Ова е за осигурување на кучето, те замолувам ако можеш бидејќи не знам германски, па читам англиски преводи на законите, најди ми точно како е прецизирано да се чува куче. Односно, што предвидува законот дека треба да правиш како сопственик. Еве на англиски, а знам дека имате и закони дури и должина на поводник итн. но би било убаво да можам да прочитам точно. Еве речеме утре се селам во Германија, кои услови треба да ги обезбедам за животното. https://www.ramstein.af.mil/About/Fact-Sheets/Display/Article/303687/dog-keeping-laws-for-germany/ од овој линк, во однос на чување: - електрични направи се забранети - мораш да имаш соодветно голем стан зависно од големината на кучето - кучето не смее да е во kennel, бокс, подолго од 2 часа - кучиња помали од 12 месеци не смеат да се врзуваат, постари смеат, доколку не се бремени и сосема здрави. Ланецот мора да овозможува кучето слободно да се движи најмалку 6х5 метри. Кучето во овој простор мора да се движи слободно, без пречки и без ризик да се повреди. - смееш да користиш само мек околувратник што не може да го повреди кучето ЗА НАДВОР - кучешка куќарка со термоизолационен материјал што не е штетен за кучето - направена да не може да се повреди кучето и да има сув простор за лежење - надвор од куќарка - простор со сенка, со термоизолиран под - најмалку 2 пати во денот мора да има интеракција со сопственикот (играње, шетање, школо за кучиња) - плус, ако е чувано во бокс, на ова треба да има уште 2 пати на ден по најмалку 1 час да трча слободно. - во урбани средини куче мора да е на поводник - во неурбани може да нема поводник, но ако дојдат луѓе да биде пак врзано - мора да се собира измет - внимавање на лаењето Ова како скриншот оти е за парична казна и зошто имате осигурување за кучето Би сакала да прочитам поточно.
Да не ја вртиме дискусијата во круг, реков, трагедија е, но сопственикот е одговорен за своето куче. Толку.
Да де, истото го имаме зборено. Мислам, има варијанти на тема, лично ми е норвешката поприфатлива...ама ниво на свесност и одговорност треба за тоа. А нема. Особено ради болдот. Затоа, фино лепо, забрането размножување, ако сака да размножува кучиња, нека оди на планина, не во населено место. За етичноста на тој бизнис ми го знаеш ставот, ама овде станува збор за општа безбедност, далеку сме од аспекти на етичност. На кој не му е јасно за што збориме-нека му текне на мачките во февруари.
Посебно од аспект на безбедност, тие на улица доаѓаат од продажба... не се симнуваат од планина, ова незакониево и куроболиево ги создава.
Германците се всушност големи кучељубци, затоа и имаат многу функционален систем во однос на чување на кучиња.
Абе сега, @Cosmi кажува имало глутници отсекогаш. Јас првпат слушнав за глутници во Аеродром, после 2000 и некоја. Од планина не се, очигледно, а не се ни отсекогаш. Така што така.
Ќе чепнеме сосема друга тема, глутници немало затоа што имало отстрел. Денес е тоа фала Богу забрането, иако се случи, иако расфрлаат отрови кај стигнат, забрането е. Не е хумано према животните, а богами ни према луѓето. Секако дека огромен фактор е и тоа што денес бизнис се тера како никогаш порано, некадарни земаат куче, па сфаќаат дека не им чини, па фрли го на улица... и така.
Само стерилизацијата е спорна. Малку се стерилизира. Во Скандинавија само10% се стерлизирани. Германија,Франција,Италија и кај нив не се стерилизираат задолжително. Кучињата во Германија се доста заштитетни. Кај нас не се. @Biljarkata Ама имало. Јас во центар учев средно знам и во која куќа се криев ‘97 год. од кучиња. Е сега зависи што подразбираш под чопор. И 4 кучиња се чопор. Само тогаш се ангажираа ловџии па ги убиваа во рани утрински часови. Нешто што и сега некои го посакуваат ,а е крајно примитивно Тоа била пракса во титово време. Не дека не постоеле чопори и кучиња.
