Упорно промашувате поента ама добро. Ништо чудно и вие да ги шетате без поводник или сами скрос да ги пуштате надвор оти нели чим имаш куче, цел простор е твој.
И јас за ова имам слушано, намерно провоцирале кучиња да ги нападнат за да земат оштета. Поголемо животно од човек не постои. Ко мала еднаш гледав еден ненормален каде што имаше в ќош куче зачекано и со цигла го маваше, а тоа квичи ли квичи, но нормално страв ми беше да му појдам да не ме акни и мене после. И како после тоа куче да има верба во луѓе? Очекуваме од нив да се однесуваат ко животни со разум...oh wait. Се знае, за напад од домашно куче одговара сопственикот, а напади од улични не ни треба да има кога би биле сите уредно прибрани на соодветни места. За овој народ само по џеб мавање, огромни казни за сѐ, па пак да те видам да ги фрлаш малите од кучката оти не сакаш да стерилизираш. Не обвинувам никој нападнат и каснат, ни кучињата што се нашле на погрешно место и/или со погрешен сопственик. Во државата и луѓето е кривицата. Имаше цитат што велеше нешто ко: Големината на едно општество може да се види во начинот на кој животните таму се третирани.
И? Очигледно немаш чувано животно па не знаеш колку љубов ти пружа милениче и колкава поврзаност се создава.За тебе е само куче, за тој што го чува и го сака не е.
Намерно за да извлечат пари А знам за такви случаи каде ги малтретирале животните, па дури и повеќе денови за да ги предизвикаат да ги нападне, и после и други луѓе се нападнати заради овие гнаси. Е за такви казни да не може никогаш да ги отплати, па да видиме дали ќе се обиде некој слично нешто да прави.
Тоа е само куче?помодарство? Не си чувала затоа. Ги третирам како членови на семејство и ги сакам многу,имам салонски кучиња од ф9 група кои се чуваат дома внатре зошто крзното и тие раси не можат да живеат надвор.
Имам чувано, тоест татко ми го чуваше и почина од старост. Од каде заклучивте дека не сум чувала? Мора ли се да се каже и нацрта на форум? Мене ми е премногу тоа сликање постојано на кучето. Луѓето децата не ги сликаат толку многу. Миленикот пружа некоја лојалност, знае кој го храни, чува, но, тој не може да ми биде замена за дете, или да го третирам како дете. Во стан ми е нехигиенски да се чува куче. Ние го чувавме во куќа надвор, ама почина, оти после 10 години, кучето веќе е старо. Нашево живееше некадде 15 години, ако не е и повеќе.
Епа на татко ти било повеќе, не твое, штом не разбираш зошто некој би си го сакал толку кучето.Не знам каде виде дека кучето е замена за дете, но во секој случај тоа колку некој друг ќе си го слика кучето апсолутно не е твоја работа. Инаку во стан се чува, и тоа како, сѐ додека се води хигиена и се чисти редовно нема проблем.Не знам какво куче сте имале, ама јас кога ќе видам мало куче оставено само надвор ми е многу жално, посебно во зима.Да не зборам за кучиња заврзани на ланец.
Па секако дека не е моја работа, јас не сум полиција која забранува да се ставаат слики од миленици по Фејсбук. Таман работа, ама па веројатно не е со закон забрането да се коментира дека со нешто се претерува по социјални мрежи? Татко ми беше надвор од земјава, така што јас го хранев и да, кучето покажува некоја лојалност. Но, тоа е само лојалност. Ако во иднина инвестирам во нешто, би инвестирала во дете. И да се случи да немам свое дете(не знаеме што носи животот), имам деца кои ми се во крвно сродство. Подобро денес на детето да му купам едно чоколадо, отколку да купувам храна за мачки. Инаку, на нашево куче му дававме тоа што ние јадеме, храна од маркет за кучиња, тоа не сме купувале. Во Скопје кај нова железничка има кафич каде е дозволено да се носат миленици. Пишуваше Pet на него, ама тогаш сите кои пиеја кафе беа без миленици.
