1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Направи сам (Гардероба,накит...)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од O.l.i.v.a, 28 ноември 2010.

  1. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Дали сте пробале да си направите сами фустанче, маичка, некој додаток?

    Иако во денешно време нема што неможе да се најде по бутициве, па и по доста пристапни цени..мада ретко кој е задоволен со снабденоста кај нас во Македонијава, па често се оди во соседни Солун, Белград, Софија..па и подалеку зависно од можностите.
    Па дали сте помислиле да си ги скратите маките и да ископирате некој добар модел, или пак ако сте покреативни да создадете своја креација..Дали воопшто имате и користите машина за шиење?....И мислите ли дека вреди напорот, па и парите (зависно од материјалот) што сте ги вложиле?

    Па еве некои поинтересни примери


    <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/Bo8jHLZPYDM?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/Bo8jHLZPYDM?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>


    <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/Z_7XPIImuJg?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/Z_7XPIImuJg?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>


    Што се однесува до накит..едно време беше тренд па сите по дома си праевме (па и јас- неколку делумно успешни обиди :D ), а некои од повештите дури и си правеа бизнис, па ги продаваа.
    Па ако и вие сте дел од оваа група споделете го своето искуство, како ви идеше, дали самостојно и рачно направениот накит е поисплатлив од купечкиот?


    Еве и некои добри идеи за аксесоари или додатоци по нашки ;)

    <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/qHrN6UAr83U?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/qHrN6UAr83U?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>


    <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/HS_gpAVGO3I?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/HS_gpAVGO3I?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>
     
    На bojanalove, SofiSweet, Caka и 6 други им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас сум голем обожавател на “направи сам„ работите.
    Знам сама да правам и облека и накит. Во облека сум почетник, ама сега за сега напредувам. Имам направено неколку сукњичи , а повеќе фустанчиња, и можат да се носат(значи не се ептен промашај) :D
    Ама имам и доста материјали уништено со некои обиди. И затоа често ја викам мајка ми да ми асистира.
    Сепак не се трудам толку многу како со накитот.
    За накит сум особено запалена и има веќе 4 години како сама си правам накит, од прстени до ланќчиња.
    Материјали набавувам во неколкуте продавнички во Скопје наменети за тоа,а не се многу. Искрено гледано, нема некој ќар од тоа, ако гледаш повеќе да ги правиш за свој мерак. Јас си правам зошто сакам да си носам свој и уникатен накит, особено обетки. Понекогаш материјалите ме чинат повеќе одколку да одам да си ги купам сличните. Плус тука имаш и работа доволно. Ама ако те бива резултатите се повеќе од одлични.
    Исто така, последно нешто што направив беше живнување на едни досадни штикли. Им додадов машнички и бисери и сега со мерак си ги носам.

    Па тоа би било тоа.
    Следен пат кога ќе имам повеќе време, ќе прикачам и неколку корисни видеа за тие што сакаат да се обидат сами нешто да направат. :)
     
    На Feminka22, chocolate.chick, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    често знам да си направам сама накит.. за облека не сум пробала зш сигурно ќе ја уништам..
    за матурата си направив екстра убетки.. ептен ми одговараа на фустанот.. сите мислеа дека заедно со фустанот сум ги купила :D :D :D
     
  4. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    уфф... дефинитивно, мањак сум :))))
    имам мноооогу накит, сите ланчиња, алки,прстени си ги правам сама. Ми се има десено да си купам нешто веќе направено, но мора да му најдам маана и да си го преправам онака како што јас сакам :)
    Облека во последно време почнав да правам сама, стари маички обично, исечи додади и оп нова гардероба. Мерак ми е кога носам нешто што го имам само јас, па и + сама сум си го направила мх мх :)
    starfish сакав да те прашам од каде купуваш матреријали за накит ? Јас знам само две продавнички во Скопјево, на Зоил едната и кај Кинг Бургер другата :) Во вторава дефинитивно има повеќе избор, но ако знаеш уште некоја, кажи ми ако не е тајна :)
    Благодарам :)
     
    На MarchelineAmaru и kika13 им се допаѓа ова.
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Многу сакам креативни и педантни луѓе вакви работи што можат да прават. И многу сакам да гледам како се прават овие работи, и ги поздравувам сите девојки кои сами си прават накит, или облека. Мене дефинитивно не ме бива, премногу сум несмасна, и немам нерви за вакви работи да правам. А колку убаво изгледаше фустанчето за излегување девојката што го направи, и шнолата за коса. Јас само купени, и да не се по мој вкус, кога не ме бива такви ги носам.
     
