1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Напорната работа си го зема данокот

Дискусија во 'На работното место' започната од Tanjamm, 12 март 2021.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    34.232
    Пол:
    Женски
    Какви дијагнози?
    Работата го краси човекот.
    Тој од Холандија што си го видела може има потешка дијагноза од изнемоштен македонец.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.221
    Работата го краси да, но претерано работење го истрошува човека. Ајде батали ги дијагнозите на Холаѓанецот, ако имал дијагнози и треба да оди на лекар, да пие по 10 вида лекови, нема со месеци да патува во странство, туку ќе биде по болници.

    Мој роднина работеше 8 часа во фирма на работа, па потоа плус уште 5-6 на приватно, а спиеше едвај 5-6 саати. Квалитет на живот нула, за да издржува своја куќа и да помагаа на децата кои веќе беа во брак. Не ни дочека пензија. Умре на 61 година. Се наеднаш му се струпа. Едно по едно болести, и почина.
     
    На MarijaMi90 и Cka им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    34.232
    Пол:
    Женски
    Недела е ден за одмор. Проектот ако ти е преку ден, спиеш преку ноќ.
    Битна е љубовта со која го правиш тоа. Треба да ја сакаш работата.
    Во странство од колеги сум приметила само дека земаат боледување пречесто, 6 недели одмор не следува и поминала годината. Во просек колегите по 3 месеци се пишуваат болни годишно и тие шест недели одмори тоа се 4ипол месеци во годината дома плус два слободни дена неделно.
    И ти можеш почесто боледување да вадиш барем три дена месечно и така ќе одмориш за проектите за викенд.
     
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    82.096
    Пол:
    Женски
    Па не е витален ни тој во Холандија,ако имал мачна работа.
    И од странство тука се враќаат пола луѓе од работа.
    ама ти си се фатила за точаците и кафаните.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    34.232
    Пол:
    Женски
    Епа за таков пример Бриџет погоре даде коментар. Наместо да шета работел за да помага на децата кои што веќе биле во брак.
    Сепак нервозите водат кон дијагнози, а не работата.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    34.232
    Пол:
    Женски
    За кафаните се фатив бидејќи вели платата не е доволна за живот.
    Пример имам тетка со три полнолетни деца. Теткава работи конфекција од утро до мрак, а децава не работат и само постираат слики од кафичи и кафани. Да, теткава изгледало старо и е преморена наместо децава да работат било што или барем да не одат по кафани додека не се вработат. Зошто е должна таа жена да работи за кафана за тројца? Па нормално дека ќе е истоштена и нема да е витална на стари години.
    А некој што работи нормално е да оди во кафани, по одмори, кога одиш од својата заработка се е тоа нормално и во ред.
    Не може на 30 години да чекаш од мајка ти 100 денари за кафе.
     
    На CameliaMiller, Traveler91, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Машки
    До 30 работиш ефтини работи пошо немаш работно искуство а твоите не се директори па се трудиш со платичката да си платиш кирија за да живееш сам а од другата страна имаш време пошто немаш семејни обврски.
    Од 30 веќе си стекнал капитал, заработуваш добро ама веќе формираш и семејство па немаш многу време оти се грижиш за жена деца.
    Идеш у пензија на 64, и си уживаш у придобивките од твојот полувековен труд на начин на кој што ти сакаш шетање, викендица, градина или незнам што друго што те опушта.
    Е сеа, ова е животот на повеќето денеска, и веројатно вака ќе заврши за нашите генерации, подобро од порано.
    Ама 80 посто од бабите и дедовците денеска у мк, работеле на ниви и у фабрики по 10-12 часа дневно и денеска изгледаат за 15-20 години постари од своите врсници на запад, и сега конечно дошле нивните 5 минути во животот да одморат... Немоеш да очекуваш од нив дека ќе се згнат да го шетаат светот
     
    Последна измена: 12 март 2021
    На cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.528
    Демек во Македонија некој ќе те трпи така.


