Деновиве имам слободно време,па планирав да си сошијам 2 сукни-една тесна и една широка со фалти малку разлетана и едно чанте..Веднаш откако ќе ги направам,ќе ги сликам,па ќе ги прикачам овде и очекувам критики и добри комплименти од ваша страна..Позз
А сега друго нешто да ве прашам.. Дај кажете бе луѓе што му правите на остатокот од долгите фармерки откако ќе ги направите кратки,мислам.. Имав долги фармерки кои не ги носев,па ај си реков ќе си ги сечам и ќе си ги направам кратки и така и направив,па преубави ми дојдоја,сите ми ги бендсаа..Ех,арно ама незнам што да правам со ногавиците што останаа и од нив а и од мноогу други пантолони и фармерки што ги имам скратувано..Некаков предлог...?!?!
Јас од ногавиците си имам направено ташни, цело средно со такви ташни го поминав правени од ногавици а потоа редени со беџови,нитни,некои па дури и ги везев,му лепев апликации.Еве ти една идеја
^^ Можеш машнички за во коса да си направиш од остатоците, и потоа на машничките можеш да сошиеш монистри или да ставиш нитни
Спојлер ukrasi na kupaki http://www.rockmosaic.com/2013/07/diy-miu-miu-floral-applique-bikini.html http://www.rockmosaic.com/2012/10/diy-anthropologie-fabric-collage.html *
http://www.youtube.com/watch?v=QdvlrTHja_Q http://www.youtube.com/watch?v=8J08yrclB6Q http://www.youtube.com/watch?v=tbKaFeXZfjI еве неколку идеи за ташни
http://www.womans-heaven.com/diy-custom-polka-doted-jeans/ http://www.rockmosaic.com/2012/05/diy-sunburst-jeans.html неколку идеи http://www.rockmosaic.com/2013/03/diy-alc-harper-twistback-tee.html
Девојки сакав да ве прашам нешто, дали варакината би ги побелела моите старки? Што мислите?! Сакам да ги избелам ама страв ми е да не ги унаказам па после да неможам да ги облечам...?!
Јас би ти препорачала да не ги белееш,затоа што голема е можноста да не ти се допаѓаат и подоцна да се каеш.Посигурно е на шорцеви или на парче облека одколку на пар патики...
Неколку работи се во едно,од кои првото си го правев,а ќе ги направам и останатите,па ќе ги ставам во употреба http://www.youtube.com/watch?v=3nfunFHp_mU
И ете така прв пат во животот да не послушам некој од фемина. Ги белев старките и од тегет станаа крем преубави се. Не се баш крем нешто меѓу крем и розевко се преливаат. Преубави се, ќе постирам утре слика да видите како се избелуваа ^^
Врска немав каде да го поставам прашањево, општи прашања е заклучена, темата за чевли не е толку активна, а мене ми треба прилично брз одговор. Имам една лаковани црни чевли и сакам да ги исфарбам во бели, само не сум сигурна точно каков спреј ми треба? И дали ќе биде можно бојата после тоа да се извади со помош на нешто или останува постојана?
Мн просто и едноставно. Ставаш варакина во пластично и ги потопуваш целите фармерки остави ги некое време околу десет мин и ќе видиш самата резултат. Потоа накисни ги во вода и испери ги доста добро и мн пати. За да не се исфрлиш од варакината, ги ставаш на жица да се сушат и толку! ^^,
Направи сам (украси за ѕид и друго) Направете сами: апостолки со бисерчиња Потребни материјали: 1 пар бели апостолки 1 макара бела лента (или исечете си сами лента од некој бел материјал) многу бисерчиња и монистра (и малечки школки ако успеете да пронајдете) лепак игла и конец Чекор 1: Нанесете малку лепак на надворешната страна од едното ремче, почнувајќи од долниот дел на апостолката и залепете го едниот крај од белата лента. Чекор 2: Продолжете да ги обвиткувате ремчињата од апостолката со белата лента сè додека не се целосно покриени. Додавајте лепак одвреме-навреме за да биде лентата посигурна и не заборавајте добро да го опфатите делот кај прстите. Чекор 3: Земете уште еден дел од лентата, нанесете лепак на врвот и вртете ја лената над и под ремчињата наизменично. Внимавајте овој дел да не биде премногу краток бидејќи нема да има добар ефект, но не смее да биде ни премногу долг за да ви бидат удобни апостолките. Чекор 4: Можете да започнете со најинтересниот дел, украсувањето со бисерчиња и монистра! Започнете на врвот, најпрво нанесете лепак, а потоа залепете го првото бисерче. Протнете конец и зашијте од двете страни за да биде посигурно. На истиот принцип додадете ги и монистрата и школките. Продолжете сè додека не го исполните целиот материјал Чекор 5: Вашите нови и уникатни апостолки се готови! Добар маникир и спремни сте за на плажа. Спојлер Превземено
Сакам да ве прашам нешто.Имав едни бели фармерки,значи тенки беа,и ги носев,се додека еден ден,мајка ми не ми ги зезна со тоа што ги испра со бело-зелената јакна на брат ми,значи јакната е бела а внатре е со зелено,и пушти боја таа,и зелени ми станаа,па ги обелував со варакина , па ми станаа жолти И на крај за први април со точки црни со темперна ги направив и се направив манчкин (така се вика тоа чудото де,иако поише личи на 101 далматинец ) И сега ги исеков и ги направив шорцеви,и мислев доле да ги искинам онака,да ги направам како со конци де како да објаснам на крајот,арно ама неможе да се направат! И сеа си имам бели шорцеви,со црни точки,што ништо неможе да се направи на нив од овие киненициве,неможат ко едни други вакви да се направат (мислам дека знаете на што мислам од сликава) - Нитни немам,ни пак знам како да ги ставам,знаете нешто друго што може да се направи со проблематичниве,или тешко?