Не е шарпланинецот крив ако те нападне тука, ти си крива што нејзини бебиња чепкаш и таа нормално мајка ќе ги одбрани. Си имала среќа точно. И во случајов нема врска расата.
Да пуштиш шарпалнинец да шета така слободно не би било моја кривица. Не беше ни во двор буквално на патеката.
Па ниедно куче не треба да биде пуштено да шета слободно и без надзор, тука е сопственикот крив. Ама ти ако му се пикаш на шарпланинецот и нејзиното легло го чепкаш не делиш дел од кривицата ако те нападне? Сигурно шарпланинецот во случајов не е крив.
Не е овде случај припазување. Децата во овој случај, и комшиското и на сопственикот имале "амин" од возрасните да си играат со кучето, и со комшиското куче. Онакво куче, па јас на слика кога го гледам ме фаќа страв, а не па да си играм, дресирано, недресирано, ич небитно.
Ај жити се'. . . . Мешате работи Куче надвор од дома и куче дома Куче надвор од дома може да биде третирано "посебно" ако се смета расата за опасна. Така е и кај нас само што законот не прецизира кои се опасни раси (опасните мораат маска да носат). Луѓето се должни надвор од својот дом да се грижат за безбедноста на другите, односно кучето да не нападне некого. Дома куче меѓу другото, покрај што е среќа и љубов, постои за да го заштити домот и сопственикот. Ама пошто на памет зборите, и како си вие сакате и осеќате, на такви коментари нема ни да одговарам повеќе оти е џабе. Ако Ана или некој реши озбилно да знае како се чуваат и треба да се чуваат раси по светов, мислам дека има соодветна тема.
Ако се забранети такви раси за чување или чувани под строг надзор нема да има инциденти а и информираноста игра улога ја да знаев какво опасно куче е немаше да пријдам а од друга страна и без да пријдам а да сум во близина може да ме нападне таква раса на куче, не знам како било дресирано тоа куче али многу мирно беше за среќа.
Не бее, кучињата треба само да трепкаат и да ни служат како играчки и кловнови за наша забава. Не треба да се живи битија со чувства и нагони!
Шарпланинец и караман да забраниш во Македонија е како да забраниш вучјак во Германија или далматинец во Хрватска.
Па ај ако не лав или јагуар да земам да чувам мене на пример мачките ми се пасија и дивите и домашните.
Како може куче да има намера да убие. Се надевам дека правите разлика меѓу животно и човек. Куче има инстинкт, човек има свест. Од она што е прикажано, кучето било во заграден двор, со табла, во бокс. Проблемот бил, требало подобро да се заклучени. Како тоа? Со електрична ограда, со 30 катанци. Идејата на боксот е животното да не може да излезе, а не некој од страна да не може да го отвори. Имаше случај со горила во зоолошка, кога падна мало дете во неговото живеалиште. Детето доби сериозни повреди, а горилото го застрелаа. Кој е тука крив? Слична ситуација. Всушност не знам ни што се убедувате. Мене дома некој да ми влезе, да ме исплаши, ќе го мавнам со вазна. Жално за детето, но и кучето не е криво. Да не си им во кожа на двете страни. Соседот што ја затекнал таа глетка и ќе живее цел живот со таа хорор сцена и родителите што го изгубија своето дете.
Аа може му се случило нешто значи. Епа негов проблем ако му се случи, нели у туѓ двор неповикан не идеш, макар и куќата да му гори на комшијата. А може па некогаш на дете мајка му недајбоже ќе се онесвести и детето ќе отрча кај комшијата да повика помош и кучето негово ќе го укаса. Све е можно.
Не, ја префрлам на сите возрасни (сопственик и родители) што дозволувале детето без надзор да си игра со кучињата. Не е прв пат ова, и тие имале куче, било нормално само да си игра со своето и комшиските. Потенцирав неколку пати дека сопственикот има вина што дозволувал таква интеракција, и родителите што без надзор го оставале и со нивното и со комшиските.