Во Македонија сите знаеме дека трошоците за живот се повисоки од платите, па така за да живееме нормално, мора да се снаоѓаме и да работиме нешто плус. За некого тоа е хонорарна работа, за друг земјоделска дејност и слично. Но, тоа секако еден ден ќе си го земе данокот по здравјето. Сум сретнувала пензионери Кинези, Холанѓани кои дошле и го шетаат Балканот, а при тоа се толку витални. За такво нешто моите на тие години не би имале ни можности, ни волја, ни желба. После напорна работа цел век за да се преживее, повеќето луѓе кај нас се физички и психички истрошени. Што мислите вие?
Не се доволно истрошени. Откако ќе влезат во пензија ги чека нова авантура -гледање или скоро целосно одгледување на внуците пошто што би правеле по цел ден? Завиено со машничка во -љубов кон своите внуци. Ако не ги гледаш -не ги сакаш. И ако имаат нешто заштедено со 40 години работа или наследено, треба да им се даде на децата. Каков родител си ако одиш на одмор а на детето куќата не му е доизградена? Дури не се средат децата тип топ ти немаш право да живееш. Таман се средило, се', децата конечно се осамостоиле, внуците пораснале...умираш. Тоа е.
Јас мислам дека е до менталитетот, некои и да имаат можности не го прават тоа, некои не сакаат, некои се обврзани да чуваат внуци, некои од обврска кон младите, некои од што мислат дека така е редот, дека бабата и дедото пензионери треба да чуваат внуци, трети им помагаат на младите финансиски сеуште, па не се во можност да си обезбедат одмор за себе. Моите цел живот никогаш не отишле на одмор, ништо не направиле за себе, се за нас да не школуваат, да имаме се и сега се сами, немаат обврски за чување внуци, ниту па финансиски обврски кон нас, меѓутоа пак не шетаат, навикнати се да си седат дома. Јас цело време им зборам, одете прошетајте некаде, поуживајте и нивниот одговор е.. Ееее кај да одиме. На крај памет не им доаѓа да отидат негде на викенд или на ручек во кафана, едноставно не се навикнати на тоа, никогаш не биле и не чувствуваат таква потреба. Сепак сеуште работат, ама па за викенд се слободни да прошетаат ама пак не сакаат.
Не би рекла дека работата го зема данокот, имаше една стара-работата го доздала човекот ... друго е во прашање, менталитетот Јас не знам ниту еден пар пензионери да шетаат по светот макар еднаш годишно иако имаат можност
Не знам што да кажам на оваа тема. Кога одевме на прошетки низ Европа,гледав повозрасни парови,врсници на моите родители,и викав браво си шетаат пензионерски,моиве не сакаа. Од друга страна па цел живот да работиш,да не шеташ во млади и средни години,да чекаш на старост и тоа не ми оди. Моиве можат да си дозволат,не сакаат,доволно им било во Охрид да седат преку лето.
До менталитетот е еве свекоров пензионер зема висока пензија плус работи зошто е отиден со бенифиции. Има пари секој викенд со свекрвиштено да шетаат ама не квакнале дома од селово не мрднале ем прости ем циции...
Нашиот народ тука е напатен и истрошен. Не дека на останативе им цветаат ружи, но сепак државата не ги остава на милост и немилост, примањата се повисоки од потрошувачката (основна). Помалку грижи и стресови имаат во тој поглед. А кај нас ај што ќе се убијат од работа за да заработат за основно, ни лупаат сметки и давачки и ич на никого уво не му чуе можеш- не можеш. А и кај нас "деца" се "гледаат" додека да починат родителите, па тие се дополнителен трошок и грижа. Во други земји нема такви работи, луѓето се повеќе посветени на себе си, секој со свој живот си тера. Квалитетот на живот генерално е низок.
Од 18-30 години имаш време немаш пари. Од 30-60 години имаш пари немаш време. Од 60 години па натаму имаш време, имаш пари, немаш сила...
