Многу сте јаки вие со "јас сакам животни амаааа". Бро, или сакаш или не сакаш. Не може чивавата да си ја сакаш, а уличното мешанче да го шутираш или труеш. Смешни сте
Не ги гледаат уличните кучиња како живи суштества, затоа.Само расните домашни миленичиња им се битни. А најинтересно е што голем дел од уличните се токму од такви сопственици што си имаат куче додека им е интересно, и после кога ќе спласне меракот, толку, ќе го шутнат. Стерилизирајте/кастрирајте си ги кучињата и не ги фрлајте, и ќе нема толку улични на секој чекор.
Не знам дали некој го постираше видеово каде што пудбул (на сопственик) нападна девојче, затоа што сељакот го шетал без маска: https://twitter.com/_losha_devojka_/status/1478045337369649162 Според мене казните за луѓе што шетаат поголеми кучиња без маски треба да бидат огромни, исто и за мало куче ако касне некој. А за уличниве кучиња, ако има пријави за кучиња што напаѓаат, службите треба веднаш да ги заловуваат и неутрализираат. Не може животот на кучињата ни под разно да се става пред човечкиот живот.
Ама гледај, мене ми е разбирлив стравот од улични, имало инциденти, не е наивно, ама не може да се трујат и убиваат кучиња а да се ослободуваат од одговорност луѓето заради кои тие кучиња се на улица
Да. Куче може да нападне од некоја траума или лошо искуство од претходно. Ама ги има превише по градовите. И за мене колку и да ми се слатки жал ми е што се на ладно и најчесто гладни и некастрирани. Во мојот град и на гробишта врие од кучиња и мачиња. Ама тие животни не се отишле таму сами, ги фрлаат луѓето како да се партали. Или крадат расни додека по групи има апел секогаш да се вдоми милениче независно дали е расно или не. Ама само кај нас ова го има. Често гледам "џукели" посвоени од Мкд во странство и пресреќни се. Изгледа по Англија не знаат што е раса, само во Македонија тоа е памет.
Многу е нефер да обвинуваш дека не сакаш животни само затоа што не сакаш да те напаѓаат. Факт е дека низ градов има еден куп индивидуални кучиња, но и глутници што напаѓаат. Улични, домашни, whatever. Океј, ќе се согласам дека напаѓаат со причина, но исто така ќе се согласам дека не секогаш нападнатиот ја дал таа причина. Можда кучето е недоволно прошетано, му се насобрало агресија, нервоза, можда е недоволно нахрането, можда си има своја територија што си ја брани од минувачи, можда било удрено од кола, истрамаутизирано, можда е подоминантно, грубо игра, нејќе ваков таков поглед, а можда 2 минути пред да си поминал ти, некој го удрил, го изнервирал, и потоа на тебе се пуштил. Сè е можно. Но како и да е, сопствениците треба да си ги пазат своите миленичиња, а за уличните ако државата не помогне, тогаш секој има право да се одбрани во случај на напад како знае и умее. Дали ако човек од било која причина те нападне на улица ќе оставиш да те тепа или ќе се браниш? Дали неговата причина каква и да е, ќе ја оправдуваш? Искрено некои муабети се рамни на "кој ти е крив сукња што си носела".
Исто како што нема да дозволам моето дете утре да излезе на улица и да тепа или каса деца, така и на моето куче не му дозволувам да шета слободно, без разлика колку е мил, мирен и воспитан пред мене. Нашето куче го пуштаме на места каде нема луѓе при прошетка, или каде истите се доволно далеку да тој не замине накај нив, што е многу ретко. Еднаш, два пати додека беше мал се залета по други луѓе мислејќи дека сме ние, ги преплаши (сакаше да се гали) ама тоа беше доволен знак дека треба да се воспита подобро и да се држи на поводник. Јас го сакам и му верувам, ама никој не е должен поради мојата самодоверба да трпи стрес, траума или се движи ограничено, а камо ли да внимава на тригери или не знам што. Но, доколку истиот влезе во мојата куќа двор или го ремети кучето без моја согласност, мое присуство и слично, тогаш нека биде спремен на последиците.
Прво, како тоа од една страна викате дека требало да го реши некој проблемот со кучињата, а од друга страна "уште тие фалеле на глава" како проблем кој треба да се реши? И второ, никој не може да прибере толку кучиња колку што несовесни и прости луѓе можат да фрлат. Пресмешни ми сте со тоа "аКо гИ сАкАтЕ тОлКу пРиБеРеТе Си Ги". А исто така со она "Јас сакам кучиња АМА..." И не, не ги бранам кучињата што нападнале и каснале некој недолжен, но ако барате кривица во некој барајте во оние што ги фрлаат на улица пошто тие не паднале од небо тука, а најмногу во државата. Екс другарка се караше со мене бидејќи сум ги бранела џукелите, а исто така беше против стерилизација и дека најдобро било да се фрлат малите кучиња на улица отколку луѓето да мислеле за кучките да фрлале пари. Ама битно е да земиш куче, не е битно дали можиш да се грижиш за него или да си едуциран/а за сето она што му е потребно. Треба повеќе иницијативи за правење шелтери за уличните, и исто така огромни казни за испуштање миленик, исто и ако те нападни и повреди домашно куче. Како ова го имаат решено многу други држави, а нашава не може? Може, само не се сака. Ќе се створа вака само хејт кон кучињата бидејќи се кучиња и ќе се трујат повеќе.
