Што злоба имав јас во мене како 10 годишно дете што со ранчето на грб се враќав од школо? Ме нападна од нигде никаде.
Нашето куче е џукела по потекло. Собрано е од улица и е заштитнички настроено спрема мене и мм. Го имам видено како брани територија од други улични и можам да кажам дека знае да биде доста агресивно.Тоа всушност го прави само во наше присуство. Да не сме ние ќе го душне само и ќе го заобиколи. Децата многу немаат контакт и секогаш им велам да немаат доверба во него оти не му ги знаат и читаат реакциите. На малото посебно предупредување да не го чепка кога јаде. Сепак е животно и се води по инстинкт, нема разум. Другите кучиња уште од далеку кога ќе ги видиш ќе знаеш по опашот какво расположение имаат. Обично клекнувам и му ја подавам раката да ми ја душне. Немам лоши ситуации со кучиња досега и се надевам дека нема ни да имам.
Ова не е точно. Мене ме нападна куче без никаква причина и завршив на болница цела искасана и мораше и да ме шијат. Кучето лежеше пред порта а газдите беа во дворот, видов дека кучето ме мерка, го замолив газдата да го прибере кучето за јас и другарката да поминеме, тој ни рече не се плашете мирно е нашето куче, 2 чекори направив и ме нападна, беше некое мелез и многу големо куче, буквално скокна на мене и за 2 секунди ме турна на земја (женска од 170 со 70кг, замисли тоа куче што може да направи на дете или на по ситна особа) и цела лева страна ми ја искаса, од лицето до стапалата, 20 години покасно сеуште си носам лузни и трауми и ќе ми останат за цел живот. И покрај ова не мразам кучиња и сакам да имам свое куче, но никогаш нема да имам доверба во нив па ни во тие што велат дека куче брз причина не напаѓа. Еве за жал зборувам од лично искуство.
Рани куче да те лае, така викаат кај нас. Оваа теорија што ја верглате цело време дека куче без причина не напаѓа, напаѓаат и те како без посебна причина. Имам три случки со кучиња што ме нападнале, првиот пат бев дете 5 годинки и си играв пред зграда со кал на земја, едно куче ми се стрча без причина и ми рипна почна да ме р'жи, убаво го памтам црно огромно Доберман беше, среќа еден комшија излегуваше па успеа да ме спаси, иначе ќе ме изедеше. Вториот пат бев 14 години, тоа утро морав рано да одам за Скопје и брзав за на железничка, и поминав по еден скратен пат без да знам дека таму има кучиња скитници. Беше рано и никој немаше само јас, сите кучиња спиеја, јас си поминував најнормално, и наеднаш едно куче малечко се разбуди почна да ме лае, во истата секунда уште 10 кучиња се исправија и почнаа да лаат, ама не кучиња туку магариња огромни беа. Ми се стрчаа сите во чопор заедно и рипаа врз мене ме р'жеа и лаеа јас само лежев и вриштев на цел глас а врз мене 10 кучиња, исто и тогаш имав среќа еден човек уште на пижами беше излезе и ме спаси. После оваа дешавка имав огромна траума, сегде пријавив за настанот и ништо не превземаа.
Чичко ми, цел живот чува животни и кучиња. Застанува на улица и ги гали сите што поминуваат. Им дава и храна. Пред две години брутално беше каснат без да го забележи кучето. Го имаше каснато од позади на петица, толку силно што човекот заврши на болница и преврски. Не тужеше никого. Ама муабетов ми е дека - да! касаат кучињата без причина. И ако го намислат тоа нема да лаат ни да ржат ќе дојдат буквално без да се најават.
Може човек без причина да стане агресивен? Не. Така и животно. Можеби вие баш не сте го испровоцирале, можеби нешто друго го има испровоцирано. Ама има причина.
Како и кај луѓето така и кај животните има исклучоци . Да човек може да биде нервозен од Х причини ,но тоа не го оправдува агресивното однесување со други лица. Животните за жал немаат таков осет но сепак ако кучето поради било каква причина нападнало човек а не било воедно испровоцирано од истиот ,добро би било кучето да се прибере од улица за да се заштитат во најмала рака барем децата. Ако еднаш посегнало ќе има и втор пат.
Скопје е полно со кучиња. Си лежат на плоштад или одат во чопор. А секој ден во црни хроники има по некој каснат човек. Мој колега беше искасан, и заврши во болница од нив. Опасно. Дури и кај Гимназијата Јосип Броз, видов неколку кучиња трчаат и лајат по автомобили. Баш беа агресивни, трчаат мислиш автомобилот ќе го стигнат. И тоа ли е метропола? Среќа па ретко одам откако фати короната.
