Си се "просветлила" на 35 години и сега мислиш дека сите се во заблуда (фобија) и дека треба да се излечат ко тебе, игнорирајќи еден куп приказни за напади и обиди за напади од кучиња. Не било напад, кучето само мавнало со опашката и од нашиот огромен страв лузна сама се направила на образ.
Јас не се просветлив туку се изборив со моите стравови. Дека има напади,има од најразлични причини. Никаде не напишав дека нема. Ама во стравот се големи очите па во секое куче гледаш опасност и бегаш ако ти се приближи, е и тоа има. Да не се правиме будали.
Веќе се знае колку сакам животни секакви, а особено кучиња. Куче со сопственик треба да е на поводник. Крај. Ако касне, не се работи за енергии и чуда, се работи за тоа дека не било на поводник. Дали има нешто во тоа дека кучињата осеќаат, не исклучувам ништо, јас имав куче поим за милина, со возрасни, со деца, со други животни, со сите беше прекрасно, па на една жена постојано и ржеше од комшии, не само моето куче туку и други кучиња и ржеа без очигледна причина. Тоа не значи дека треба да се каснати таквите луѓе. Друга работа е што треба сите да се соочиме со фактот дека има бездомни кучиња кои се напуштени од сопственици или незгрижени од државата и стално велам, за мене лично, човек што не може да најде 2 посто емпатија во себе за животно што нема природно како да се храни, нема плен, целосно се зависни од нас, на ладно, на снег се тресат, на цименто спијат, нејадени по 2 недели, е таков човек кога ќе каже Нека ги отрујат ми е гајле, пошто он имал страв, јас од такви особи бегам подалеку, бидејќи многу пати ми се докажало дека се безобѕирни и несвесни за многу работи, не само за кучињата. Мене ми е страв од пајаци, имам сериозен страв до степен на плачење, па кога ќе излезе пајак во веце, маж ми го собира во пластично и го изнесува надвор, зборам за пајак, не мислам дека треба да умре зошто се нашло тука не по своја вина, а не па за комплексно животно ко куче. Ама утопија се муабетиве. Средени држави немаат бездомни или имаат многу малку, ние глутници по улица. Ни на кучињата убаво, ни на нас убаво, убаво им е само на оние што се збогатија ко и за све друго де.
Мн ми е интересно како се објаснува за кучињата зошто напаѓале, се правдаат како да се луѓе што може да расудуваат. Најголем број од кучињата само се силат од страв веројатно, а напаѓаат кога ќе видат дека некој бега од нив, трча итн. Небитно зошто напаѓаат, само државата и општината мора ова да го решат на хуман начин. И ако се сака, сигурно може да се најде начин и да се вложат пари. Без разлика дали стравот е основан или не, секој треба да се чувствува сигурно кога ќе е на улица. Не се криви ни луѓето што се плашат, ни кучињата. Криви се тие што ги напуштаат своите миленичиња, згора на тоа не ги ни кастрираат и крива е општината/државата што не вложува во овој проблем.
Пред почетокот на пандемијава, ќерка ми поголема, ја касна куче за нога, одпозади, без никаква закачка претходно. А ќерка ми обожава и до ден денес кучиња, мачки, секакви животни. Јас со количка, она позади мене, на уличката кај што живееме, кога одеднаш детево врисна, ова мало како лисица, позади за лист ја џапнало. Верувајте дека, колку што сакам животни бев во состојба да го задавам на лице место. Едвај ја смирив со бедоксини, дете од 4 години, па инфективно, па преврски....за траума да не збориме. Маж ми беше на работа, со брзина на светлината дојде дома. Фала богу што сега нема последици и сеуште сака кучиња, мачки. Значи, за мене во куче верба нема, ма ни на своето не му верував безрезервно, а не па на туѓи или улични
Бидејќи државава не пре А што да ме искаса или дете да ми искаса и награда да му дадам ако не. Бог да чува имаш среќа што не те нападнале или дете не ти нападнале да видам дали вака ќе размислуваш.