Мали, ама доволни за да направат беља. Да бевме асолна држава, ќе немаше скитници, ќе си ги водеа сите врзани кучињата и немаше да ги котат, па после да ги фрлаат на улица. Кучињата се кучиња, ние сме луѓе. Ние треба да размислуваме што правиме со нив.
Јас не сфаќам што упорно спомнуваш деца па деца.Можеш да имаш и дете и куче, како милион луѓе во светов, замисли.Не е сведен изборот на едното или другото, а реално и огромен број семејства повеќе земаат куче за децата отколку за друго. Луѓе што стварно сакаат животни не ги гледаат миленичињата само како суштество што треба да е нахрането туку како член на семејство.Многу е едноставно. А тоа што спомнуваш дека не сте му купувале храна од маркет, не разбирам, како пофалба го спомнуваш, или?
Како нема врска кога и во двата случаи станува збор за пит бул, знаеш колку е опасно да чуваш такво куче? Нормално дека ќе ја искаса кога таква им е расата со напаѓачки инстинкт. Чуваат кучиња, а незнаат какви им се карактеристиките, па после кога ќе бидне бељата кучето е криво.
Ти очигледно не си упатена што се случува во твојот град. Гледаш по две три кучиња, затоа што другите завршуваат овде. https://www.radiomof.mk/aktivisti-i...ezdomnite-zhivotni-vo-kumanovskiot-stacionar/ https://gradina.mk/vreki-so-ubieni-kuchina-meditsinska-oprema-horor-vo-kumanovsko-fotografii/ Ова ли е хуман третман?! Најстрашното е што и во другите градови е истото. Желудникот ми се превртува.
Ок, извини што споделив случаеви не требаше воопшто. Човек ништо да не сподели овде се,се вади од контекст.
Да пишам според насловот на темата.... Да и јас верувам дека куче напаѓа со причина, освен оние раси што имаат агресивни гени и таква им е природата едноставно. Е сега не би требало да се навлегува толку која е причината затоа што не секогаш нападнатиот го предизвикал, знам и по себе од нигде никаде ми се пуштале и сами и глутници. Си одиш по улица тоа од друга улица те забележува и ти се пушта. Не е наше да сме психолози за кучиња, кинолози или како и да се вика туку да се работи на тоа да ги снема таквите настани. Секој има право да стигне кај што тргнал без да се брани од кучиња. Но во нашава држава што функционира како што треба па и ова да се реши? Тргнувајќи од менталитетот, неодговорноста на сопствениците па до надлежни органи за тие работи. Нема закони за тоа а и да има како и за се така и тоа ќе се провлекува и така.... И морам да коментирам, ги прочитав сите мислења и не можам да сфатам како може некои членови да си дозволат да навредуваат други заради различно мислење. Ниту го знаеш ни познаваш му велиш лаеш по форуми, ненормална си, не јади трици, болештина и уште некои има не памтам. Тоа многу кажува за вашата култура само што и би требало да бидете банирани штом комуницирате со навреди. Секој има право да си каже мислење.
Многу ми се допаѓаат овие твои поговорки а уште повеќе би ми се допаднале доколку работите ги гледаш во поголем размер. Кучето е одговорност исто како и останатите членови во семејството, а кај нас луѓето за жал повеќе ги третираат како слуги така речено да им го чуваат домот. Доколку се погодило кај таков газда кој само се заснова на тоа мислење и го гледа едно куќно милениче на тој начин и сама си свесна дека 80% од причината е да стане агресивно. Добро знаеме како стојат работиве во оваа држава и дека на повеќето милениците им се за на слика за инстаграм отколку да водат грижа за него. Да не генерализирам ама бар во мојот град ситуацијата е таа. Одгледував куче ниту пак се плашев од кучиња, и бев нападната ненадејно од повеќе кучиња што не заврши добро. Мислам дека не е во ред од твоја страна да му кажуваш на некој дека преувеличува ситуација зошто се плаши, јас не се плашев па ми се случи кога не очекував. Никој не одговараше за мојата ситуација па сметам и за повеќето луѓе е така. Не го кривам миленичето, ги кривам луѓето кои си зимаат одговорност во раце, еден живот, за на крај да го малтретираат, изгладнуваат, и оставаат само на себе.