Македонците не возат точак откако ќе наполнат 20 години. Нели во странство се црнчеше уствари, од каде сега тоа дека во Мк? Македонците повеќе кукаат отколку што работат. Не работат за да не рече народот дека немаат па затоа мора да работат. Земјоделството е еден вид на спорт. Од друга страна Мк ме потсеќа на некоја богата држава кај што си вечно млад, кафиња, кафани, казина...
Да ако до 30 ти ги пере мамичка гаќите и ти дава по 100 денари за кафе нормално дека ќе имаш време, а нема да имаш пари. Од 30 ќе се вработиш затоа што веќе си возрасен и толку уморен затоа што до тогаш не си го мрднал гзот што ако не си на работа само лежиш или спиеш па немаш време. Од 60 па нагоре едвај си го чекал тој момент да лежиш и пензија да земаш и не ти треба ништо повеќе
Не биди лошка сега. Тие шо се вечно млади, по кафани, се млади со ботокс, а то е така, оти така им се паднало парето. Малку се такви, повеќето не виделе кафана од распадот на СФРЈ или од ко им биле мали децата. Инаку насловот нема врска со темата, ама ај, да се занимаваме
Тогаш јас имам богато опкружување. На фб и инста само сториња и слики од кафичи и кафани има. А тие три саати во кафана точак да вози? Не е до Македонија и работата. Работата го краси човекот. До нешто друго ќе е.
Па имаш. Јас ни ФБ ни Инста немам Кај да вози точак 3 саати, загаден е воздухот И јас пре би во кафана, ама до кафана на точак одам и безалко пиво пијам Се обидувам да ја сфатам темава, не ми оди
Па темава е као во странство младоста трае подолго. Можеби е само до медот и млекото што течат во странство. Во Мк дека не течат па може да се бањаме во мед и млеко и ќе бидеме исто свежи како странците.
Аха, за тоа е значи. Епа вака, една тајна- најсвежи се Финците, ради комбинација на свеж студен воздух и сауна. Ете, сега знаете
Ајде сега. Се возат точаци после 20,може ти е чудно ама одат и на работа луѓе со точак. Ова за македонците дека повеќе кукаат од што работат важи и за вас во Германија? Или таму црнчите,? Во кафани и кафиќи нормално ќе одиме,зошто да не? Каква врска има возење точак со одење во кафана жити се. Секое задоволство се плаќа ,па и кафаните. Во странство не одите воопшто во кафана ?
Ако живееш од туѓи пари супер е животот секаде. Малце е без веза вака да генерализираш само зошто ти е криво што некој одел често во кафана. Не има и млади и постари кои работиме и сме си го заработиле тешко секој денар. И ако сакам и можам да се ослободам у кафана ќе идам секој ден. Не е работата кој каде си ги троши парите, сосема друга е темата. Мене па ептен ми е глупо на друг да му бројам кај одел
Епа тогаш зошто напорната работа си го зема данокот во Мк, а овој од Холандија бил витален? Јас се мислев до точакот дека е ама да не е до воздухот на пример? Или навистина немам идеја, тука сме да се собереме и да донесеме заклучок дали е тоа поради напорната работа...
Секако. Темата не е за кафани, но е за тоа дека додека трчаш на работа 8 саат, па плус земјоделство попладне уште 2-3 саати, тоа ти се 13 саати, и така со месеци, години, на крај кога човек ќе биде во поодминати години ќе има по неколку дијагнози.
Тој работел по 8 часа пример и бил солидно платен, имал да живее нормално. Во Македонија работи 8 часа за минималец, и мора да работи нешто плус, со што си ја троши човек силата, си крати од сонот, се оптоварува. Си земам пример од себе. Од понеделник до петок работам, а често пати ако ме викнат на проект да работам за викенд, одам, оти сакам некој денар плус, ама со тоа јас не сум одморила, ниту сум се наспала. Еден ден тоа ќе си го земе данокот.