Гипс, ова е гипс. Направи гипсена маса и истури ја во ракавици ама од оние што се за чистење, не од оние што се хируршките бидејќи ќе се разлее и нема да има форма од притисокот на течноста или каква виша физика беше тоа Најдобро ти е да ја истуриш готовата гипсена маса, малку потечна, во ракавиците кои претходно убаво ќе ги намачкаш со масло за јадење и ќе ги свртиш наопачки, така што надворешната страна да биде сега внатре, од маслото ракавицата по сушењето на гипсот полесно ќе се извади и нема да се залепи за гумата, во ептен добар случај може ракавицата да ја искористиш дури и за повторно правење на истово раче. Отпосле за да биде рамномерна со боја, на обично хартиено марамче нанеси беби пудра и убаво втриј на гипсената рака, прицврсти ја на постоље или внимателно со обична гланц хартија израмни го крајот (оној дел кој треба да го поставиш на масата) за убаво да може да застане раката. Понекогаш часовите во средно никогаш не се забораваат, за оваа техника со тешка мака добив 5 ама до ден денес го памтам процесот за вадење модели од калап или правење на одливци
http://beingzhenya.com/2013/01/14/dress ... %BA%D0%BE/ http://biseroc.ru/bi2.php http://footleblog.com/diy-stackable-bra ... celet.html
Имам милион украси и монисти од женсќи пазар од турција ми се некој. Обожавам да изработувам накит инаку за идеите сама си ги правам не "ловам" инспирации од интернет.
Ружи од хартија.Имам направено и други па кога ќе имам време ќе ги сликам и ќе ги ставам тука. Ви се свиѓаат? (не се гледа цела слика затоа одете на View in New Tab
Многу сакам да си направам што и да е шал фустан накит итн. Се размислувам кога ке имам време да си земам некој интересен материјал од Женски Пазар и да си направам фустан или така нешто
Одлични идеи и реализации! Јас имам направено ланчиња со комбинација на кожа и монистри, деновиве ќе ги сликам и ќе ги прикацам сликите да ги слушнам вашите мислења... Моментално правам вреќи за седење (како фотељи) од штоф и полнетица од гранули од стиропор, само тоа претпоставувам не спаѓа во оваа тема, но не сум сретнала тема направи сам-мебел...
Ми треба мала помош..дали некогаш сте боеле чевли?имам едни се како превртена кожа ,плишани на допир не се мазни(екокожа се) и сакам да ги обојам црни.со каква боја да ги обојам?има некоја специјална или со обична за чевли?