Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Напади од кучиња - со причина или без?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Munchmallow20, 2 јануари 2022.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    80.072
    Пол:
    Женски
    Мајка му ја бара некој да прескока ограда и да влегува во двор каде има куче и сопственикот не е тука. Значи со ПРИЧИНА има знак ПАЗИ КУЧЕ. Не велам за случајов со детево, општо кој и да е. Не може сопственикот да е крив ако на некој му текнало да влезе во туѓ имот, преку ограда.
     
    Последна измена: 15 април 2023
    На Dita_girl, cresa-jagoda, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Има ситуации и има ситуации, ете ти набројав две ситуации во кои едната е одбрана од насилник, другата е провалник, значи судот (а не форумов) одлучува дека имало елементи за ослободителни пресуди. Не би рекла дека "сѐ и сешто" е убиство на тепач на жени и провалник кој може да те убие ама океј, секој со своето.
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Ама ние не знаеме кои биле точните околности, освен од порталите. Од тоа што се пишуваше, кучето било во бокс, а детето се прекачило преку оградата на дворот. Значи двор и бокс. Не се шетало околу слободно.
     
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.478
    Допаѓања:
    127.197
    Пол:
    Женски
    Вртете до сабајле и колку сакате. Но...
    Ни една страна не може да се исклучи од вина, морално гледано.
    За правно, судот ќе каже ако треба.
    Сепак е несреќа што можела да се спречи ако 2те страни се однесувале одговорно.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Тврдењата се од спротивната страна, најчесто за родителите. Птици преселници доаѓаат сега, па може носат и новини, па секој знае дека родителите дозволиле интеракција, а сопственикот не. Едните виновни, другиов нема одговорност никако. Ете тие изговори ги коментирам!

    Не ми е јасно и никогаш нема да ми биде како може сопственик на куче да не превземе одговорност за вакво нешто. Ај што расата е опасна, па уште и нафрлате оправдувања тука за истото! Уште буквално да напишете детето е криво!

    Поздрави ги во ОЈО. Кажи им дека живеам во нормална држава каде што има нормални закони и безбедносни мерки за оваа раса на кучиња. Може ќе ти текне дека системот во Македонија за истото е супер. Сакав да кажам, го нема воопшто.
     
    На Celltica и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека само пишуваш, а ништо не читаш.
    Многу ми е драго што живееш во земја која има закони и луѓето ги почитуваат законите, можеш да бидеш мирна значи, и не троши толку време и енергија да оправаш криви дрини кои ете технички не те ни засегаат, бидејќи не живееш тука и не ги "трпиш" последиците од лошите закони и лошиот систем. Али ваљда сол на рана триеш, или ватевр, или коментираш колку да се осетиш супериорно, или боље у врска со себе и својата безбедност. Да сме биле у Германија ќе било вака, ќе било така, супер неконструктивна дискусија, бидејќи не сме и ништо не може да се промени. Пошто ние сме у Пинтија, не у Германија. Кад би баба бил деда, звала би се Мишко работава.
    Она што беше достапно како информација, кажано беше дека сите инволвирани страни дозволувале интеракција, значи тоа беше проследената изјава, единствената од семејството.
    Она што никаде никој не го пиша и кажа, освен ти на форумов, во занесот претпоставки или во форма на трач, е дека сопственикот си ја "пере" вината и судбината на кучето која е.
     
    Последна измена: 15 април 2023
    На CameliaMiller, A94 и Cosmi им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    89.037
    Пол:
    Женски
    Прочитајте ја Мери Јордановска на фејс.
    за случајот.


    Родителите на детето замолиле да не се префрла вина на соседите, на сопствениците на кучето.
    Знаете во нивната болка,колкава доблест е тоа?
    Ама Лиана од Германија знаела кого да обвини.
    Мери разговорала и со сопственикот
    Тој не збори,липа и плаче.
     
    На FridaodaMk, cresa-jagoda, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Тоа ваљда дека се свесни сите дека се одговорни. Само на форумов знаат подобро.
     
    На Harper, cresa-jagoda, Polyincognito и 2 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.724
    Допаѓања:
    35.728
    Пол:
    Женски
    Ти очигледно не разбираш што ти се зборува.
    Како сопственик на куче си одговорна за неговите постапки. Дури и ако си презела секакви мерки за заштита (а во случајов не биле преземани) повторно си виновна ако твоето куче касне некого или недајбоже усмрти. Ете, толку е просто.
    Очигледно си и ти иста како секташине по ФБ што ги читам по групите. Значи, ми се повраќа од нив!!! Мери (иако ја почитувам како новинарка) во случајов воопшто не е објективна, бидејќи честопати ја среќавам во групите кои ги напоменав. Значи да ги читаш таму по групите, да ти се приповраќа искрено :puke: Јас имам куче. Го зедов со целосна одговорност, се грижам за него најдобро што можам, го сакам премногу.... меѓутоа никогаш нема да го ставам над човечки живот. Никогаш нема да најдам оправдување ако кучето ми е агресивно! Дури и да е само една епизода на агресивност, вината секогаш ќе биде кај мене и нема оправдување за тоа!!!
     
  10. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    Важи родителите знаат поише од она што Германија како држава вовела во закон.(fingers)
    Да знаеле они и соседите нивни колку опасно е кучето детето ќе беше попретпазливо али појма немаат.

    Сопственикот зел да чува куче кое е потенцијален убиец и мора да сноси одговорност ако тоа куче убие некого.
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    89.037
    Пол:
    Женски
    Кој дел не ти е јасен тебе.
    Во случајов му биле превземени сите мерки за заштита.
    Се што се бара од сопственик на куче !
    Од каде ти извади дека не се?!

