Дефинитивно испревртуваш не си свесна ни сама колку. Ама еве нека си стои колку за референца. Ти пиша Јас те прашав. Па после се предомисли дека не си пишала, ама во првиот цитат алудираш на "перење" вина. Ова стварно не знам како да ги го искоментирам,едноставно зајде.
Буквално, и тоа сѐ во борба за да се докаже кој е бољи, посовесен и повеќе моралист, познавач и пишувач на закони, али на зборови и на форум. Страшно.
Треба објективно да се коментира и тоа е се. Ама ете ние сме секташи, и нас кучињата ни се побитни од луѓето. А другите се тие исправните што само чекаат момент да вперат прст во некого. Магичниот одговор на секоја заебанција : ДА СЕ ОДГОВАРА, а кој што треба да одговара па и не е така битно. Ама знаеш само така се исправа држава. И тако то
Абе нема тој за што да си одговара, ама, АМА, АМАН ЗАМАН нека забранат веќе размножување, секој миленик мора стерилизиран, точка. Прво од таму да почнеме. Пудла или ротвајлер, НЕ може секој да размножува. Се знае кој, како изгледа одгледувачница. Прво таму да се освестиме дека не е ок да штанцаме кучиња за продажба. На овој 2те повозрасни му се увезени, за малото не знам, не би рекла дека не ја познавал расата. Само не очекувал, како што никој не очекувал посебно кога кучево со години се галело со детето. Ни мајкава не осетила опасност, не верувам малку јанѕа да ја јадело дека ќе го пуштела. Само акл, ништо друго не ни' фали колективно.
Сакам исто на темата за улични кучиња да искоментирам дека ние уствари и немаме стационар. Лајка супер, прават нешто колку се можности ама џабе е се кога ги враќат назад на улица. Треба стационар, стационари, кој ќе добиваат огромни средства и ќе ги задржат кучињата се до нивно вдомување. А не тоа да го прават поединци и да молат за донации. А у меѓувреме што викаш се штанцаат кучиња во такозвани огледувачници. Зимат расни кучиња па огласи, па ги парат па тука продаваат без никаква законска дозвола и тако даље. Не знам до каде ќе иде ова и што повеќе да се случи за да се покрене свеста
Па е. И со години се труби дека е. Пријавувам јас, пријавуваат други. Е да одам да изигравам џандар не можам.
Вие што кажувате дека е крив сопственикот на кучето и кучето што нападнало, дали ако некој ви влезе дома како натрапник, ако тој некој ви е добар пријател, роднина, комшија, ама НЕ сте му дале клуч и дозвола да ви влезе дома, туку скршил врата или прозор и влегол, кога ќе го начекате ќе го угостите со кафе или? Ќе си речете дека со добри намери ви провалил дома само затоа што го познавате? Па уште и бебе ако имате дома оставено нема ништо лошо да си помислите? Нема да си речете дека дошол да ви го киднапира бебето или нешто друго да ви украде? Со мирна глава ќе чекате објаснување, за нешто што не може да се објасни? Нема да се чувствувате небезбедно, нема да нападнете? Јас мислам дека најголем трегер на кучето му било влегувањето преку ограда плус во време кога сопственикот не е дома. Плус влегување во бокс каде што има бебе куче. Па и вие да сте биле на местото на кучето ќе сте нападнале во тој момент. Кој сака нека е, ама не е исто некој низ порта да си влезе најнормално културно и истиот тој да прерипува ограда. Детето како дете не може да размислува за последиците, ама затоа родителите се тие кои треба да си ги воспитуваат децата и да им бидат секогаш пред очи.
Овој не нуди помош. Овој се промовира. И ништо конкретно не посочи. А и ај ако не сум разбрала дали овој ја кажа причината за нападот или треба да ја купам и прочитам книгата?
Ни вјус не им давам. Гиевски е? Ако е тој, не е кинолог, не е ни дресер со сертификат, пансион за кучиња има.
Ефто Стојановски, ако не ме лажат ушите. Дресер бил, со книга која ја спомнува ама ништо од неа не кажва или шо било практично. И да, не вреди за вју. Изгледав јас, не мора и ти.
Не, не е тој, некојси дресер што си промовира книга. Овие медиумите немат ни е од етика. Знаат дека родителите, роднините на починатото детенце гледаат. Страм да им е на овие алфа, не се салам, знај овај што се случило нема грешка, таму бил, го познава кучето па сега си дава за право да јади гомца на телевизија.
Баш он вели дека треба да се истражи подобро случајот а не дека знае што се случило. Како добар дресер и те како е компетентен да даде мислење.
Ми падна во очи моментот кога вика дека и го препишале нападот на кучката од 12 години, затоа што таа повеќе не носи пари, за да го спасат 6 месечниот булмастиф кој кошта многу пари во моментов. Јас колку што разбрав, сака да каже дека социјализирано и дресирано куче не напаѓа, туку дека тоа го направило малото куче а вината ја префрлиле на големите, бидејќи малото е недресирано и несоцијализирано, ама кога ќе се издресира и се останато, ќе земат многу пари од него..
Ова е интересен момент ако е точно ама не ми се верува зашто сопственикот нема да виде к од куче дома до крајот на животот, т.е сите ќе му ги одземат.
6 месечно кученце не знае да одземе живот и не верувам дека е посилно од возрасна женка, ниту дека е доволно возрасно за агресија. Јас би типувала на женката, не дека мажјакот не можел, но за да нападне дете кое го познава треба да има сериозен тригер или да не е добро. Женката е најстара, слепа и глува, тотално може да не ни знаела дека не е некој "туѓ". Секако може и помладиот мажјак, иако би ме чудело зошто тој бидејќи е здрав би нападнал со цел да убие личност која ја познава. Може да е било кој од двајцава постари, кученце 6 месечно е тотално нереално било кого да убие. Сепак 8 годишно дете е секако посилно од 6 месечно куче, од која сака нека е раса.
Па да, моментално немав претстава колкаво може да е бул мастиф 6месечно куче, ама реално бебе е тоа, така да во право си