    Не може да се спореди живот на стандарден Македонец во Македонија и живот на стандарден Холанѓанец во Холандија. Факт е дека мнозинството таму работат во подобри услови, понормално (да не кажам почовечки) се третирани, си ја тераат својата позиција, а не 3 во исто време, и мал милион други работи. Тука да си отидеш на време или 5 минути подоцна, те оговараат зад грб како да е криминал што си отишол точно кога ти завршила смената. Условите, непрофесионалното однесување од претпоставените и колегите, непочитувањето на основните права на работникот, нормализирање на останување после работно време секој ден, преоптеретување со мултитаскинг затоа што не им се троши повеќе пари на плус вработен, е тие се тие работи кои ги создаваат тие нервози кои водат кон дијагонизи. Е сега можеби е далеку подобро низ Европа и Америка, ама пак затоа е и далеку полошо низ многу други држави низ светот. Но нејсе, да не се споредуваме, зборуваме за животот во Македонија.

    Јас само не ја разбирам таа hustle култура. Сметам дека се претерува во последно време. Зошто да работиш цел ден без престан? Демек имаш помалце работна етика ако сакаш да работиш една работа, една смена и притоа да имаш нормален живот? Треба да се гледа ефикасноста на работењето, а не количината.
     
    На MarijaMi90, christinnn, Stressed Out и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.243
    Допаѓања:
    166.016
    Како да ти кажам- грешна ти е темата.
    Насловот, напорната работа го зема данокот, оди со следниве сценарија. Човек, работи своја фирма, сите го гледаат демек пун ко брод, он во 40 ти добива удар. Да, тоа е данок на неговата работа. Или човек, со години по цел ден на компјутер, развива логично вратна спондилоза, една бреин-фак дијагноза, која во мк грешно ја дијагностицираат и уште попогрешно ја лечат.
    Тоа е данок на работата, не таму некои од главата што патат, на 30 треба родител да му обезбеди живеалиште, или на 60 да гледа внуци, јер што ќе кажат комшиите. Да гледаа повеќе да ги научат децата да ловат риби, место вечно тате носи, мама меси, за сите ќе беше поарно. И пак, нема врска тоа со работата.
    Двајца дедовци и две баби имав, со земјоделие се занимаваа. Живееа до 80 и нешто, без никаков данок и специјални дијагнози. Во нешто друго ќе е проблемот, не до мотиката или кафаната.

    Дали шетале или не шетале- кој како си го сфатил животот. Некој веројатно и шета, ако има услови и ич не му чуе што ќе го оговараат комшиите дека не чува внуци.;)
     
    Последна измена: 12 март 2021
    На MarijaMi90, BloodElf, happygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право со ова работата го краси човекот но постои работа и работа мислиш некој што работи кај овие странски инвеститори некогаш во иднина ќе му остане сила и желба за да биде вечито млад? Не нема сигурно. За разлика од овие што работат посебно во јавна администрација и канцелариска работа на кои единствен замор им психичкиот што реално во јавна администрација ни тоа го немаат за разлика од тие со канцелариска работа во приватна фирма кои се ангажирани умствено но барем не се физички од нив можеш колку толку да очекуваш како пензионери да бидат малку витални и да шетаат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.221
    E да, напорна работа, стрес, трка со време, да се платат сметки, да се прехрани семејство, да се помогне на децата. Помалку сон, прескокнување на оброци, немање време да се отиде дури и на лекар, и на крај се собира се.

    Искрено за кафаните и јас се чудам. Јас не уживам да одам по кафани. По кафичи да, во слаткарница да седнам да, ама да одам по ручеци, вечери, да се пијанчам, не. Не ни пијам алкохол. Тоа што народот се слика по кафани според мене не е одраз на благосостојба. Имам братучед кој секој ден се постира како пие кафиња, јаде по кафани, но тој се шлепа, така што други ќе го частат, а дома мама му ги плаќа сметките. Едноставно си наоѓа жртва, некој го части одредено време, и кога ќе сфатат дека е од корист, го откажуваат, ама тој си наоѓа нова жртва и така во круг. Моја пријателка се зачудила кога нејзина пријателка која оди на патувања и по кафани и барала пари за да си плати струја, да не и ја исклучат. Ние сме народ кој не знае за одговорност и приоритет.

    Еднаш да откажам да работам на проект, следен пат нема да бидам повикана. А тие парички колку и да се ми значат и си дополнувам буџет. Еднаш да одбијам никој нема да ме трпи.
     
    Последна измена од модератор: 14 март 2021
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Можеби има луѓе кои се преморени од работа во Македонијава, не велам не... ама јас не познавам такви.