    На eleni23, rozy и Mygirl им се допаѓа ова.
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Порано колку сум шиела, плетела...си се чудам сега како сум имала нерви да сошијам палтенце или пантолини. Па едно време плетев , направив 2 метра долг шал и ракавички како греачи за раце со отворени прти. Сега некако немам инспирација , ни време , ни нерви. Ај може ке ме спотера пак некој бран на креативност па ќе изненадам со нешто .
     
  7. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Накит си правам сама веќе некое време,ме релаксира тоа,а и стварно има голем избор на монистри и други такви работи кај нас,еве ако сакате едноставна идеја плус за облека:ако имате класични маици на кратки ракави што не ги носите или ви се здосадиле,сами ако знаете,или однесете ги на шнајдер,исечете ги ракавите и направете ја како топ може со ластик ако е поширока,па од материјалот да направите машна да ја ставите на половина,може и да ја насликате ако е еднобојна и да ја извезете со монистри...јас имам такви направено неколку стварно многу убаво делуваат,фармерки стари ако сакате да изгледаат поинтересни(ако сте таков тип)оваа година беа многу модерни искинати,може со скалпер да ги заресите не премногу и супер да изгледаат,има марами бели се купуваат и бои за платно па си правам преубави марами делуваат многу убаво и нежно,правам еден куп вакви работи по дома...ме релаксира некако :D
     
    На zaljubena93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    starfish, од каде купуваш материјали за облека, има ли некоја друга опција освен битпазар или пазар воопшто?
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Има има, јас живеам во Аеродром и си купувам од Скопјанка материјали. Има МАТЕКС тука, ама нема некој голем избор. Во чаршија има поголем Матекс, а има и многу продавници за материјали, па избор има колку ти душа сака. Јас имам многу и од мајка ми, што и останале, зошто и таа како млада има доста шиено.

    А за накит , тие се продавниците.
    И јас тие ги знам. Штета што толку слабо ги има....
     
  10. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    388
    Леле јас како сакам шал долг :worried: Ај да ти дадам конци сплети ми еден :D
    Инаку ништо не знам сама да направам. Како прво немам машина за шиење,материјали не знам кај има тука и така :$ :$ :$
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    25.819
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    дома монистри имам ептен..си собирам и некој ден со другарката си седнуваме и си правиме разни колби, ланчиња, прстени-што ли не.. имам некои фустани, сукњи кои си ги уредувам малце, ама не сама, со мама или баба :D баба на машината нешто ако треба ми скусува, а со мајка ми ги правиме поинтересни.. им шиеме седефи, монистри.. :) некаде пред една недела во гтц видов една тексас ташна ама на целата и беа сошиени различни копчиња во различни големини и бои.. баш со мајка ми се договаравме прегеска и мојата тексасна да ја направиме таква.. :)
     
  13. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    ги направаив на обични обетки... :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Image1519.jpg
      Image1519.jpg
      Големина на фајлот:
      122,2 KB
      Прегледи:
      1.300
    На srcekrsacka и lackygirl им се допаѓа ова.
  14. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.041
    што е тоа црното? Платно или?
     
  15. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
  16. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.041
    леле, е не очекував :D
    во секој случај интересни, со здравје да си ги носиш.

    А јас колку накит имам направено не сте свесни. Ај може деновиве ќе ви постирам слики па да ме критикувате малце :lol:
     
  17. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    фала фала...и ги чекаме сликите :)
     
  18. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Еве нешто од мојот "направи сам" накит. Имам направено уште многу, ама не сум ги сликала :)
     

    Прикачени фајлови:

    • sunny.jpg
      sunny.jpg
      Големина на фајлот:
      38,9 KB
      Прегледи:
      1.251
    • no.1.jpg
      no.1.jpg
      Големина на фајлот:
      54,9 KB
      Прегледи:
      1.250
    • IMG_2922.JPG
      IMG_2922.JPG
      Големина на фајлот:
      65 KB
      Прегледи:
      1.249
    • blue earings.png
      blue earings.png
      Големина на фајлот:
      253,3 KB
      Прегледи:
      1.250
    На Lady Phoenix, Alondra, TS-310 и 15 други им се допаѓа ова.
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Маја мене многу ми се допаѓа твојот накит.
    Иако не сум обожавател на овој тип на обетки, сепак морам да те пофалам! :clap:

    Јас кога ќе ги сликам моите ќе прикачам сликички.
    И да...ете не ми текна дека тука требаше да ја ставам чантичката. |(
     
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Маја пофалба од мене :clap: Јас не знам да ги плетам сите форми, па затоа ја терам мајка ми :$
    Си правам накит од монистри, ташнички, преправам облека......во наредна прилика ќе ги закачам :)