Јас како огромен љубител и сопственик на куче, се сложувам со тебе за конкретнава работа. Мене ме имаат нападнато домашни, искочија од отворени капии додека го шетав моето. Да чуваш куче е одговорна работа. Не може да шета туку така со отворена капија или без ланец надвор додека се шета. Сите што го прават тоа се неодговорна стока која само наоѓа изговори зошто "мора" тоа така. И тоа се тое што им се губат кучињата (ама не знаат како им се изгубиле). А за коментариве како тој на @Tanjamm, улични кучиња има ради неодговорни сопственици. Јас сум имала проблеми со домашни кучиња ама со улични никогаш. Ако ти е страв да не ти го апнат газето, земи нахрани ги некогаш место да јадеш трици за нив.
Кога трчаат кучињата и лаат по колите е поради кола која чукнала некое од нив, па сите памтат и затоа лаат.
Ne e toa nacin "narani go mesto da jades trici", do koga dodeka ogladni pa sledniot e na red da go napadni? Jas stojam na toa dokolku ve napadnalo ednas da se uspie odma posle prviot pat. I da..skitnicite da se priberat bilo kade, mestoto ne im e na ulica
Аааааа. Да бееее, гледаш, не ни текнало дека скитниците треба да се тргнат од улица. Ајде, еве ти Нобелова за идејава.
Претходната година за малку ќе ме осакатеше питбул. Се наведнав за да го погалам, носев марама, рипна врз мене, у меѓувреме, му се заглави ноктот у марамата, ме повлече скроз на земја. На земја и останав, го галев и све беше океј некои си 5 секунди. Следна сцена е кучево со укочена вилица кај мене пред фаца. Да не ја свртев главата на другата страна, ќе носев доживотни лузни 1000%. Многу се зачудивме и ја и газдата негов, живо ме занимаше шо му беше тригер за такво понашање пошо дека така му шибнало у моментот, не верувам. Читав на нет после дешавкава и една од причините можда е тоа шо воспоставив eye contact со него кога го галев. Од непознати причини за мене као чоек, наводно питбулите нејќеле таков контакт. Ваква ситуација сум немала со улични. Можеби зашо знам дека постои веројатност дека би биле агресивни во некој момент, па најчесто ги заобиколувам кога се цел чопор. А причина дека има, сигурна сум. Мислам дека е најчесто во прашање страв.
Па ова и ми беше поентата првично. У двор и дома прај со него шо сакаш. Надвор треба да имаш осет, не да не те боли ич за другите у смисла- ја ќе си го шетам слободно, вие мислете му ја. Оти ќе нападне некој, па нападнатиов ќе го повреди кучето да се одбрани, после он ќе биде кривиот. Друга работа. Ако во кафич седиш со куче, исто така го чуваш до тебе. Може да е најмирно на свет, ама не фала, неќам куче да ми душка храна додека јадам. И мачки сакам премногу, па и они неќам да ми се вртат околу храна. Како тие со невоспитани деца што си свиркаат додека детето лом прави околу нив оти се најмили тие на мама.
Кога веќе спомна луѓе. Ако утре маж ти недајбоже те удри, ти си го испровоцирала? Пошто не е без причина велиш..
Gledam deka kako tebe ima so lopata da gi rini coek, treba da si se soberite slozno i da si gi zasukate rakavite mesto da mi "pricas pricu" Em nie neiskasani em vie srekni
Што ќе ми го апнат газето? Ретко одам во Скопје, а кога одам пазам, се оддалечувам од глутница кучиња. Општината си има надлежности за тоа. Еве кај нас ќе сретнеш 2-3 кучиња, ама си лежат и не напаѓат, оти општината секоја година одвојува пари за ветеринарната станица, заловуваат, вакцинираат, третираат бездомни кучиња, дел носат во стационар, дел враќаат на улица, мал дел. Скопје е главен град, не е село на Шар Планина или Малешевија па да е нормално да гледам глутници кучиња. Нели работата беше Скопје да привлекува туристи? И колегата сигурно има основ да ја тужи општината, само ретко кој се замара со тоа, а веројатно има основ. Велиш нахрани, а ако искасаат до смрт некое дете?
И тоа како се опасни за околината. Детето ако ти е нападнато од куче ќе те прашам дали вака ќе збориш. Добро што не ми остана некоја траума. Памтам дека со денови липав и не можев да зборувам.