Кучињата не се ѕверови. Ни мачките. Ама и обичниве двајца мачори со кои спијам и те како се способни да повредат ако се осетат загрозени. Затоа не дозволувам никој да ги пипа без мој надзор, ни возрасен, ни дете. Исто беше и со кучето. Надвор од дома на поводник, кога ќе се приближат луѓе до нога близу, дома забранував да доаѓа кој било ако не сме јас или татко ми присутни иако никогаш немаше нападнато никој. Нас двајца највеќе не' слушаше, и очекував ако почувствува сестра ми да е загрозена (помала е многу од мене) да ја брани. Сто пати си играла она со комшиски деца во наш двор и со кучето, ама со еден од нас присутен. Ја гледаше како "своја" и единствена грижа и страв ми беше ако децава меѓу себе се закачнат може да изреагира. Куче е, не може да знае дека нормално е деца да се закачнат. Плс дај една.
Да. Од муабетов може само да се заклучи дека сопствениците на кучиња кај нас генерално не се ниту свесни дека кучињата им се агресивни. Они мислат знаат се за чување кучиња, а излага дека поима немаат оти спиењето на тоа уво дека кучето имало некаков инстинкт не те пере од одговорност ако касне некого. Не, куче не смее да касне дури ни испровоцирано. Исто како што ја не смеам да убијам ако некој ме провоцира. Сопственикот можеби има фејлнато во тренинг особено што се работи за таква раса, можеби се десило прв пат, ама дефинитивно најголема грешка е што дал слобода деца да се врткаат околу тие кучиња. За тоа дете да се чувствува слободно да влезе во туѓ двор и да има интеракција со кучињата, под претпоставка дека знаело точно каде се, морало претходно да има слобода од сопствениците да го направи тоа. Родителите не требало, ама сигурно немале да дозволат детето да им влегува таму, ако ја немале таа слобода дадена од комшијата. Иначе да, куче брани територија, лае, ‘ржи, тегне ногавици и нападот е со фаќање рака/нога, без гризење. Знам, оти имав еден таков прекрасен ѕвер. Ако сопствениците на кучиња сметаат дека ако дома им влезе крадец, кучето да го искасапи е сосем нормално и очекувано, не само што тоа куче е агресивно, туку и самиот сопственик е. На едниот му треба тренинг, а на другиот anger management терапија.
Неповрзани работи пишуваш скроз. Прво праша што да правиш ако ти влезе куче во двор, ти одговорија, пријави, ако те нападне, брани се. Па ти рече дека ако на газдата не му е гајле зашто тебе би ти било, значи океј не пријавувај, не го бркај, седи си со скрстени раце. Поентата на муабетов ниџе везе.
Јас тврдам дека или сите се виновни подеднакво, или никој не е. А ти вртиш како сите, освен родителите се виновни. Нас енгр менаџмент, вас, тренинг за воспитување на деца. А и најголема грешка е и кај родителите што ноншалантно му давале да се гушка со ѕверови како што ги викаш.
Сега ќе искочи дека сопственикот идел по куќи и молел луѓе да си ги пуштаат децата да "го играат" кучето. Сите инволвирани возрасни тука згрешиле, да се надеваме дека малку од малку ќе се освестат луѓето после оваа случка.
https://youtube.com/shorts/SsHLB42pMRA?feature=share Еве ви пример за добро дресирано куче. Дури и кога ја гризна за нога, у моментот кога газдата му нареди да се тргне, се тргна. И во вториот случај не ја гризна додека он не му нареди, иако пред неа беше.
Ама имало газда дома аман Мислиш ли да имало некој дома во случајот што го коментираме ова вака ќе завршеше?! НЕ
Не ти тврдиш дека сопственикот нема никаква вина и целата вина ја префрлаш на родителите и на детето. Провери си ги мислењата и најди едно каде го обвинуваш сопственикот. Па сега сакааш да ги свртиш работите после толку обвиненија кон родителите.
Законски не е крив и стојам зад тоа. Инаку несреќен случај е ама вие барате некој да одговара, па кога отидовме натаму тогаш и родителите нека ги затворат.
Ти кажаа веќе, детето и кучето биле сами. Камо среќа да имало некој друг, газдата, возрасен некој, било кој, можеби детулето би имало шанса
Не сакам да свртам. Родителите имат максимално потфрлено овде во секоја смисла. Тоа ставете си го во глава за после да не барате кривци секаде за постапките на вашите деца. Каква и да е ситуација. Ова е дефинитивно најлоша и да не се повтори
Не искача така. За јас да влезам да и навадам цвеќе на комшиката, таа треба да ми даде слобода и клуч или барем да ми каже кај стои. Без нејзиното одобрение, јас може да сакам да и навадам ама нема. Детето ја имало таа слобода, знаело точно каде се кучињата. Мое дете ја нема таа слобода од мене иако е мала и нема страв и сака да погали кучиња поголеми од неа и сопствениците секогаш се фини и културни и ја нудат самите. Не дозволувам и не им верувам на тие сопственици, оти и мајка ми како сопственик на мала пудла тврдеше дека е најмирно на свет се додека не го касна комшијата, па научивме лекција и следното куче беше тренирано од татко ми. Затоа и не се удирам во гради за ниедно животно. Кај родителите не гледам вина поради надзорот, оти не е возможно да вршиш надзор над 8 годишно 24/7. Но, вина гледам што дозволувале интеракција на детето со туѓи кучиња и тоа дете секако може да добие погрешна престава поради тој факт. Но нивната вина не е еднаква, оти јас можам да дозволам, ама ако сопственикот на кучето ми рече ај подобро не, да не си бараме беља кај ја нема, таа интеракција нема да постои. Види, не мислам дека сопственикот имал лоша намера, едноставно.. не размислувал. Ама куче што ќе нападне, касне, изгризе, искасапи е на одговорност на сопственикот.
Сопственикот би бил крив доколку кучето покажало и претходно агресивност, каснало, 'ржело на друго лице и не направил ништо поврзано со тоа. Каде ја гледаш неговата вина?
Ако мислиш дека нечии збор сум го извртела изглеа не си ме разбрала, пошто јас не спомнав глутница на кучиња, детенцето не заврши фатално од глутница на кучиња, глутница на кучиња се друга тема и проблематика во државава, што ако си живеела во тоа време кога не си знаела што се дешава во цела земја, малце ли кучиња по селана имало, во секоја куќа накотени, градовите не толку населени и ти тоа време ќе дознаеш чије куче чије дете искасапило? Абе ајдее. Немало во тоа време зошто не сте знаеле. јас уште се чудам како дозволиле родителите и сопственикот на кучето дете 4 години да израсне со ваков ѕвер, како не се исплашиле дури се галеле … дете ко дете 8годишно што знае душичка што би можело да се случи, си играло…
Ајде еве нека прикажат некои факти како се однесувало кучето претходно со други, дали имало поплаки итн, па ќе видиме. Од оваа гледна точка, детето не смеело да се најде на местото каде што се нашло и тоа е се.