    Не сме витални оти немаме култура на спортување, а возрасните не патуваат, оти им е стран поим тоа.
    И да имаат пари, ќе ги потрошат на децата, на куќи правење, на станови реновирање.

    Колку сум ги молела и моите, и на маж ми родителите да отидат некаде каде што не биле, ни еднаш не ме послушаа. Чудно им е оти ние сакаме да го шетаме светот.
    За нив, врвот би бил да одат на летен одмор... а и тоа не го правеа и кога беа сите живи и кога имаа доволно пари да го направат тоа.

    Болести, сите имаме.
    Не сум работела прописно (хонорарни глупости не рачунам), повеќе од 6 години, па еве болести ми се накалемија милион.
    Ама за патување, толкав ми е зинат дупот.
     
    На MarijaMi90, Biljarkata, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.973
    Пол:
    Женски
    Искрено, многу пати сум се запрашала зошто толку често луѓето работата ја поистоветуваат со болест. Не зборувам за опасни или макотрпни работни позици, тие се исклучок секако. Не значи дека секој кој работи на стари години ќе биде болен. За болест најчесто придонесуваат други фактори како начин на живот, неконтинуирана грижа за здравјето, пороци, исхрана, наследни проблеми... Тоа што постарите кај нас не шетаат, најмногу е до ниските примања. Не дека сите се изнемоштени и неспособни за такво нешто. Каде да шетаат со 15000 пензија? Ни толку немаат некои. Лесно им е на странците со одлични пензии, ќе шетаат сигурно, инаку ќе нема на што да ги потрошат.
     
    На Pebeka, MarijaMi90, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    1.735
    Мене младоста,нервите и умот.. данок никаков :sweat:
     
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Ти на Запад не можеш да видиш жена постара од 50 години, а да не е дебела и неуредна.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Навистина?
    Каде така?
     
  17. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.131
    Допаѓања:
    14.376
    Пол:
    Женски
    Многу ми се интересни луѓецо кога ќе речат :
    Еее сега, обичниов грип го нарекуваа корона.
    Порано се знаеше, имаш температура, имаш.
    Пиеш парацетамол и идеш на работа.

    Ете ова доста, кажува за македончето.
    Значи и покрај се, си го уништуваш здравјето поради работа.
    Саб, нед на работа, а дома те чекаат маж и дете.
    Ти преморена, од работа, притисоци од колеги, шефови.
    Работиш рабора што не ја сакаш, а МОРАШ, ради пари

    И така, полека си се уништуваш.
     
    На Tanjamm, tina2018, Brpbrp и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.765
    Допаѓања:
    12.878
    Пред некој ден читав статија една пишуваше "Уште една држава воведува 4 дена работни во неделата" за да виделе како би фукнционирало така, а ние за гревота се бориме за недела да не ја работиме, а не пак само 4 дена :(
     
    На Tanjamm, tina2018 и GirlLove им се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.131
    Допаѓања:
    14.376
    Пол:
    Женски
    А, бе...
    Ние 4 дена месечно имаме слободни. И плус шо велиш, чекаме недела да ни ја дадат слободна.
     
    На Tanjamm, tina2018 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  20. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    8.924
    Повеќе се измачени оние што работат на село и на работа физичка работа. На запад се знае кој ја работи ваквата работа, а тие што шетаат се поодморени како овие во државна администрација цел живот со слободни празници, викенди и редовна плата.

    За шетање неизживеани се постарите генерации некои од што немале пари и време, а други од што гледале повеќе на село да отидат да помогнат, отколку да прошетаат,са не се дружеле со таков круг на луѓе кои обожаваат да прошетаат.

    Не се научени да одат по екскурзии, одмори, за разлика од оние на запад кои се научени да шетаат од мали нозе, не се замараат со гледање внуци, а ни со животот на свои женети деца. Се знае кога доаѓаат на гости.
    После 18 години го одделуват децата и се гледаат само за празници.

    А не како во Македонија ќе дојде ќерката на ручек, ќе и ги чувам децата, ќе одам да и помогнам за чистење и се тоа па тоа секој ден. Така и минуваат деновите на македонските пензионери. Тамн ќе дојде ред да одморат, да прошетаат тие повеќе работат по дома.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.