Во меѓувреме во Англија детето е со 40 конци и трајни последици.Изгризана е на глава и лице.Исто куче на комшии било(немало овде скокање на ограда). Се работи за раса американски булдог.
Епа така може да гризат во одредени околности. дај му играчка со врат на твоето и следи кај ке ја фати. ако било наведнато детето пред нив многу логично дека ке го зграпчи за врат. Како е различно? Ти го чуваш затворено во стан. Тој го чувал во бокс и затворена надворешна врата. Ова е апсолутно неточно. Како не му бил обезбеден кога бил затворен? Детето можеби играло со кучињата кога тој бил тука,под надзор.Сега не бил дома.
Па газдата нека си мисли на тоа де. И не, лично нема да го малтретирам. Ама дека ќе се засекирам нешто посебно па да го бркам газдата да си го земе, па не знам што, не. Ако сам не го бара и не го боли кур, мене па не ме боли ич.
Дома било.Горе на спрат.Луѓето доле.Ја отворило вратата каде било затворено. И општо ете доле експерт кажува дека се почести се нападите од кучиња. (комшии биле кучето и нападнатото дете).
А ако те нападне и го утепаш, не си крива според мене. На твоја територија се десило напад кон тебе и си се одбранила.
Доброто овде е што биле сите присутни и изреагирале. Сепак е доста различен случај. Едит: затоа што луѓето почнаа да забораваат дека кучето е животно, можеш да го дресираш, не може да очекуваш свест.
Изолирани случаеви има, кучиња имаат „забегано“ во мозокот има, кучиња кои се борени има. Несовесни газди има. Агресивни кучиња има! Никој тоа не го оспорува, но секоја ситуација е различна и неспоредлива! Колку питбули ми имаат излезено на тикток ги вардат бебињата. Еден изолиран случај не ти ја поткрепува цела дискусија, ни па треба сите кучиња или општо животни да се стават во ист калап. Факт е дека кучињата се територијални суштества. Факт е дека газдата ги запазил сите закони во врска со чување на тие кучиња. Факт е дека детето не смеело да влезе без надзор на туѓа територија со големи кучиња. Факт е дека е несреќен случај.
Кучето било во бокс, а како се случило детето да пријде и да влезе во боксот, ние нема да дознаеме и никој нема да дознае бидејќи нема сведоци, прашање е дали има камери. Не е ни важно, бидејќи нема назад. Хипотетички, ако се сомневаш дека е кучето недресирано, ако сметаш дека е опасно и се сомневаш дека е чувано со "безбедносни протоколи", ќе го пушташ детето да си игра со такво куче? Ќе го пуштат детето да се гушка со мастиф, онолик звер? Или со куче за кои сметаш дека не е одгледувано како што треба, од било кој аспект? Постојано се провлекува "играњето" со кучиња, што е ужасно неодоговорно и од сопствениците и од родителите, особено во случај со мали раси кои се купуваат само за децата со нив да си играат, значи не, на децата им се купуваат играчки, не кучиња за забава.
Забрана за чување такви раси на кучиња е решението! Кога бев мала исто околу 8 год. на калето наидов на огромен шарпланинец со мали шарпланинчиња ја појма немав дека тоа е опасно куче ми беа слатки малите и си зедов едно во раце го галев како меченце беше а за моја среќа шарпланинецов мирен никако не изреагира и него го погалив за главата али замисли каква среќна околност било тоа за мене. Едино безбедно се осеќам покрај златни ретривери, интуитивно ги осеќам како мирни кучиња иако статистиките покажуваат дека и тие знаат да напаѓаат.
Секаде во постовите пишуваш деца без надзор. Родителот е крив. Не знам дали имаш свое. Ама за дете да направи беља и да не го припазиш потребно е секунда.
Тогаш твоето прашање нема многу смисла. Објавени беа овде броеви и начини како да се пријави неодговорен сопственик, да не се чудиме зашто системот не ни функционира, паисивизам до стоедно и назад. Во потенцијално опасна ситуација, за тебе или за некој друг, треба да се пријави. Или макар да скапираш зашто влегува кучето кај тебе, ако има сопственик, може избегало, може му се случило нешто.
Не можиш никого вистински да обвиниш во ситуацијава, бидејќи никој не сакал да се случи вакво нешто. Можеби освен државата бидејќи немаме посебни закони кога станува збор за кучиња. Коренот на проблемот е секако во системот. Сериозно се чудам на оние кои заземаат страна во трагедијава, ама сфаќам донекаде оти сепак е огромна трагедија и не може човек да остане сосема објективен. Но кучето ќе го обвиниме зошто е куче, а детето зошто е дете? Кога и двете не се способни за разумни одлуки. Па и овие кои бараат одговорност од Анима Мунди за домашни кучиња ич не ми се јасни. И ние како деца шетавме без надзор 24/7, не не држеа во стаклено ѕвоно. Пораснавме со кучиња и мачки на улица. Дали би рекла дека беше опасно? Можеби донекаде, но сега се сменети времињата уште повеќе. Од друга страна, сите кучиња апсолутно не се исти за чување, особено расите кои имаат поголеми предиспозиции да се опасни. Да не се лажиме, не е исто златен ретривер и питбул или ротвајлер. Според мене за овие раси потребно е преголемо искуство, инаку апсолутно не смеат да се чуваат и даваат било кому. Многу сакам кучиња, дома кај моите чуваме микс од лабрадор и женка мешанче кое не се знае што е, а единствени што ми лаеле во животот се домашни. Касната не сум била. Родителите и сопственикот на кучињата требало да му укажат на детето дека само без надзор апсолутно не смее да е со кучињата, без разлика колку се знаеле и галеле претходно. Животни се, никогаш не знаеш кога ќе изреагира по инстинкт. Едните се одговорни за детето, другите за кучињата. Ама не е толку едноставно, од мало невнимание е настаната голема трагедија која никој не сакал да се случи. Нека почива во мир детенцето, и се надевам дека после ова ќе се донесат некакви закони за чување на миленици, кој смее да чува како и какви. И казни, и тоа како се потребни казни.
Многу често децата не знаат како да се понашаат со кучиња и ги гледаат како играчки наместо живи суштества кои си имаат свои граници. Затоа често кучињата и не сакаат деца. И кога се во мака или некој кога ќе ги повреди тие можат да каснат. Мене ме касна куче најмирно на свет, најнајмирно и најмило кое во моментот имаше мака, го болеше ушето а јас да го погалам по главата му го „растресов“ ушето и тоа од болка ме касна. Една секунда беше, инстинктивно му беше. И не го кривев, го галев после бидејќи во мене беше грешката, јас требаше да бидам повнимателна. Кога ќе замине со некоја храна или топче под маса, не ја пикам раката ни да го погалам затоа што тоа е само негова територија и тој инстинктивно ќе си ја брани храната или играчката и ќе ме касне. Ги почитувам неговите граници и го сфаќам. Не се пикам, нема тој да биде крив ако ја ја пикнам раката под маса и ме касне. Тие се живи битија, со нагони и чувства, не се ничиви играчки ни па поради тоа што се во наша или нечија сопственост треба да ги игнорираат нивните инстинкти за преживување, секако дека ќе се бранат ако почувствуваат опасност. Ние сме доволно паметни и ЕДУЦИРАНИ да знаеме како да ги почитуваме нивните граници.
Тоа го потенцирав. Не знам зошто пак да потенцирам. Сите возрасни овде дозволувале. Што е искрено да се зачудиш постапка на возрасен.