    Апсолутно дека јас сум одговорна за постапките на моето 9 год куче.
    Исто и тој и ти.
    Напишав едно десет пати исто.
    Не е одговорен што детето влегло во бокс!
    Не е!
    Твоето куче кастрирано е?
    Едит:
    Кучето било слепо и глуво.Ова објаснува и зошто нападнало.
     
    Последна измена: 15 април 2023
    На FridaodaMk, LovelyGirl3, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.116
    Допаѓања:
    269.107
    Кучето на суд иде?
    И родителите на детево што не гледаат вина во комшијата се секташи?
    Оти тебе повеќе те боли за нивно дете, оќе е.
     
    На FridaodaMk, cresa-jagoda, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Кои претпоставки човече, оние што ти си ги измисли, испинува и се обидуваш да ми ги ставиш во речник? Сопственикот е одговорен за својот миленик, тоа беше муабетот. Ама нигде не реков дека тој, баш тој пере вина. Муабетот беше генерален дека од сопственик за било кое животно, за вакво нешто би се очекувало одговорност, а и треба да ја има, а не спротивното. Ги немаш пребришано очилата од утринава изгледа.

    Сто пати кажав дека двете страни дозволувале интеракција, се расправав со Косми која тврдеше дека сопственикот не дозволувал. Хелоу! Генерално беше писанието дека сопствениците се одговорни за своите миленици, а родителите за своите деца!

    Оддеднаш се избацува Абел, со многу конструктивната реторика и ме става мене во центарот на дебатата како вработена во ОЈО. Што очекуваше, аплаузи и овации?

    Еј, баш си фина што се радуваш за мене. За моја среќа не сум таму, ама погоди што. Не паднав од небо, имам таму свои и драги луѓе. Апсолутно не знаеш што и колку ме засегнува, ама чекај, јас бев таа што претпоставува нели, дај не ми го кради трипот жити се.

    Дискусијата почна да движи во правец како да се минимизираат вакви случаи, од таму дојдоа и споредбите. Среќа па дојде ти, па не врати во нормален колосек на ад хоминем. Од кој секако дека има само еден заклучок, не знаеш да задржиш аргументирана дискусија на ниво. Поштеди ме од празните наративи и остави ме да претпоставувам.

    Секако дека ништо не може да се промени, кога ги имаш Косми и Абел на форум, на кои системот им е и повеќе од драг. Пошо супер документација за агресивни раси на кучиња се добива како добро утро, па на некој тоа му одговара! На сопствениците најмногу! Насочете си го гневот на правото место. Да беше државата како Германија, јас ќе бев се уште таму! А спротивното, никако не ти дава за право да оспориш нечие право на коментирање, уствари, супериорност сакав да кажам. |(

    Јас многу убаво кажав дека е несреќен случај, дека и сопственикот ќе има траума. Никој не сакал ова да се случи и тоа јасно го потенцирав. Ти си таа што ја обвинуваш само едната страна, а ја переш одговорноста на другата.
     
    На sweet dreams ** му/ѝ се допаѓа ова.
  14. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Девојче, родителите не префрлаат вина зашто се свесни, разумни и покрај сета болка која не дај боже да ја осетиме некогаш. Не туку се дери! Ти тука што чуваш куче апсолутно недресирано, добро може знае да седи и лежи на команда, во стан кај што немаш бокс предвиден за стан, зашто сигурно нема место, дај боже да е стерилизирано нели најде да расправаш криви дрини и да влегуваш во расправи за закони и како се чуваат кучиња. А и сигурно немаш знак на влезна врата пази куче, зашто твојот прцул е бебушка и не е опасна раса. Мислам пресмешно.
    А и Мери ако не е објективна, ти повеќе си. А може и ти си таа што не разбираш што ти се кажува. Да ги исконтактираш родителите, да им сугерираш и сопственикот да го успијат ако не. Оти ти знаеш многу критички да расудуваш.
     
    Последна измена: 15 април 2023
    На FridaodaMk, cresa-jagoda, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.116
    Допаѓања:
    269.107
    Лиана, како ќе бев крива да беше моето куче после се' преземено по закон и повеќе?

    Еве озбилно прашувам. Како сум крива и поради што, немав опасна раса туку џукела, 30 кг, сосема доволно голем. Знаеш дека не давав никаква со никого интеракција без мој/на татко ми надзор.

    Кажував да не го пуштаат детето.

    Што ако било кога било како го повредеше?

    Еве не угриз, скокнало, падне детево на глава на бетон?

    Да се потсетиме само дека начинот на чување од моја страна ќе беше добар според вашиве закони.
     
    На cresa-jagoda и Polyincognito им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Што си упорна еј. Мислам дека веќе сто пати напишав дека кучето е потенцијално опасна раса, а сопственикот очигледно недоволно информиран за истата.

    Никој не зборува овде за тебе, за упорно да ги поставуваш истите прашања цело време. Што сакаш да ги кажам. Не Каме, не си крива. Само шо не коментирам твоја ситуација, туку туѓа.

    (facepalm) И леле, стварно не можам веќе да се објаснувам. Одам филм да гледам, ме чекаат децава. Ако не ме мрзи после, ќе пишеме пак.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.116
    Допаѓања:
    269.107
    Да, затоа што не може по секоја цена да си крив.
    Не може и не е никаде така.

    Во конкретниот случај сите се криви.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Леле бе, да ми пиша! :rofl: Бар си искрена, шо те сакам ваква бре. :D :l:
     
  19. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Го дотепавме објаснувајќи. Морално сите се криви без исклучок. Законски никој и тоа е тоа. За мене доволно е родителите што се разумни во вакви тешки моменти.
     
    На cresa-jagoda, Abel, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.116
    Допаѓања:
    269.107
    Глеј си филм ;)
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.