Напад на Хамас врз Израел

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 9 октомври 2023.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.677
    Допаѓања:
    12.172
    Чекам некој да отвори тема, ве нема, па еве јас отворам. За три дена судири има над 1.000 загинати. Страшни снимки има од цивили на кои им ги кршат коските, ги газат додека се полумртви. Израелскиот премиер Бенџамин Нетенјаху кажа дека ова ќе биде долга војна. Сето ова е страшно. Светот се враќа кон варваризам и дивеење. Ако може еден народ да врши терор, се пробудија и други во светот кои исто така можат да вршат геноциди, етнички чистења. Израел не е невин во приказната, во 1967 година окупира палестинска територија, а претходно и Египет и Јордан го прават истото. Имам читано за палестинскиот начин на живот, тој е фанатичен, голем дел од населението е неписмено, посебно жените, така што тие никогаш немале поддршка од светот. Дури Палестина нема ни полн легитимитет како држава, затоа што има доста земји кои не ја признаваат. Ете дека и најсилните разузнавачки служби во светот потфрлаат како МОСАТ, а што остана за такви како нас, што една институција немаме ефикасна и сме нација на пензионери. Кое е вашето мислење?
     
    На s.a.m.a, GirlLove и franca им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.815
    Допаѓања:
    39.413
    Немам мислење (веќе во десензитивизираност заминувам некогаш), само се прашувам дали уште еден бегалски бран кон Европа ќе следува ако има тотална војна ( сосе Либан, Иран од позадина )...прашањето е секако реторичко.
    А да, и Iron Dome системот, чиј капацитет го надминаа со масовно ракетирање, колку се само напред Израелците воено споредено со противниците. Но една ракета наводно чини 50 илјади долари..
     
    Последна измена: 9 октомври 2023
  3. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.714
    Допаѓања:
    19.239
    Пол:
    Женски
    Не оправдувам убивање и тероризам ама овие две нека се истепаат ако сакат, мака ми е шо сите арапи од таму пак наваму ќе доаѓаат.
    SHIT
     
    На CameliaMiller, *Amethyst*, dea.18 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    2.611
    Пол:
    Женски
    И Америка кај се нема вмешано веќе па и кај овие. Демек пак ли има некоја цел.
     
    На s.a.m.a, *Amethyst*, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Израел мислам за денес имаше објавено дека Газа ќе ја срушат до земја. Им дадоа 24 часа за евакуација, па после ќе удрат.
    За онакви ѕверства треба нешто сериозно да ти фали во главата. Јасно ми е дека двете страни не се цвеќки, дека на Израелците злосторствата им се колку толку затскриени, ама она вчера што го видов, страшно.
    Светов оди во надолна линија.
     
    На Mariii :), Tanjamm и MandyLane им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.183
    Допаѓања:
    23.465
    Искрено, преку глава ми е од политики, религии, правила, наметнување... како бе не им скурчи од немири и терор?? Аман веќе, ќе еволуира ли човештвото??

    Жал ми е за сета патња, обострана. Поготово за децата, читам дека има огромен број на киднапирање. Хорор! Ми се повраќа од помислата, осеќам стрес и страв само што читам. Барем децата да не ги мешаат, у пм.
     
    На PaLaVa, elenaa0805, _beautyy_ и 21 други им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.668
    Пол:
    Женски
    На овие од Појасот Газа преку глава им е дојдено од Израелциве и затоа дојде до ова. Не оправдувам, греота е во 2023 година уште да има војни и нецивилизиран начин на решавање проблеми, ама вистина Израел дур газеа и правеа што сакаа, правеа, сега ќе плачат. Малку да видат како е, работава.
     
    На MyMala, quattro, Konfetka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.206
    Окупирале веќе во 1948, но проблемот е создаден уште 1917 во текот на првата светска војна од страна на Британците кои тајно дале исти невозможни ветувања на 3 различни страни - една на арапите дека доколку се побунат против османлиите ќе добиеле своја држава, на ционистите (евреите кои веруваат дека имаат од Бога библиско ветено право на таа територија) им ветиле на истата територија држава каде никој нема да може да ги прогонува а за возврат тие да помогнат околу финансиите на британската војска. A истовремено со Франција тајно се договориле дека истата територија ќе ја поделат всушност меѓу себе.
    Некои претпоставуваат дека МОСАД (кратенка од досл. Институт за разузнавање и специјални операции) не можел ама баш ништо да не знае за претстоечките напади, туку дека намерно „потфрлиле„ бидејќи такви примери имало во минатото. Кога биле нападнати од Египет, Јордан и Сирија 1967 израелските водачи иако имале конкретни сознанија што се подготвува, намерно не издале веднаш наредба за контранапад за да не бидат видени пред светската јавност како агресори. Возвратиле дури следниот ден.
    Фанатизмот не се разликува премногу од тој на ултра-ортодоксните евреи кои ги користат услугите на државата Израел но истата не ја признаваат и си намигнуваат со Иран.
    Палестинците во појасот Газа живеат во многу тешки услови поради надмоќниот Израел, немаат слобода на движење (потребни се посебни дозволи од Израел доколку сакаат да патуваат вон земјата), проблем со пристап до вода и тн.
     
