Офф-топик Од кај ги купи нитните? Инаку вакви палтенца,маици,хеланки има во еден бутик во мојот град Lady's се вика и се по 200 ден.
За девојката што прашуваше како да го залепи прстенчето. Мене пред скоро ми се испоодлепија неколку прстенчиња и успеав да ги залепам со супер лепак. Не секундарен од тоа малецкото бело цилиндрично тубиче (ако уште го има во продажба), ами најобилен супер лепак, го има низ сите маркети. Со силикон нема шанси да фати, а најефикасно е со лемење, ама немам лемалка и морав да се снајдам со лепаков. П.С. Држи лепакот, а прстените ги имам носено минимум уште десетина пати од тогаш. Само треба да ги оставите цела ноќ убаво да се исушат.
Лошо ми излегоа сликите, но што е тоа е.. Потребни материјали за украс-кугла: -Лепак (Секундарен) -Тегла (Јас употребив мала тегла, од Фрутек кашичка за бебиња) -Безбоен лак за нокти -Светки -Мал украс по ваш избор -Дестилирана вода Капакот го обоив со бел лак на кој залепив светки, а одозгора ставив безбоен лак со кој ги прицврстив светките. Со топла вода ја извадив етикетата од теглата - бидејќи не успеав да најдам мала, нова тегла па морав да се снајдам некако. Украсот го залепив на внатрешниот дел од капакот. Ја наполнив теглата со сини и розеви светки, ставив дестилирана вода и ја затворив со капакот кој пред тоа убаво го намачкав по краевите со лепак за да не попушти.
Некоја идеја ако имате како да ги чувам обетките.Имаше мислам порано постирано слики овде од едно како дрво од картон направено ,ама неможам да ги најдам. Секакви идеи/слики/видеа се добредојдени.
Дрвото е многу лесно.Сечеш од картон две парчиња во форма на дрво.Едното го засекуваш одозгора до половина,а другото од долната страна.Ги спојуваш,им правиш дупки и во дупките си ги чуваш обетките http://www.divianarts.com/58290
Најновото ланче со пердувчиња. Еве како го направив http://shybutsecretlyfab.blogspot.com/2 ... klace.html