Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Направи сам (Гардероба,накит...)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од O.l.i.v.a, 28 ноември 2010.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    91.602
    Пол:
    Женски
    Еве јас каква кутија направив одамна. Значи кутија од кондури ја обложив со украсна хартија. Капакот од кутијата го исеков и го ставив внатре за да можам обетки повеќе да закачам, па и од двете страни. Тебе ако ти е за со капак , само обложи го капакот со хартија и готово.
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00079.JPG
      DSC00079.JPG
      Големина на фајлот:
      326,4 KB
      Прегледи:
      665
    • DSC00078.JPG
      DSC00078.JPG
      Големина на фајлот:
      361,2 KB
      Прегледи:
      665
    На Cacy, BeYourself, frutini и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Јас купив од кинеска продавница за 60 ден држач за шољи, нешто слично на ова е, само со повеќе закачалчиња. Тука ги чувам алките, а можеш да го искористиш ти за венчиња и шноли. Ако не можеш да најдеш ова може да ти послужи како идеја да направиш сама нешто вакво. Позз :)

    [​IMG]
     
    На soncicko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DrenkaC

    DrenkaC Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    105
    [​IMG]
    Јас веке некое време планирам да земам стара кукла, да ја извадам главата и рацете, да ја обложам со убав материјал и да направам вакво нешто за накит. Ем е украсно ем практично, иако искрено само дел од накитот може да се нареди овде.
    Исто планирам да направам и ваква рака. Имав идеја да напунам една гумена ракавица со гипс и да поцекам да се исуши. Ке видиме колку ке ми успее идејата.
    Ако го погледнете и ова со тањирчињава во позадина е интересно. Може да се стават филџанчиња со тацни едно врз друго и да се залепат со добар лепак. Сум видела слики од луѓе кои правеле сами.
     
    На Chocoholic му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    ЈАс се снајдов некако,најдов една корпичка плетена стара ни многу мала ни многу голема.Ја завиткав со фолија украсна и убаво дојде.Да ја сликам и ке ви пратам слика али не е нешто изведувано туку едноставно.Нешто како marama што ја има кутајата само што мојата е корипичка не е обична кутија :)
     
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=NWkZoHVjmqI

    Јас од ова видео се научив како се прават,сепак сигурно нема од прва да научиш како се прават и нема да излезат баш најдобро сепак треба вежба.
     
    На T.e.d.d.y му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Леле кај најде сега да го пуштиш сега цела вечер ќе се занимава со ова... :D :D (фала многу ;) )
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245

    Значи СОН се!! Браво Марама!! А можеш да ни споделиш од каде ти се балетанките и материјалов?? ( и двете се специфична боја затоа!) :rofl:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    91.602
    Пол:
    Женски
    Балетанките се од кинеската продавница доле во ГТЦ што е(99 денари беа), а материјалот ми е од едни панталони од времето на дедо Ное. Инаку благодарам :$
     
    На Buubica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Имав едно големо ланче и сестра ми ми го искина :@
    Ама сега ќе и речам фала :$ Зошто си добив ем ланче, ем 2 пара обетки. :D



    А ова сама си го направив :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • SDC13395.JPG
      SDC13395.JPG
      Големина на фајлот:
      312,3 KB
      Прегледи:
      444
    • SDC13396.JPG
      SDC13396.JPG
      Големина на фајлот:
      215,7 KB
      Прегледи:
      444
    • SDC13397.JPG
      SDC13397.JPG
      Големина на фајлот:
      140,5 KB
      Прегледи:
      443
    • SDC13398.JPG
      SDC13398.JPG
      Големина на фајлот:
      275,1 KB
      Прегледи:
      444
    На Dpokahontas, LadyEj, FBI и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085
    Лин првото ланче многууу ми се свиѓа
    Пердувчињата (незз како да ги кажам :) ) од кај ги зема?
     