Трескање од земја непотребно е против стерилизација, ама ајде. Не само од аспект на потомство што спречуваш, докажано е (и логично) дека стерилизирани единки се многу помали шансите да бидат агресивни.
Чопори како сега на секој чекор? Не, немало. Далеку помалку бездомни кучиња имаше. Ова што сега се случува е лудило. Секој "чува" куче, па кога ќе му здосади, на улица. Јас моето го купив од такви, го купиле во короната, па кога виделе дека си бара внимание, го продадоа. Не може кој сака да чува куче и да не одговара ако го напушти. Не може да се дозволува неконтролирано размножување и секој втор одгледувач да е!!!
@CameliaMiller меѓу другото што си пишала, пошто маж ми беше заинтересиран за Германски овчар па се информираше, знам дека не до 2 туку до 5 часа најмногу е дозволено да е во бокс. Казните се големи за несоодветна грижа. Дури и до 25.000 евра за долго затворено. Друго, куче може да се пушти слободно да шета без поводник со надзор на газдата ако по наполнета една година помине некакви тестови. И притоа носи специјален колар син или зелен не сум баш најсигурна како беше така луѓето знаат дека кучето е безбедно. Маж ми знае многу поише, ама пошто одлучивме на крај да не земаме големо куче јас не се информирав. Лиана може сигурно поише да ти каже.
Не ко сега ама пишав и зошто, ловџии беа плаќани да ги убиваат,знам роднина имав кој беше ангажиран. Значи постоеле само поинаку се решавале. И тоа многу повеќе биле,пред 30 год кој стерилизирал ,никој. Сега пак не има што ни Има регистрирани одгледувачници кај нас ,ама има на диво што парат и продаваат. Се договараат на социјални мрежи. Кај регистрираните леглото кога ќе се роди е проверено од вет. @Yowannty Во стан во Германија смееш да чуваш германски овчар?
Јас како дете сведочев во Охрид, многу мала, некаде најкасно 1995та. Од тоа искуство можам да кажам не дај Боже, ни едно дете никогаш да види такво насилство.
Со сите овие кучиња кои ги имаме надвор кај нас целосно треба да се забранат парења на кучиња и нивна продажба во домашни услови. Немаме потреба и од одгледувачници во наредните 20 години. Ни се потребни само стационари кои ќе ги приберат бездомните кучиња. И сакаш куче земај од тие. Друго нема.
Нека почива во мир детенцето, голема трагедија е ова, и потресно ептен.. Сопственикот е одговорен за свое куче да, но во ваква ситуација, не можам да се согласам со тоа, несреќен случај е. Он се има напраено за да заштити од кучињата И јас чувам "магаре" од 70кг, забранета раса во одредени земји, надвор во бокс, затворен со резе, двор ограден 2м висока ограда, порти заклучени со знак за Пази куче. Ја пуштаме кога сме ние дома, кога не сме си е заклучена. Што да направам повеќе еве поучете ме, за да си го заштитам и кучето и луѓе кои решиле да влезат?
Да, ама сето тоа ти важи ако кучето не е соодветно обезбедено. Ако некој му упадне во боск, нормално дека ќе се испитува како било чувано кучето и дали ке специјализирано (како што ќе се тестираат и овие) и сопственикот би одговарал, ама многу поразлична е одговорноста од тоа да се случил нападот надвор од боксот.
Ако не грешам, ама мислам дека смее. @Cosmi се смета за фемили френдли и сакаат да се во друштво на луѓе повеќе него сами.
Прво, нема да охрабруваш комшиски деца дека можат да си „играат„ со кучето, на пример Потоа, ќе си го заклучиш боксот кога нема да бидеш дома.
Не смееш да заклучиш бокс Ана. Ни па е хумано да заклучиш. Еве пожар има, како било кој ќе го ослободи? Не за дали сами и сл, баш на линкот што го споделив имаше табела колкав стан треба да имаш за колкаво куче. По таа табела во мал стан не можеш вучјак секаде, барем јас со мојов стан не би можела.