http://sphotos-f.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 9229_n.jpg со каква боја се бојат овие, за да можат да се перат,и да остане бојата?
Се надевам дека прашањево ми е за тука Имам едно ланче, меѓутоа има некоја златеста боја што воопшто не ми се свиѓа, светка, мава некако на розеникаво, значи катастрофа е, а како модел ми се свиѓа. Е сега ме интересира дали можам некако да го офарбам барем со бела боја или нешто слично, бидејќи на него има бисерчиња бели и треба ептен претпазливо да се обои. Ако имате некаква идеа, би било супер
Зедов обични прстенчиња од пазар и дома ги имам такви украси да ги наречам, зедов секундарен лепак и ги залепив украсите на прстенчето, ги оставив пола саат и сеа имам 6 нови прстенчиња еве едно останатите подоцна
на бит пазар меѓутоа не во пазарот туку во редот на атлантик комерц ли како беше за играчки што е подоле има една за хулахопки и после има една за накит и за коса додатоци , е до неа ама малку е затскриена т.е има едно како пролазче се наоѓа една прилично голема продавница на големо и мало продаваат монистра , светки значи се буквално конци и имаш и нитни исти вакви има и на сребрено и златно едно пакетче ти е 50 денари има доста во едно а за вакво нешто како на сликата да направиш можеби и 2 ке ти требаат или едно ипол ... доколку не ме сфати каде е продавницата прашај слободно ке ја викнам мајка ми на помош да ти опише подобро пошто јас сум слаба со ориентацијата
од која страна на пазарот е тоа, не сум од ск, па неможам да се ориентирам само по име на продавници, ако сакаш малку подетално да ми објасниш и јас барам такви
Често сама си правам накит , додатоци за коса , сум правела и честитки поодамна ...Во темава има прекрасни идеи и ке украдам некои во план сум да го направам ланчето со копчиња тие поукрасни што го има постирано во групава ЧД еве дел од накитот , се извинувам заради лошиот квалитет на сликите од моб сликав За ланчето на последната слика добродојдени се идеи што да му додадам ? ЧД
не знам дали знаете нели има дел во пазарот со материјали - женски пазар се вика , а има и неколку продавнички за материјали една до друга што се надвор од пазарот карши нив се наоѓа тоа што е за играчки има и очила има свашта атлантик комерц поголемо е под него се наоѓа за хулахопки тоа и после тоа имаш како ширинка една тука од таа страна на тротоарот ке му дојде се продаваат онија како колепки за бебиња дрвени има надвор марами доста каиши , е до таа продавница има малко пролазче и одма тука е оваа што ви ја објаснувам , ако вака не можете да ја најдете тогаш од страната на пазарот каде што има дуќани ( над тие што изгореа скоро ке видите изгорено е ) има истиот газда ја држи мислам за ланци ластици монистра ама на мерење ги даваат тука , влезете таму и прашајте ке ви објаснат многу е блиску ама ке ве упатат каде точно , пошто и јас така ја најдов дека не се гледа ако не загледаш ... ако сеуште не ти е јасно пиши ми ЛП ке пробам подетално на др начин да објаснам
Еве уште нешто од мене Се' што изработувам е од памучен конец и најчесто си го набавувам на Бит Пазар Се надевам ви се допаѓаат. Поздрав Феминки
После долгото трагање низ градов по убав collar necklase и по видените милион модели кои не ми фатија око - или беа пренакитени или во мутави бои, па и надуваните цени - решив да си направам едно обично, да си го носам под јаката на кошулките. Еве го, можеби е обично, ама таква сум и јас - ич не сакам натрупани и „богати“ парчиња накит. Less is more. П.С. Требаше да биде одозгора со една металик хартија, ама во последен момент ми се измести и исполепи со лепак и ... се откажав.
Искрено, освен ако не планираш да коваш метални плочи ова сама нема да го направиш. Ова е едноставен каиш/појас направен ми изгледа два метални дела, ама сериозно не мислам дека може дома да се направи. Ако толку ти се допаѓа, подобро побарај и купи си, класично парче е, дури и платиш малку повеќе се исплати.
А чекај малце мислиш на фустанот или на каишот ако на каишот неможеш а за фустанот можеш најдов туторијал но заборавив каде го гледав Ако мислиш на фустанот да се помачам да ти го најдам туторијалот??
Најдов едноставен туторијал на YouTube мислам дека ќе ти заврши работа. Ако немаш сребрена или златна трака пробај со самолеплива хартија знам таму имаше листови во тие бои и се разбира со малку подебел каиш за да ти изгледа слично како овој од Асос. http://www.youtube.com/watch?v=7b9hrRen3UQ А може да пробаш со автолак наместо трака или самолеплива хартија, би требало да успее