    На Tanjamm и Mnik им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.677
    Допаѓања:
    12.172
    Јордан и Египет земаат територии од Палестина во 1948 година. Гледав на 24 кичен, што јадат Израелци и Палестинци во Газа,. Прво отидоа во израелски ресторан, човекот господин, се претстави во убаво светло, но кажа дека ќерка му загинала во немири во Појасот Газа, ја убиле Палестинците. Потоа водителот отиде во палестинско семејство. Ги однесе една Палестинка во шалвари дома кај неа, тоа беше големо семејство, екстремно сиромашни, печеа семки од лубеница и сите јадеа од една чинија со раце. Тешка сиромаштија. Имам читано книги за тоа како се живее во Авганистан, но и во Палестина, фанатично, затуцано, жените немаат никакви права, ќотекот е најнормален за жените, итн. Тој што е помоќен и поугледен може да ја наметна својата вистина, тој што е напреден, во случајов Израел. Мене ми е смешно што истите луѓе што ја бранат Русија, сега кога изби конфликтот, почнаа со жалопојки и да се споредуваат со Палестинците, ние сме биле исти, поделени, па како име ни смениле, па како ја поделиле Вардар, Егеј, Пирин, абе смешно ми е. Па до каде била нашава држава со Александар Велики, кој како му чинело во светот така зборувал, не негирале од инает, ја криеле вистината, лелеле.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    40.649
    Пол:
    Женски
    Искрено не сум запознаета во детали за војната и конфликтот меѓу државиве, искрено и преку глава ми е од политичко уништување на земјите во светот и убивање на луѓе заради идеологии, територии, религија и пари.
    Жално е во 21ви век кога светот е толку напреднат, сеуште не се најде начин да се спречат вакви масакари.
    Мислам дека денес светот е во многу полоша состојба од порано во смисла на војни. Насекаде се водат битки и секоја земја е во некаков конфликт со друга.
    Ова е ужас што се случува, ужас.
    И секогаш гинат невини и цивили, жално е, гнасно.
    Немам зборови, стварно светот е отиден во неповрат.
    Толку убав може да биде животот и сите да се сплотат и нашите деца да растат во еден поинаков мирен свет и секако дека тоа е возможно, ама непосакувано од големците и затоа нема да се случи никогаш и ќе биде се полошо за жал. Ниту временски непогоди ниту болести нема да не уништат, само луѓето меѓу себе, ќе дојде момент кога злобата ќе надвладее и ќе ни нема спас.
     
    На orxideya, *Amethyst*, Tajnaotrovna и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.195
    Допаѓања:
    173.645
    На daylight и Mnik им се допаѓа ова.
  12. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    1.657
    Пол:
    Женски
    Дволичност има во светот... А и исламофобичност... Слична ситуација со Украинската-Руската војна... Но сепак , светот наместо да се соединува со Палестина, тие го бранат Израел....
    А до пред некое време го нападнаа Путин за бомбардирањето на Украина...
     
    На orxideya, Космонаут, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.677
    Допаѓања:
    12.172
    Ама и ова што Палестинците го прават не е решение. Што ќе решат со ова? Сега освен терористите ќе изгинат и веќе изгинаа и многу Палестинци ни криви ни должни, а вода во очи немаа. Ќе изгинат многу Израелци и веќе изгинаа. Изгинаа и странци. Читам ЕУ ќе ја суспендирала помошта за Палестина. Добро бе, ај нас балканските неспособњаци што не помагаат, па и за Палестина двоеле пари што нема врска со Европа. Со што вратија Палестинците на таа помош, со силување и убивање на странски туристки кои биле дојдени на фестивал?
     
