1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Напиток за слабеење со 0 калории

Дискусија во 'Диети' започната од stojanovskata, 31 јануари 2014.

  1. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Зајакнете го метаболиззмот со само неколку голтки нискокалорична детоксикацијска вода. Овој напиток од јаболка и цимет скоро нема калории, а може да ви помогне за да ги намалите вишокот на килограми, но што е најважно ќе ви даде многу енергија.



    Состојки:

    2 мали или 3 големи јаболки

    2 стапчиња цимет

    1 стаклена тегла

    1 литар обична вода

    Подготовка

    Добро измијте ги јаболката, исечете ги на тенки парчиња и ставете ги во теглата, каде ќе додадете и две до три стапчиња цимет. Сето тоа прелијте го со вода, затворете ја теглата и стевете ја во фрижидер да отстои преку ноќта. Напитокот пијте го секој ден.

    Совет

    Во водата може да исцедите малку сок од лимон, мандарина или портокал. Кога ќе испиете дел од напитокот, повторно додајте свежа вода и оставете ја теглата да отстои како првиот пат. Истите состојки можете да ги користите дури три пати.

    *Што мислисте за ова? :^) :rock: :?:

     

    Прикачени фајлови:

    На bebeto93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Би требало да е океј... Не е воопшто тешко за подготовка. Би го пробала, но каде се купува цимет?
     
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Во Веро Центар имам видено цимет во стапчиња,барај во делот за зачини.
     
  4. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Интересно :) кога ќе одам во Скопје (наскоро) обавезно ќе побарам .