Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Напади од кучиња - со причина или без?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Munchmallow20, 2 јануари 2022.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.055
    Пол:
    Женски
    Да, ти шепна тебе врапчето.

    Не само што ти одговорив, туку и ќе се самоцитирам за да разбереш подобро, па може ќе ја најдеш и поентата што упорно ја губиш за да испереш одговорност. Таадаам:

     
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Кај мене во двор деца провалуваа т.е. дете. Затоа не само на првата и на втората капија ставивме клуч. Мислам следно што, струја да ставам и стражар.

    И со родителите зборев, со нив се разбрав, ама со баба му НИКАКО.

    Ден денес е лута што сме им бранеле пристап, како побогу со инка да и' турам во глава дека детето не може непокането да го праќа да си поигра со кучето, ПОСЕБНО кога е само во двор?

    Не е контрадикторно, јас овој го сметам за идиот тежок, затоа што дозволувал, а ништо помалку ни родителите извини, и тие куче имале и детево непречено се шалтало меѓу дворовите.

    Не знам каде на светов е нормално да оставаш кучиња и деца сами, ама овде родителите ги изземаат од одговорност тотално.

    Мислам нивното куче да беше што го чувале, кој ќе беше крив? Господ?

    За мене СИТЕ возрасни се криви.
    Само зборам од аспект на возрасен кој не можеше да докаже на комшии ДА НЕ ВЛАГААТ ПОБОГУ.

    Едит
    не би го успала од морална одговорност, ништо не докажуваш со тоа. Болката и сеќавањето ќе ми бидат за цел живот секако.

    Туку за да превенирам во иднина да се повтори настанот.
     
    Последна измена: 15 април 2023
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Кое врапче ми шепнало |(
    Тоа беше првичниот извештај од истрагата.
    Да исперам јас одговорност?
    Ај не туку лупај глупости.
    Чија одговорност перам.
    Како некој ќе се осмели да влегува ако друг не му дозволил ?!
    Ти свесна си дека детето имало само 8 год.
    А тој некој кој бил одговорен за детето биле родителите и тие не требале да дозволат да оди кога ќе му текне кај кучињата туку само и исклучиво во нивно присуство.
    Ама ај ке се правиме удрени сега.
    Луѓето не биле дома,детето упднало кога немало никој и не се виновни па до утре да везете.
    Да бил дома,да.
     
    На cresa-jagoda, nextredstyle, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Сепак дозволувал, цели 4 години сите дозволувале.
    Како сопственици на кучиња сите овде, а и родители сите исто така, сите потфрлиле.
     
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.055
    Пол:
    Женски
    Ох боже! Мислам дека ти не си свесна за возраста на детето, пошо си целосно убедена дека 8 годишно дете не може да направи грешка и покрај предупредувањата од родителите. Не можеш на детето да му дишиш во врат.

    Па, идеш чекор потоа и тврдиш дека едната страна не требало да дозволи, а а другава дека не дозволила. Кој дел од тоа дека имало дозвола од двете страни тебе не ти е јасен?

    Само да ти објаснам како звучиш: Исто како јас да кажам, родителите не се тука, зошто се виновни? Сопственикот не бил тука и немал одговорност. Абе ајде не бладај жити се. Чие е детето и кој е одговорен за него без разлика дали е присутен тука или не? Чие е кучето?
     
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.055
    Пол:
    Женски
    Да, токму тоа.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.423
    Пол:
    Женски
    А, ти ова го знаеш од???
    Навистина, како сопственик на куче, целосно го изземаш од одговорност сопственикот? Кој, ако не ти, е одговорен за кучето?
     
    На EvAngelos и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Да. Ако сака да чува одврзано куче што е потенцијален убиец, не само што мора да е дома, туку мора да е и до кучето. Ако сака да излезе од дома, ќе го врзе кучето, или ќе му стави маска.

    Во Македонија не е дозволено да убиеш човек ако ти влезе во двор. А овој човек токму тоа го направил, поставил во дворот незаштитено животно со капацитет за убивање. Убиството се случило, Виновен е сопственикот на кучето. Тажно е да се читаат коментари што го рационализираат убиството не детето. Засрамете се.
     
    На Konfetka, Discovery, The_Doctor и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Дозволувале сигурно но можеби во нивно присуство.
    Млжеби е прв пат детето да биде само со кучињата.
    Не можеш да му дишеш во врат?
    А кој рече да му дишеш,дете од 8 год многу добро знае што е Не.
    Моите бар знаеле на 8 год. што значи Не кај доберманот од комшијата.
    Ако направило грешка тоа значи и дека не му била дозволена интеракција со кучето без негово присуство.
    Не послушало и влегло во бокс.
    Можеби и не му било дозволено од никој претходно и му било предизвик да влезе кај кучињата само.
    Деца се, љубопитни се и тестираат граници, не слушаат.