Nema sansi da se site ulicni kucinja ispustani od sopstvenici prvo... i koj ke go kaznat ako te kasni ulicno kuce
Не се сите да, голем дел се раѓаат таму од такви претходно некој што ги фрлил. Ако те касни улично куче треба да ти плати оштета општината/државата, ама не ни треба да дојде до тоа ако сите кучиња уредно се прибрани во шелтери, како во нормални држави каде што нема скитници.
Улични кучиња да нема, бројот од нападнати луѓе ќе биде значително намален. Не знам зошто и која е причината што кучињата напаѓаат, но знам дека има нападнати луѓе од ништо нешто и тоа е факт, а поголем број се деца оти не можат да се одбранат. Оние кои ги земаат да не ги пуштаат по улица кога ќе им здосади, оти не секој може да вдоми улично куче.
На познаник пред негови очи му го задавија кучето оти на другиов газда жал му било да го шета врзано. Исто мала раса неговото и уредно го шетал, а другово огромно. Што се случи после не знам, дечково едвај го прежале сиротото. ******************* А не знам кој каде оправда труење и малтретирање на кучиња. Како правите дефокус на проблемот кој се дискутира, свака част, зашо никој не оправда труење. И ваљда ако сакаш животни треба да ти е сосем океј да те изедат жив. Ако за прави љубители на кучиња ги сметате оние кои на оној што го утепа кучето во Дебар маало му протестираа пред домот и му посакуваа смрт на жена и дете со најпогрдни зборови...за мене тие уште поголеми амеби беа ама океј. На невино дете да посакуваш смрт треба да си апла нетокму, макар и најхуман бил према животни. Едит - во нормална држава и дотичната која на спомнав претходно ќе ја чукнеа убаво по џебот и сите како неа. Можда и насловот на темата е погрешен зашто првичната поента мене ми беше баш однесувањето на госпожата
Додека има луѓе во државата ќе има улични кучиња. Јас би, секое домашно куче да подлежи на стерилизација/кастрација, законски, со драконски казни за спротивни дејствија. Ако сакаш да купиш, ќе одиш во одгледувачница или ќе вдомиш улично куче. Ништо не функционира во државава, така да, за жал постојано ќе има кучиња скитници. Решение не гледам, освен да се отселиме колективно, како и за се друго што нема решение или пак само на хартија фигурира.
Сис ако сакам кучиња не значи дека сакам да ме напаѓаат!! Нити сум шутирала нити вознемирувала ниедно куче па ме напаѓале башка сите кучиња што ги имам чувано биле џукели. Ми личиш како оние од Анима Мунди имаше едно клипче како човек на велосипед се брани од куче кое го имаше фатено за нога, човеков нормално се брани и го удри и една му се пушти зошто го удрил кучето... мислам сериозно треба да седам да ме распарчи за да не го удрам? Да ме нападне мене или дете мое со заби јас ќе го распарчам што се вели. Колку ли домашни кучиња си го нападнале газдата што ги рани, кучето на девер ми колку пати му се има пуштено и ржено, а го чуваат како бебе. Да ме нападне куче што го чувам и ранам одма на успивање оди.
Јас пуштам раце по секое куче, сите ги галам и никогаш не ми дошла мисла дека ќе ме нападне некое, а не ме ни нападнало. Се галат, скокаат по мене, мрдаат со опашките, ме следат. Не знам, можеби стравот го осеќаат па се плашат и тие и обрамбено реагираат? Никогаш не сум видела агресивно куче ни имам искуство со каснувања и напади.
Секој кој има куче, треба да стави ознака. Обично на порта им стои „Пази куче“, и за тоа има казна, ако поседува куче, а не истакнал. При теренска работа опуштено ѕвонам на врата, жената со бледа фаца отвора и ми вели „влези веднаш не се собувај, имам опасно куче, и кога го слушнав ѕвоното ми летна ѕвездата кој ли влезе во дворот“. А таа имала пит бул, ама за среќа бил зад куќата. Значи има закон за се, ама кој да спроведува и казнува.
Абе како само вас што не ги сакате ве напаѓаат? Еве скоро 30 години не ми се десило од улично ништо. И као сите што се на улица напаѓаат, ја направивте работава прст надвор да не пружиш, doggo апокалипса е надвор. А тоа што воопшто помислуваш на успивање, доволно кажува за тебе и твојата "љубов" Не ми прави глуп муабет молим те.
Не се потсмевај со туѓото искуство, само затоа што си имала среќа да не бидеш нападната. И тоа нема врска дали си љубител на кучиња или не си, дали си лош или не си, буквално може да се случи на секого и секаде.
Многу што пишуваат на темава имаат фобија од кучиња. Тие и да им мафне со опаш покрај нив ќе побегнат избезумено ко да ги нападнало. Поради тој страв сметаат дека секое куче треба да се елиминира,да не постојат,да ги нема. Јас до 35 год го имав тој страв,преку улици бегав. Сега чувам,ранам и се грижам за улични стерилизирам. Грешката е на системот. Задолжителна стерилизација ,па нема да има кучиња на улици. А би рекла и дека поопасни се невоспитани несоцијализирани кучиња со сопственик од уличните.