Сакам кучиња. На станица дур чекам бус ги викам ги галам. До сега ми се нема десено да ме касне, ваљда пошто сум нежна со нив и ми веруваат дека нема ништо да направам. Еднаш ко помала незнам кај тргнав имаше големо бело куче, ме гледаше и ме лаеше. Ја незнаев што да правам и го гледав само. Едно време престана и трчав ко коњ дома плачев бев исплашена. Да се деси пред мои очи да ме нападне мене, или некој друг она страшно, кој не го рашутира да не знае кај се наоѓа да ме плукате.
Па ова не е тој стационар, тој е во село на територија на Старо Нагоричане. Тоа што гледаш се кафези во дворот на Ветеринарната станица. А Анима Мунди секогаш ќе се буни за нешто. Ако има некакво мачење на животни, јас не ум светам таму, си има институции и има и закони во земјава. Тие што се на улица се вакцинирани, третирани, и не се агресивни. Инаку освен во Скопје, во Велес имам видено глутница низ центар, кај кружниот тек близу мостот. Maкедонија тоне во проблеми, и луѓето имаат нехуман третман, а не животните. Организациите каде се да се бунат за гладни луѓе. Кај нас во градот има две сестри кои се од дисфукционално семејство, живеат во државна барака, а по моја проценка се под просечни, и за да преживеат се проституираат, па секоја година си раѓаат по едно детенце, и го чуваат во нехумани услови. Дел социјалното ги зема, дел се кај нив. Таа жена со ментални пречки во сред зима, капела дете со ладна вода, по што се укочи и го однесоа во Скопје каде почина и беше констатирано дека имало тежина како за 2-3 годишно дете, иако било на 5 години. Зарем тоа не е трагедија? Каде се организациите да скокнат да ги бранат правата на децата? Па немаа пари да отидат во Скопје, и да го погребаат тоа дете, и за малку ќе завршеше во масовна гробница, имало таква за тие кои нема кој да им ги земе телата и достоинствено да ги погребе. На крај еден адвокат хуман им даде пари за погреб. И ние божем живееме во Скандинавија, па се чудите ако успиваат кучиња за да не касаат деца по улици?
@темјанушка инаку ако кучето ти е болно можеш да викнеш ветеринар да го успие со инекција. Друго, од каде знаеме дека тие вреќи во Карпош не се фрлени од лујѓе од соседни општини? Тоа е на пат кој води кон Паланка. Не се само државните, има и приватни ветеринари, и баш во таа населба има. Плус, ветеринарната станица има неколку ветеринари, а опслужува територија со над 150.000 жители, Куманово, Липково, Старо Нагоричане. Па знаеш ли колку стока има таму, и ако починало куче во кафез, а се распаднало оти не го фрлиле со време, не ме чуди, оти тие имаат работа преку глава. Што се неколку ветеринари за толку население? Ништо. Освен стоката, и миленици оперираат и работа имаат преку глава.
Не знам кој ја направил оваа листа, ама не е точна. Лабрадор убиец? Ти се молам. Хаски? Исто така оваа раса не е агресивна. Тренинг е многу важен за некои раси. Германски овчар е една од најинтелигентните раси, оваа раса не би нападнала туку-така, не ако кучето е социјализирано. Јас чувам германски овчар и знам колку заштитнички се настроени. Сепак, има агресивни кучиња, не мора ни да е рот, ниту були. Многу кучиња ќе ти се стрчат без причина, се согласувам, но не секогаш лаат за да нападнат.