наполни ја со нешто и сликни ја вака неможам да определам дали е убава чудно изгледа празна и легната
Зависи каков ти е стилот на облекување ама според мене повеќе одговара за на плажа или со некоја поопуштена варијанта на облека, за дневно кафе на пример.
Ама е интересно ланчево, ќе мора да го направам http://www.robayre.com/news/2012/08/22/ ... necklaces/
Немој да ги кратиш! Вака високи се поинтересни а веќе ако не сакаш да ти се гледаат дека се високи стави ги под фармерките или свиткај ги (мислам дека ме разбра како ) Интересна ти испаднала,јас би ја носела само за на плажа.
буричкајќи низ дома најдов обична црна плик ташна од мајками. некоја идеа што би можело да направам со неа и да ја направам поинтересна ?
а нешто како материјалче можит да се стајт прво згора на ташната ? пошто е постара и малку како испукана е кожата
Ај да прашам јас за побелувањето на фармерки, во колку варикина се става и дали ја разредувате со вода?
Јас пред некоја недела си купив материјал од пазар со некојси принт, и деновиве конечно да начекам малку слободно време и после изгледани 500 туторијали, да си сошијам сукња со висок струк, широчка со фалти, некоја средна должина не многу кратка. Шиењето мислев дека ќе ми оди тешко, со оглед на тоа дека секој пат кога сум зела материјал за некој мој „проект“ или ме примрзувало или од брзање и немање трпение убаво да испеглам да подвиткам, сум правела утки. Мееееѓутоаааа овојпат сукњата излезе многу добро. Гледав да биде едноставен моделот, да не се преценувам за да не се разочарам и крајниот резултат . Се на се, правењето ми одзема некои 5 саати, што како за прв пат и не е така лошо, а ме кошташе - материјал метро и половина -150 денари, ластико високо и самолеплива лента 40, што значи вкупно 190 денари. Да не се фалам многу, ќе ставам после слика да ѕирнете.
* http://www.rockmosaic.com/2011/09/diy-t ... klace.html http://www.rockmosaic.com/2011/09/diy-shredded-t.html *