Повторно јас... Сигурно до сега сте виделе изработки од ролни тоалетна хартија, барем на фб, ако не на друго место, па јас се обидов и направив една таква ѕидна декорација. Сеуште не е довршено, но во живо изгледа ептен интересно.Еве како изгледа на фотографија:
Потребни материјали и алатки: парче материјал мониста од стари ланчиња пиштол за лепење сатенска лента шаблон за јаката ножици копче (опционално) Испечатете го шаблонот за јаката пак нацртајте го сами и потоа прецртајте го на материјалот. Потоа почнете со лепење. Можете да лепите со лепило или пак да шиете. Како украсни елементи можете да користите и нитни или пак други видови монисти. На средината поврзете ги двата дела со копче. На крајот залепете ја сатенската лента.
Прашав и друг пат за овие што да им направам ама слабо некој да ми каже. Гледам низ интернет нешто со леплива хартија ама незнам како ке испадне нешто друго?
Ако не ти се допаѓа бојата може да ја смениш како што кажа girl.9 со спреј или боја.А за да добијат некој поинтересен изглед можеш да ставиш нитни
Не би ти препорачала леплива хартија, посебно не за кондури затоа што мислам дека многу лесно ќе се одлепи. Вака како што ги гледам кондуриве, мислам дека ако само им нанесеш спреј нема многу да се задржи ама можеш да пробаш благо со хартија за шмирглање да ги поминеш, таман текстура интересна ќе им дадеш, и после со спреј да ги испрскаш. Мислам дека материјалов може да поднесе, ама тоа сама процени. Јас би го оставила тоа подигнатото сребрено (потпетица како ли се вика), а другото би го направила црно. Дури можеш и некое делче да оставиш сребрено, интересен контраст ќе се добие.