По глуп пост и да сакаше, не можеше да напишеш. Ко некоја што кажа, како тоа неа не ја силувале, туку на други им се дешавало. Сами биле криви оти биле жртва на напад на куче Животно е ало, си има животински инстинкт, нема мозок и емоции да размисли за последиците. Ама ко што гледам, некои што изгледаат како луѓе, немаат мозок, не па животните Двапати ме има нападнатно куче, прво германски овчар, после доберман. Во тоа време, и двете кучиња беа поголеми од мене, затоа и толкав страв набив. Мало дете од 15тина кила да биде гонето од волчјак од 40тина кила. Па ко мечка да ме нападна, а не куче. До пред десет години имав ужасен страв од кучиња, бегав одма ако чујам куче да лае. Вртев по други улици само да не видам куче пред очи. Сега, за среќа, живеам во нормална држава каде што нема ни едно улично куче, па сум си раат. Домашните на мои блиски ги обожавам, ги хранам и гушкам без страв. Дури и да ми ја загризе раката дури си игра не ми е страв затоа што им верувам. Кога ги шетам, ги држам блиску до мене, за да не исплашат некој. Оти знам какво е чувството да ти е страв, а газдата на кучето да те уверува дека нема ништо да направи.
Еднаш ме има каснато улично куче а повеќе пати ме имат нападнато. Ни сум им нешто направила, ниту викала. Само морам да ја поминам улицата од оваа страна. Нема друг начин. Не знам какви луѓе оставаат кучињата надвор да шетаат а не во двор или куќа. Па шо треба да тужам граѓанин или општината. И шо ако? Кога сите се штитат еден со друг и пак ништо нема да се смени. Затоа викам такси во касни часови а кога не можам да најдам одам со страв. Едвај чекам да си земам кола и да не морам такси да барам. Ненормално е колку луѓе ги оставаат на пат, или во друг град. Ако си се решил да го чуваш чуви го бе. Ама тука ќе мора и општината да се умеша, мора да има закон и следење на тој закон. Оставиш милениче и да те следуват последици, казни.
Од што се бранеше тоа што ме нападна мене? Јас се враќав од маркет и бев на 60 метри од него. Го гледав, му зборев, го загрозив? Се читаш сама? Зошто не те нападнале, демек дека не ти било страв, па затоа. Мене до пред да ме нападне не ми беше страв, тоа ќе го објасниш некако со твоето болно размислување? Неколку недели пред нападот, мечка галев во Бугарија на плажа, еве ако мислиш дека имало страв во мене. Тресеш зелени а после си безобразна. Не била таа нападната, догго апокалипса имало демек Не знам како не ти е срам тоа да го напишеш, на многу што биле жртви на кучиња
Кај страв, кој страв. Друго беше поемтата која си ја промашила тотално. Ај не ми измишљај и не ми филозофирај. Продужи даље.
Еднаш ми се случи одев на тротоар не го ни приметив кучето, од другата страна беше на другиот тротоар. Со трчање, 'ржење, само што ја завртив главата до мене беше. Директно да ме нападне. Среќа човек доаѓаше на кај мене, го избрка. Секунда беше, како и што кажав, не го ни забележував а и подалеку беше, од другата страна. И тоа сред бел ден. И да се плашев, што не се плашев, не го ни заприметив. Дури јас го видов тоа веќе беше спремно за напад. Сакам кучиња, сакам и мачки ама дека можеш со сигурност да кажеш нема шанса да те нападне некое на улица, е безврска. Жално само за настраданите.
