Можеш да си направиш ташна или фотрола за телефон да исечеш од нив срце или сл. и да го залепиш т.е. зашиеш за некоја блуза; ташна, машна за шнола..
Луѓе на една продаварка сум и редовна муштерика па ми подари едни хулахопки темно зелени и мрежести. Да не имате случајно идеа да направам нешто од нив или сл. ?
Јас едни такви дречливи, портокалови (баба ми лани во новогодишното пакетче ми ги ставила) Си ги чувам за Велигден, јајцата ги ставам во нив и ги фарбам. Интересни шари излегуваат. Ако не ги искористиш за нешто друго, чувај си ги за таа намена.
Девојки сакам да си направам едно вакво и копченца најдов убави но штознам некако копчиња... Дали вие би ги носеле??
Спојлер Спојлер http://www.femina.mk/out/?id=c089cc44982b645dd6ee80dde293ebc7&safeurl=http%3A%2F%2Fpamelche998.blogspot.com%2F2013%2F01%2Fdiy-bracelet.html
Конечно си најдов нитни какви што сакав, ама штета што само малку беа останати... И одма најдоја место на јаката од кошулата што ја носев
Си купив ваква футрола за телефон само ми е црна и нема ништо на неа.. ќе ми даде некој идеја како да ја украсам?
Стави и беџови.Или машна.Или нитни.Или цвет.Или копчиња.Или дијаманти, (не вистински) од оние по 2 ден.што се во цвеќари ги има.
Направи си сама: Чоколаден сјај за усни Потребни намирници: - 1 чаена лажичка кокосово масло, - 1 чаена лажичка бадемово масло, - 3-4 капки течен витамин Е, - 1-2 капки екстракт од нане, - 3-4 парчиња црна чоколада, Поставете ги сите компоненти во мал стаклен сад отпорен на висока температура. Поставете мало тенџере во кое ќе налеете вода во височина до 3 см и ќе го ставите на слаб оган се додека водата зоврие. После тоа поставете го садот со намирници внатре и мешајте постојано додека сите компоненти се стопат и изедначат, но внимавајте, смесата не смее да зоврие. Домашниот сјај има рок на траење до два месеци.
Направи сама и изеди сама! Го направивме ова со сестра ми, па по секое мачкање си ги гризев усните. Не е сјајов за зависници од чоколадо. Опасно по вашите усни!
Имам нитни и сакам нешто да им направам само не знам ШТО? Или ланче некое што знам или на некоја кошулка да ги ставам што знам ?! А дали може на оваа кошулка да ги ставам нитничките на јаките ќе одговараат м? Што мислите?
^ Немој никако на оваа кошула. Толку е нежна и елегантна, а со нитните само ќе ја огрубиш и тешко дека како таква ќе ја носиш воопшто. Нитните искористи ги на некоја поедноставна кошула, можеби тексас јакна, елек, фармерки, види наназад некој туторијал за ланче, чанта... имаш мал милион можности за нив.
Ок фала ти, ќе пробам на некоја ташничка да ги ставам, или пак ќе пробам да направам некое ланче. TNX