Ајде помогнете ми .... Каде можам да набавам се за да си правам дома обетки, ланчиња и слично, значи пиштолче за силикон, силикон и се др што е потребно, јас не сум од Скопје а тука во нашиот град нема такви работи, благодарам
Имам скрос исто вакво палто, значи потполно исто, на мајка ми е, ама дали и петпати и е облечено, како од излог е, гланц ново, без ниедно топче испуфтано Е сега, мене ми е таман, во раменици, во должина, во половината стои исто како ова на сликава, ама ракавите ми се кратки. И тоа кратки за едно пет сантиметри, ми стојат над глуждови, и се чудам како да го поправам, можам да отпуштам само два цм одвнатре, ама сепак ќе е кратко, па ве замолувам за некоја идеја, совет било што како да се среди ова Значи вчера видов едно девојче со исто вакво палто ама кремаво, а моево има преубава црвена боја, баш сакав да си купам црвено чоено палто, ама што да не го искористам ова кога го имам и е навистина ново и сочувано и пол Ајде вие сте покреативни, ако ви текне нешто одма пишете. Please
Кате можеш да пробаш да додадеш ластик, или како и да се вика тоа, под ракавите во црвена или евентуално црна боја и ќе добиеш на должина, а нема да го уништиш палтото. Нешто како на сликава...
^^ Да се обидеш да најдеш сличен материјал таков капутест , друга боја, некоја прљава бела на пример, или еве и иста боја и да ги сошиеш одвнатре?
Сеа моментално ја правам петар пан крагнава. Е сеа овде застанав ми треба помош.. Незнам тука празново што е црново што да стаам.. Од лева страна онака о ставив едно кругче да ми кажете дали е добро и за десна страна да ставам,или да ги извадам тоа... Занемарете конците не е средено како што треба сеуште работам на него
Talita, ако не сакаш да се гледа црниот материјал во средината изнаставај еден куп нитни во средината од тие округлите. Или ако сакаш поедноставна варијанта, стави уште едно кругче нитна , и на другата страна и готово. А кога би ме прашала мене, т.е кога јас би го правела ова, би ги оставила само горните и долните нитни. Би ја тргнала округлата нитна од едната страна, доволни се останатите. Вака нема да изгледа пренатрупано, а ќе биде ептен убаво
Минатиот месец си сошив дури 1 кошула и 3 блузи , немам слики сега,...ќе ги сликам и ќе ги ставам . Една шарена кошула, една блуза-кошула од тенок тексас, една жолта блуза-ретро стил и една тегет кошула-блуза.....хаааа многу си ги сакам,...кога ги носам ,се осеќам гордо... , така не се осеќам кога ќе купам нешто скапо.... Уствари имам слика од жолтата блуза, ова сама ја дизајнирав
Одамна меркам вакви ланчиња на интернет и само го одложувам купувањето за конечно денес да си направам едно. Најдов евтини обетки со шилци во Базаро (кои и во оригиналната верзија не беа лоши), дома имав иста боја ланец, ги расклопив и си го направив долго посакуваното ланче. На радоста и нема крај.