Зошто упорно ги ставаш во исти кош останатите кучиња со пит булите, кои се едни од најопасните кучиња во светот поради што во некои земји и се забранети за чување. Мешавината од раси пак се уште по опасни, затоа не секое куче е за чување. Јас на пример ги сакам кучињата, ама одсекогаш ми е страв од пит булови, ротфајлери и другите за кои сметам дека треба да биде строго забрането нивно чување. После ќе се чудиме зошто напаѓаат. Во кој град ова? Бидејќи освен во Скопје другите градови немаат еден асален стационар.
Ее како го изврте муабетот… врска нема ова што си пишала. Овде ниедно куче нема на улица. Никаде не пишав дека ги ставам во ист ќош, споделив случаеви за напади. Читај убаво, не ми ставај зборови во уста што не ги кажувам.
Куманово има, кај ветеринарната станица мали кафези, и во селото Четирце во Општина Старо Нагоричане знам дека имаше стационар. Ги собираат од улица, третираат, и кој сака знам дека можеше да си водоми. Како и да е, по градот сум видела некогаш само 2-3 кучиња, и тоа мирни, си лежат, не трчаат по луѓе. Ама тоа треба некој да го плати. Знам дека општината даваше пари за тоа. Сигурно уште тоа го практикуваат и нема каснати луѓе.
Илјадници години луѓе чувале кучиња за други намени, а не да излегуваат на кафе со нив или да прават деца од нив. Да не се лажеме. Најголем дел чуваат, затоа што тоа е тренди и „урбано“ моментално и замараат цела околина околу нив. Пред некој ден мочам во машки тоалет и типка ладно влегува и ми вели дали може Кекси да мочка таму (нема да навлегувам во тоа пак какви имиња им ставаат на кучињата, тоа е посебна дијагноза). Пола минута јас молчам и ја гледам, а и таа мене. Што да и кажам. Всушност, ништо не и кажав. Само измив раце и си излегов од тоалетот.
@Abracadaver во право си дека чување куче стана помодарство. Познавам девојка која кучето го третира подобро од што некој третира дете. Мене тоа ми е претерано. Секој ден по неколку слики што прави кучето, па кучето околу елката, па кучето на прошетка. Па тоа е само куче, ок.
Куче без причина да нападне мали се шансите. Најчесто се предизвикани, со свои очи сум видела да малтретираат животно и после ги напаѓа, епа ги напаѓа. Многу од уличните животни се прегладнети, некои и малтретирани од порано, па во потрага по храна повеќе денови може и да нападне. Кога сите би оставале по малку храна, нема да се случуваат такви работи. Ама не, подобро е да се фрли во канта отколку да се даде на животно, кај смее животно да ни го узурпира просторот на живеење Факт е дека општините не се грижат доволно за бездомните животни, ама знам случаеви каде намерно пријавуваат каснување за да земат пари за оштета, гнаси од луѓе. Ставете се во позиција да немате ништо за јадење, сите да ве бркаат, да спиете на ладно... Не е пријатно нели? Животни што порано биле малтретирани, заради таа траума може да нападнат. Јас разбирам дека има луѓе што се плашат, може и биле каснати од куче, ама тоа не значи дека треба да се толерира нивното "да ги нема", па да се изживуваат врз животните оти некогаш биле нападнати. Од такви луѓе ми е страв, оти таа злоба утре може и на луѓе да се манифестира. Ни треба полиција за животни и драконски казни, па да видам дали некој ќе се осмели да малтретира животни. Совет до тие што се плашат, не ги замислувајте кучињата како диви ѕверови. Како што кажав ретки, ама многу ретки се случаите куче да нападне од чиста мира, најчесто се приближуваат заради галење, играње. Низ светот дури и на кампуси на универзитети ги чуваат за да им помогнат на студентите да го редуцираат стресот. Во Истанбул дури и во дуќани ги оставаат да преспијат, ги хранат, ги пуштаат и во јавен превоз, буквално насекаде и сите се пријателски настроени кон животните, а бројот на напади е минимален. Кај нас тоа е незамисливо. Полесно е секогаш да се криви тој што е послаб. Ми се гади Што народ ќе бевме?