1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наплата на долг од наследниците на покојникот

Дискусија во 'Правни совети' започната од MellFea, 16 јули 2020.

  1. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Има начин легално да се избегне плаќањето на долговите на оставителот од страна на наследникот, исто има начин легално доверителот да наплати долг од наследникот, а тој долг веќе претходно бил вратен од оставителот на доверителот, или е фиктивен долг, само треба да ви се погоди адвокатот да е специјалист по граѓанско право, дури тоа може да се заврши вонсудски и тоа во согласност со законот.
    Затоа велам македонските закони треба да претрпат сериозна ревизија имаат многу недоречености и нелогичности народски кажано многу дупки :)
     
  2. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Женски
    Здраво. Имам едно малку по комплексно прашање, доколку некој е запознаен ќе ве молам за одговор. На кратко значи мајка ми почина пред скоро време, има долгови на нејзино име (кредит во банка) и фирма со милионски долг спрема ујп, фирми итн. Татко ми е жив, јас сум полнолетна брат ми е малолетен. Прашањето ми е дали долгот од фирамата го наследуваме ние(за лично нејзиниот знам дека е на наш терет), до каде може да се оди за наплата на долгот, дали може повеќе од 30% од плата да му се одбива на татко ми?. Инаку мајка ми и татко ми немаат имот на ниво име.
     
  3. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.201
    Пол:
    Женски
    И јас имам слично прашање како членката погоре. Дали децата наследуваат долг од родители? (банка, брзи кредити)
    Прочитав различни мислења по интернет па ме заинтересира ако некој имал слично искуство. И како се распределува долгот ако се повеќе полнолетни деца?
     
  4. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Да доколку се прифатат за наследници односно делот што им следува согласно закон, одговараат и ги отплаќаат долговите на оставителот солидарно сразмерно на делот што го наследиле.
    Вака најопшто да објаснам, ако ве интересира нешто конкретно пишете ми порака.
     
    На Ladybug98 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.615
    Допаѓања:
    17.550
    Пол:
    Женски
    Ова е во случај на наследство,а ако го добијат наследството како поклон исто е или неможе да им се одземе?
     
  6. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Ако направат договор за дар или договор за доживотна издршка во тој случај не ги наследуваат обврските на родителот.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
    Здраво. Да се надоврзам на оваа изјава, ме интересира дали после проценка на висината на наследениот имот, наплатата на долгот ќе се одвива со задршка од сметка во висина на имотот или ќе го отуѓат имотот?
    И друго ме интересира, дали курир од суд или од канцеларијата на извршител смее да ми доставува документи на работното место? Дали во таков случај мора да примам и потпишам или може да одбијам поради вознемирување на работно место?
    Ви благодарам однапред
     
  8. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Машки
    може да ви достави и на работно мресто секако, тоа е уреден начин на достава и не е никакво "вознемирување", не знам зошто тоа така го толкувате.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
    @pross ти благодарам на одговорот. Навистина не знам како да го толкувам, толку сум збунета со целата ситуација... Немам никаква кредитна историја, ниту минус на плата, нити некаков сообраќаен прекршок, ни заостанати сметки. Работното место ми е такво што постојано сум во заедничка просторија со колегите, со претпоставениот, со странки, прилично нововработена сум, навистина ми е многу непријатно кога ме бараат за достава на писмо нагласувајќи од кај кој извршител. Да сум се довела сама до тоа, ќе си прифатев одговорност. Но болката ми е што сето ова настана поради наследен имот, за реконструиран отпишан кредит од пред 20 години на лицето чиј имот наследив во времето кога бев студентка и немав сознание дека со тоа наследувам и долг. Прашањето ми е, дали нешто менува мојот потпис или она што стасало до извршител ќе се реализира во секој случај. Едноставно сум избезумена...
     
  10. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.366
    Пол:
    Женски
    • Пишувај кирилица
    Kako moze otpisan kredit pred 20 god ti sega da plakjas dolg?
    Koga se nasleduva nesto se nasleduva i dolg da,megutoa se znae kolkav treba da bide dolgot vo odnos na toa sto se nasleduva.
    Ne moze da nasledis nesto sto vredi 10.000 evra a da plakjas dolg 20.000 evra.
    Advokat konsultirase li?
     
  11. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Машки
    Малце попрецизно, дали на работа кај тебе е доставен Налог за извршување од плата од извршител? Какви сознанија имаш? Тоа што си нововработена, не значи дека имаш лоша кредитна историја, напротив ..