    На Directioner005, Miss666, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.564
    Мене глава ме фркна само од читање на анализава, кој со кого, и против кого.
    Само знам дека Палестинците имаат иста судбина како нас Балканците, да бидат вечно буре барут и монета за поткусурување, кога ќе им затреба на некои дури играат геополитички шах, помеѓу два оброка...
    Искрено многу ми е жал, посебно за луѓено во Газа. Ќе ги столчат :(
     
    На Feniksgirl, *Amethyst*, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  15. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    2.698
    Пол:
    Женски
    Мораше да се сврти фокусот од руската надмоќ , па си направија нова војна во која победникот е однапред познат. Повторно ќе се ламентира над илјадници мртви,милиони раселени. Веќе се делува однапред договорено, светот како да се лизга во пропаст, изгледа дека преостанатите ќе заборават што значи слобода, правда, рамноправност, во простата борба за опстанок само.
     
    На marlonbrando69, Konfetka и Mrs. right им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.195
    Допаѓања:
    173.645
    Мене глава ме фркна од мапава
    upload_2023-10-9_20-37-6.png
    Значи ова последново најдесно е Палестина денес.
    Не знам што уште може да се додаде на темава.
     
    На s.a.m.a, staycalm, orxideya и 9 други им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.206
    Според линкот @Biljarkata што го постави, можеби и Русија има вмешано прсти, а Иран, но и Украинскиот црн воен пазар се уште поверојатни опции. Ваков конфликт на Русија веројатно би ѝ одговарал со цел вниманието да се пренасочи од збиднувањата во Украина, кон блискиот исток. И така САД ја укинува финансиската помош за Украина, таман средствата ќе можеле да се пренасочат дополнително за Израел.

    Работите се многу измешани. На пр. палестинците се муслимани, по социјалните мрежи барем, добиваат подршка од Србите бидејќи не го признаваат Косово, а Израел го има признаено и своевремено гласал за воведување на санкции кон Србија (тогаш дел од Сојузна Југославија). Косоварите пак низ соц. мрежи воглавно се со подршка кон Израел бидејќи се пријатели со САД.
    Не го прават палестинците, туку ХАМАС (кој додуша ужува голема подршка од истите), чиј водач живее моментално во Катар.

    Го прават веројатно за да покажат дека се способни поради што би добиле политички поени пред дел од светската јавност, особено арапската, за да заробат што повеќе изралеци - во минатото за еден израелец добиле ослободување на околу 1000 палестинци од израелските затвори, можност да се нарушат односите на дел од арапските земји кои се помириуваат со Израел (Египет, Саудиска Арабија...), евентуално нивно вовлекување во војната и додатна подршка од Иран кој додуша не многу се трпи со арапскиот свет, но уште помалку со Израел.
     
    Последна измена: 9 октомври 2023
  18. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    1.657
    Пол:
    Женски
    Повеќе од 70 години да трпат терор... За се си има граница. Па и за трпението на Палестинците.... Повеќе од 70 години да трпиш да те исфрлаат од твојот дом, да ти ги *биваат најблиските, да вршат терористички напад врз тебе... А светот да молчи и да гледа... Епа стварно редно е Палестинците да си ги вратат териториите било да е на добар или лош начин....
     
    На s.a.m.a, *Amethyst* и ZAHRA им се допаѓа ова.
  19. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.056
    Допаѓања:
    76.778
    Пол:
    Женски
    Ги насанкаа палестинците да нападнат први, ами сега?
    Доста е бате, доста ме браниш е работата.
    Сега кукаат, им гинеле фамилиите. Ами што очекуваа?
    Ќе измасакрираат над 1000 израелци и сега ќе преговараат?
    Дебело ќе го јадат сега, а нивните браќа нема со прст да мрднат да ги спашаваат.
    Тражили сте, гледајте.
    Денес гледав пренос во живо од Газа. Партали ги направија. Завчера славеа со баклава, кај се сега да слават по улиците?
    Русите само лажат на телеграм, српските празноглавци како се фаќаат на мамките, жал ме фаќа.

    Во кибуц Беери 108 убиени, со отсечени глави.
    На фестивалот над 260 убиени.
    Цели фамилии убија, сега кукаат.
    Израелците масовно низ маркети купуваат залихи за 3-4 дена.
    Портите на пеколот се отворија, некој ќе гори сега.
    9 американски државјани се убиени, плус други националности
    Screenshot_20231009_201852_X.jpg
     
    Последна измена: 9 октомври 2023
    На Feminka22 и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.714
    Допаѓања:
    19.239
    Пол:
    Женски
    На интернет кружи снимка како палестинците во Америка протестираат на улицата и со секоја смрт на израелците и невините цивили се радуваат. Еден стар вампир викаше "How many deaths???" Тие му одговорија и овие почнаа да викат бравооо бравооо. И плус закачки праат, им покажуват средни прсти на камерите и на луѓето и изазиват. Црни. Гадни. Неизмиени. Неисчешлени бради.
    И овие да ги жалам??
     
    На Directioner005, Feminka22, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.