    Не го изземам од одговореност.
    Секако ке биде одговорен,негово е кучето и ќе го носи товарот цел живот.
    Но не е виновен што детето ја преминало оградата и се префрлило во боксот.
    Не може да го обвинам комшијата ако моето дете прескокне ограда и влезе во боксот кај доберманот.
    Себе ќе се кривам.
     
    На cresa-jagoda, nextredstyle, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Потенцијален убиец?
    Па еве позади дававме примери дека и мали кучиња напаѓаат.
    Немам ја шо да се срамам. Нит е кучето мое нит детето.
    Ја мое дете не би дозволила да влаѓа у туѓи дворови кога не се дома или без дозвола.
    Исто како шо не сакам и мене да ми влагаат. Нас вратата секогаш ни е заклучена. Ради комшии без осет.
    Кому му требаме, ќе вика по нас. Не може кој коа сака да си влага. Не е тоа хотел промаја.
    Имам комшичиња шо нонстоп играат на улица со топка, и кога ќе ја рогнат влага у двор кај овие карши мене. А таму е збирштина на пијаници и наркомани, и сто пати им се издрале да пазат и да не им ја фрлаат топката у двор.
    И не одат на друго место да играат, подоле погоре на улицата, пошо не сфаќаат со кој си имаат работа, пошто се ДЕЦА.
    Од кај да знаеме следно паѓање на топката и влагање на децава како ќе резултира? Затоа за лице до 18 год е одговорен родителот.
     
    На cresa-jagoda и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Како да не сте свесни некогаш дека едно дете може да убие друго дете, се случува.

    Дете на 8 години може и се случува.

    Не намерно, не со умисла...

    ај да погодиме зошто нема да го судат како возрасен.
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Тоа никој не може да го знае инстикт е.
    Исто и со човекот не може да знаеш каков е и во што може да се претвори во иднина.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Затоа 16 очи...
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Па џабе ќе отвораш, во моментот кога ќе затвориш- оп!
     
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Офтопик, ама ова не е точно. Жената од Велес што го закла маж ѝ насилник полицаец пред некој месец беше ослободена од било каква казна. На тетка ми комшијата што имаше (и уште има) менувачница во Кисела Вода (го имаше случајот по телевиззии) доби ослободителна или условна (не се сеќавам) казна зашто застрела лопов кој се обидел да го опељеши. Така што, тејк ит изи со претпоставките, бидејќи ептен зависи од ситуацијата, но да, има случаи на луѓе кои во нужна одбрана убиле некого и биле ослободени или добиле условни казни. Дозволено ти е да се браниш ако ти е животот загрозен, иако идејата не треба да биде едноставно некого да убиеш, ами да го дестабилизираш, доколку е можно.
     
    На cresa-jagoda и Polyincognito им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Извини, ама за какви изговори зборуваш? Ниту семејството на детето, ниту сопственикот на кучето не се изјасниле (со причина), од каде ти знаеш што ќе се случува со кучето и како знаеш дека сопственикот се обидува да ја испере својата вина? Он се јавил и ти кажал? Работиш во ОЈО? Од почит малку намалете со претпоставки, ок разбравме дека ти најправилно би постапила, само недајбоже.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    1. Жената од Велес го закла во самоодбрана.
    2. На тетка ти комшијата или убила во самоодбрана (ако крадецот имал оружје), или имала дебели врски па добила ослободителна. Во нашава банана држава се е можно.

    Тотално неповрзани настани. Невооружено дете што ти влегло во двор не смееш да убиеш и точка.
     
    На Konfetka, Biljarkata и An-na им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.423
    Пол:
    Женски
    Дали ти тукушто спореди куче со дете? :^)
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.423
    Пол:
    Женски
    Ова не е исто, законски не смееш и не ти е дозволено да убиеш провалник како во америките што е. Барем јас така знам дека ни е таков законот :?:
    Инаку, ослободителна пресуда за се и сешто се добива кај нас, ништо ново.
    Туку... дали вие детето го направивте провалник?! :o
     
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Невооружено дете (или дедо што краде кајсии на пример, честа пракса по дворовите кај нас) што трча по топка секако не, затоа ѝ пишав, во самоодбрана, кога ситуацијата така налага.