Значи ако кучето не покажало агресивност до тогаш се е ок? Колку луѓе не покажале агресивност па убиле луѓе. И нив да им простиме по твојата логика.
Истото го мислам и јас, и никаде не спомнав 24/7 надзор. Искрено не им верувам многу многу на порталите што пренесуваат вакви вести и се трудат да звучат што посензационалистички, ама од тоа што беше пишано, децата (веројатно повеќе, од двете фамилии) ја имале слободата, ете дури и кога нема никој дома да си играат со кучињата, значи таа интеракција била поддржувана од двете страни. Тоа е одговорност на возрасните, стварно. Намера, скраја да е.
Не реков дека нештото е ок. Туку не можеш да го обвиниш сопственикот за настанатата ситуација. Кучето си било уредно чипирано, пријавено, чувано. На свој имот. Затворено во бокс. Никогаш немало друга агресивна епизода. Затоа можеби и наивноста на детето да го отвара боксот. Не знаеме ни што точно се случило. Доколку се чувствувам јас нападната во својот дом, не би знаела од страв како би реагирала.
Добар аргумент. Најверојатно кучето никогаш не покажало агресивност па и оттаму детето се осеќало ок да отвори и влезе во бокс.
Одлично. Иако е за САД, ќе се водам според ова и ставам скриншоти од овој линк. Не знам што сакаше да ми докажеш мене, ама се' што пишува веќе го кажав, па ќе се повториме. ДА НАПОМЕНАМ; единствена раса за која лично сметам дека треба да се забрани секакво натамошно размножување е американскиот питбул. Зашто и како можеме во соодветна тема да разглабаме. Како и да е; од твојот линк. 1. Во Америка, морам да признаам, забавни опасности имаат. 2. Точно, како што кажав, деца и кучиња не се оставаат ама никогаш сами. 3. Прочитај број 2 4. Како што кажав, питбул го изземам од коментари, ќе ги дискутирам другиве. Германски овчар, најчест миленик во Германија, никаде не е сметан за опасен, може преферира амери. Симпатичниот лабрадор. Смешниот хаски. 5. Кој знае англиски нека чита, кој не знае ќе му преведеме. 6. 7. Како да спомнав некаде ова... 8. - нареден пост, не можам повеќе од 10 слики.
Да. Интеракцијата била поддржана од двете страни. Ама едната страна има дете, а другата страна има куче (без разлика на мината историја, сепак реална потенцијална опасност). На крајот, исто е, ама не е исто. Само сеа више… џабе е се… За сензационалистичките наслови скроз си во право. Ама пусти клик бејтс. И за двеве ситуации. Ја прочитав мајката и се вознемирив. И посакувам сила. И надеж и поддршка да си истера правда ако е возможно… Немам зборови…
Оттаму и сите спиеле на тоа уво, сигурно ако мајкава знаела дека до нив живее агресивно куче, немало 4 години цели (значи од 4 до 8 годишна возраст на детето) да го пушта непречено да си игра. Никој не осеќал опасност оти немале до сега агресивни епизоди ниту едно од кучињата (ни на родителите од детето кучето, ни на комшијата). Многу, многу неодговорно од оние кои треба да се одговорни за деца и кучиња. И сопственикот има бебе, мислам по оваа логика и своето би го оставал без надзор.
И опасни луѓе. Како знаеш дека е некој човек опасен додека не те нападне? По истиов линк и истава статистика, повеќе убиства има од опасни луѓе него од опасни кучиња. Чаре?
А ако тие опасни луѓе те нападнат и убијат, ќе бидат казнети или ќе бараме оправдувања од типот: го испровоцираа, бранеше територија, вие не сте се заштитиле, итн...
Решението е почитувај кога ќе го видиш знаков. Еден од двата знака кај моите, иако немаме веќе куче стојат. Горе она што е скриено е бројот на татко ми, не влагај - јави се. На улица не приоѓај на туѓи кучиња без да добиеш дозвола од сопственик. И ако имаш деца, посебно пази ги околу животни, свои или туѓи. Ете пошто како мене сакаш мачки, утре кога ќе имаш дете, не ги оставај сами, макар твојата мачка да е најангелче на светот. На улица ако те нападне куче апсолутно треба да се казни. Ни барам оправдување ни оправдувам. И јас си имав мака со секакви будали со пуштени кучиња, од пудли до ротвајлери, се пушта да го нападне моево, ти му викаш прибери го тој или те игнорира или не може да го собере сопственото куче. За такви сопственици и куче да им се земе и забрана да чуваат понатаму ново.
Ништо не докажувам, побара линк. Фини поенти. Пошто нема закон све е по закон. Секој може да размножува кучиња, секакви раси, во секакви услови (и населени места со деца). Значи никого не дискриминираме, ама такво нерегулирано размножување кучиња е проблем. И не може да нема никој одговорност за тоа, пошто ако ми се ќефне ќе размножувам шарпланинци, ако ми се ќефне тигри, к.. ми е, двор ми е. Мислам може и нуклеарен реактор да си поставам дома, ваљда. Регулација.
Па истото го зборувам цело време со години, и во 40ка тоа имаме оправано, таму ми беше објаснувано дека било битно за кучката да осети родителство. Не, не е. Битно е да нема хиперпродукција на кучиња, битно е (како во Германија) секој миленик по закон да е стерилизиран, нестерилизирани единки САМО одгледувачници. Овде машкоста му ја земале, мајчинство не осетило, абе седи раат. А највеќе ќар од продажба 2 години во Македонија имаше бесплатно чипирање, немаше баш голем одзив. Пошто не знаеме со арно; велам - прва сум да се напишат и спроведат европски закони за кучиња.
Во врска со одговорноста на сопственикот за постапките на неговото куче, бил тука или не, вака е регулирано во Германија: Hundehalter sind grundsätzlich verpflichtet, dafür zu sorgen, dass ihr Hund nicht zur Gefahr für seine Umwelt werden kann. Wird gegen diese Tierhalterhaftpflicht verstoßen, kann es teuer werden: Der Halter haftet für alle Schäden, die aus dem Verhalten seines Hundes resultieren. Das gilt verschiedenen Urteilen zufolge auch dann, wenn sich das Tier im entscheidenden Moment in der Obhut einer anderen Person befand und der Halter gar keine Schuld an dem Vorfall trägt. Der Abschluss einer Hundehalterhaftpflichtversicherung ist auf jeden Fall sinnvoll, in einigen Bundesländern sogar Pflicht. Значи, сопственикот ги сноси сите последици дури и кога воопшто не е виновен за настаната ситуација, односно дури и кога за неговото куче се грижи друг. Сопственикот е одговорен за сите постапки на неговото куче и има обврска да се погрижи кучето да не биде опасност за околината! Се спротивно на ова, се казнува по закон. Вака се регулира тоа во држава каде што никакви изговори не поминуваат ниту под разно! Затоа има и одговорни сопственици. Се додека во Македонија бегате од одговорност и правдате напади со небулозни реторики, ќе има и несовесни и неинформирани сопственици. Насочете ја вината на правото место, државата треба да регулира соодветни закони, а особено пак да го реши проблемот со уличните кучиња. За постапките на моето куче, била јас тука или не, апсолутно сум одговорна само јас и никој друг. Исто како што сум одговорна и за моите деца.