  11. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Па такво беше ланчето, ама го расклопив и си направив обетки. :)
    Инаку сигурна сум дека има во Монистра или во некоја др. продавница за монистри. :)
     
    На Shery му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Да Ви го покажам моето ново ланче. Белата плочка е направена од ладен порцелан. Планирам да го наџиџам уште малку па ќе го сликнам поубаво со апаратот кој моментално не ми е тука. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Image0011.jpg
      Image0011.jpg
      Големина на фајлот:
      95,9 KB
      Прегледи:
      651
    На TS-310, Angiie, Hiii и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    а сликата одозгора? Како ја направи? :)
     
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    уфф мауаа се вљубив во ланчето, како ја стави ружата живти се???мене ми личи на дел од салвета, откриј ми дали сум во право
    сакам да напоменам тука, бидејќи во сева има 40% попуст на се, има попуст и на стаклени монистри па се фаќа едно пакетче од 50 грама околу 60 ден (ајде економисти 40% од 93 де.:D)
    во секој случај ова е далеку поефтино од Делфина, изгор им се цените посебно на стакленцата 3ден./1гр
     
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Јас мислам дека тоа цветчето на ланчето од имењачкава е правено со техника на пресликување. Земаш слика , па и ставаш одозгора вода и стои така и се пресликува. Ако не сум во право нека ме поправи
     
  16. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    ^^Сликичката е направена со трансфер. Прво испринтав сликички, сликичката се потопува во вода и се става врз плочката свртена надолу. Потоа се трие нежно и горниот слој од хартијата се отстранува. Се премачкува со лак и толку. :)
     
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    супер техника прв пат слушам за неа. да поминат колоквиуми и задолжително се пробува
     
  18. LadyEj

    LadyEj Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    128
    Еве уште нешто од мене :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC03504.JPG
      DSC03504.JPG
      Големина на фајлот:
      234,2 KB
      Прегледи:
      465
    • DSC03528.JPG
      DSC03528.JPG
      Големина на фајлот:
      221,1 KB
      Прегледи:
      465
    • DSC03452.JPG
      DSC03452.JPG
      Големина на фајлот:
      202 KB
      Прегледи:
      464
    На Dpokahontas, baguf4e, la-chicka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Девојки кога ќе имам време ќе ги ставам сликите, сега само да ви дадам по некоја идеја. Ако имате дома кутија празна од чепкалки за уши или пак кутија од пегла за коса, што и да е, не ја фрлајте. Земете си вуница еднобојна, а може и во повеќе бои. Прво со кутијата од чепкалки за уши. Ќе земете лепак, уфо, или каков и да имате и ќе намачкате околу цела кутија, отприлика 1цм и ќе почнете одоздола да ја мотате вуницата. Кога ќе ја навртите вуницата околу кутијата, пак ставете лепак и продолжете да мотате.
    Со друга кутија исто од чепкалки за уши, можете да ја обложите со хартија во боја. Пример ако е во коцкаста/правоаголна форма, на едниот дел, малку математички да се изразам, на едниот ѕид ставете од хартијата во боја, но цел ѕид да ви биде опфатен. Потоа другиот ѕид во друга боја и така различно на сите 4 ѕида. Потоа исечете мали коцкички од лифчињата во боја и налепете ги на кутијата. Мојата кутија е лепена со некои штикли од страна, делови од шминка, како римели, кармини, сенки, истите ги најдов во Теа Модерна и ги исеков. Капакот исто го налепив во средина со лифчињата, а од страна го декорирав со лакови кои не ми требаат.
    Потоа најдов дома и кутија од пегла за коса. Имам дома 2м. цветен материјал кој не е искористен за ништо, а не ми се допаѓа, па решив да го употребам за кутија за накит. Прво од страните на кутијата имерив колку ми треба и толку материјал исеков. Залепив на сите страни и потоа поголем дел од материјалот исеков и го ставив внатре во кутијата, но гледав и да излегува и надвор. Го подигнав малку и го залепив од надворешната страна на кутијата, а и го залепив и од внатрешната страна. Кутијата врши работа за накит, бидејќи ги боцкам обетките и што се вели во секое време ми се достапни.
     
  20. LadyEj

    LadyEj Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    128
    Венчево е направено од стари вештачки цветови, мајка ми ги чувала и ми ги даде. Со силикон ги залепив на црно обично венче и еве го резлутатот
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC03553.JPG
      DSC03553.JPG
      Големина на фајлот:
      89,2 KB
      Прегледи:
      395
    На TS-310, esperanca, baguf4e и 13 други им се допаѓа ова.