Самиот факт што и родителите не изреагираа вака како поединци овде, кажува доволно дека нема виновници туку е несреќен случај и како таков треба да се прифати.
Поврзаноста со домашните му дава мотив да брани. При провокација (макар и ненамерна, несвесна) не може да се очекува дека кучето ќе седи мирно, дури и да не е агресивно по природа. Несреќен случај кој можел да се спречи да биле двете возрасни страни свесни за ризикот и да вршеле надзор.
Секое куче е способно за ова. Нема ваљда животни да забраниме со закон зашто некој не знае да воспита деца до кај смее до кај не смее.