Напорната работа си го зема данокот

Дискусија во 'На работното место' започната од Tanjamm, 12 март 2021.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Во глобала кој како си ја нареди и каков квалитет на живот си сака и настрана балканскиот менталитет.
     
    На Tanjamm, Traveler91 и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.510
    Допаѓања:
    8.843
    Пол:
    Женски
    За да не ја поистоветуваат со фактот дека сме болни затоа што се товеме како свињи, ждереме индустриска храна, се налеваме со алкохол и кафиња сосе кутија-две цигари и затоа што фискултура подразбира влагање-излагање од кола. Колку поголемо шкембе и поголема кола, толку повеќе престиж. А колку работиме, искрено се гледа по тоа што сме сработиле у државава, а тоа е ништо.
     
    На Zaljubena26, Tanjamm, Traveler91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.482
    Допаѓања:
    13.723
    Навистина многу нездраво се храниме. Јас немам пороци, но дневно пијам по две кафиња, и знам дека не е добро, сакам да се сведам на едно или да пијам едно во два - три дена, а не можам. Имаме лоши навики.
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Две кафиња во денот не е воопшто лоша навика, сепак имаш бенефиции од кафето.
    Лоши се паштетите и виршлите и зденките. Лоши се цедевитите и газираните сокови. Лошо е седењето пред компјутер по 6/7/8/10/12 саати. Лошо е дремењето на социјални мрежи. Лошо е неспортувањето, неактивноста. Лошо е избегавањето на комуникација и нерешавање на проблемите и натрупување на конфликти, трауми и комплекси врз психата и душата. Лоша е некултурата и невоспитаноста. Тоа се нездрави навики, а не 2 кафиња во денот.

    Туку зошто некои работата ја поистоветуваат со болест?
    Замисли работиш работа која е физички потешка и за пар месеци ослабуваш 6/7 кг. Дома си одиш со отоци на зглобовите зошто 8 саат не само што си на нозе, туку постојано трчаш и креваш нешто. Секој ден после смена пиеш апчиња за против болка и нешто за опуштање затоа што цело тело те боли. На врв на се', замисли да не спиеш навечер поголемиот дел од времето, а тогаш кога спиеш имаш грди соништа поврзани со работата, затоа што работата ти е одвратна, со милион притисоци околу пари, документи и задоволување на клиенти. Затоа што те плаќаат помалце од минималец или ако имаш среќа минималец. Затоа што едвај преживуваш. Физички и психички си во болки, си развил несоница, не спиеш ни приближно колку што треба за да бидеш здрав, развиваш вртоглавици од нејадење на смена додека мултитаскуваш 6 работи истовремено, ти слабее крвта, одеднаш ти фали железо, развиваш екстремна анкциозност, развиваш депресија зошто поради работата се мразиш себе си и животот општо, развиваш социјална параноја затоа што се соочуваш со 200+ луѓе на ден, а повеќето се невоспитани копилиња. И така натаму и така натаму...
    Ама битно после работа, иди одиграј партија тенис и изеди салата со мевце на скара. Медитирај, Дружи се со луѓе. Биди позитивен. Радувај се. А утре врати се мотивиран и задоволен на работа и сработи нешто за да не бидеш џаболебар што само се жали.
     
    На baguf4e, christinnn, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.801
    Допаѓања:
    80.549
    Пол:
    Женски
    Си го зема, да. Напорната работа во комбинација со нездрав живот каков што е спомнат погоре, е погубна.
     
    На Angie1432 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.482
    Допаѓања:
    13.723
    Ете мој порок се две кафиња во денот. Друго од наведеното не користам. Газирано одамна не пијам. Виршли и паштети не јадам. Во право си за се. Проблемот кај нас е што работниците не се доволно платени, и така нормално дека човек е под стрес. Ако рмба како коњ, а не може да си дозволи нормален живот, нормално дека ќе има несоница, ќе си навлече нервози, со тек на години и болести.
     
    На Nikolina35 и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Ова го опиша твоето секојдневие или?
     
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.564
    Допаѓања:
    14.726
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема смисла Македонија да ја споредуваме со другите земји. Тука луѓето се скоро мртви од работење и имаат триста проблеми, а во странство се водат по некој систем на себичност (што реално и не е, си се ставаат самите како приоритет) и спокојно се движат во животот. Таму нема притисоци како тука, туку други вредности. Затоа и кога ќе работиш во средина која ги задоволува потребите како индивидуа, нормално ќе изгледаш повитално (оттука и мотивација за нови и здрави навики..)
     
    На tina2018 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.510
    Допаѓања:
    8.843
    Пол:
    Женски
    @Abracadaver И да не е лично, сепак е секојдневие на многумина. Живееме во општество во кое ропството не е укинато. Само колку ќе те допре зависи каде и во какви околности си се родил.
     
    На tina2018, Tanjamm и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.907
    Пол:
    Женски
    Првото работно место ми беше кошмар. Но ми требаа пари, работев 10-12 часа на ден. Бев млада, немав обврски многу и си спиев по цели денови после работа. Сега работам нешто што никогаш во животот не претпоставував дека ќе го работам, но уживам во работата. Освен што финансиски сум платена и добро ми доаѓа излегувањето од дома, со ова работно место си имам и други бенефити кои ми помагаат во моите цели за личен развој.
     
    На Tanjamm, Traveler91 и Forca им се допаѓа ова.