Па размислив и за таа опција ама ги купив поскапи и искрено не ми се дава уште 150-200 ден за флекици кога за 2 месеца пак ке треба да ги менам за тие пари уште едни ке си купам. Некоја идеја што јас дома сама ке можам да ја направам или таткови евентуално ако има потреба од помош
Треба да се стави гума одоздола ако не сакаш да ги носиш на чевлар сама исечи гума во форма на штиклата и залепи ја мислам дека така нема да ти тропа
Ваква е ташничката ама не ми се допаѓа бојата.Би сакала да ја изменам некако да ја ишарам или нешто да и додадам.Да ја покријам некако бојата некако но не сакам да ја префарбувам,сигурно нема да испадне убава така.Некој предлог.
^^ А да ја задржиш бојата само да купиш парче крзно да и го додадеш-залепиш, баш би била штосна...Еве погледај тука што се носи сезонава: http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... D0%B0-2012
Колку идеи имам за ташничкава сакам и јас да си најдам ваква можеш да ја облепиш целата со некое интересно материјалче,да залепиш камчиња или некои шљокици , да ја облепиш целата со светки , да залепиш цветчиња од текстил. јас да би била на твое место би ја облепила со црна чипка и би додала синџирче за да може да се носи преку рамо
Еве го моето љубовно шишенце. Земав светки од зелен пазар, го испразнив, ставив ливче со загорени краеви, и voila. Ја пицнав сликичката за да биде поцакана, не ми замерувајте, ептен сум заљубена деновиве.
и јас си направив вакво пред некое време + привезок гледав на интернет вакви, не можев да најдам кај нас по продавнициве нигде, па си реков сама ке си направам хехе цело време си го носам ептен мерак ми прави!
Чевлите беа со анимал принт ама не ги сакав и со црн лак тоа го направив црно. Кога ги сликав не беше убаво исушен лакот, а за другата за малку ми снема лак, морам нов да набавам Еве што излезе.
Потребно: -црно венче за коса -украсни цветови,циркони,мониста,бисери или нешто друго по желба -лепак Изработката е премногу едноставна.Внимателно ги селектирате украсите кои сакате да ги залепите на венчето и со помош на чепкалка за заби ги распоредувате по ваша желба. Откако ќе ги распоредите сите украси како што треба ќе почекате лепакот да се исуши и вашето ново венче е готово. http://www.divianarts.com/55266
Песка си нижев копчиња и убаво испадна, мислам мене ми се свижда. Кога ќе виде мама дека и ги нема копчињата ќе ме потепа