Еве дел, оние што најмогу ми помогнаа: http://fun.kyti.me/index.php/2012/06/racing-stripes-skirt/ http://www.youtube.com/watch?v=CJUuxOTkbRE http://www.youtube.com/watch?v=-CrwRhd9ck4 http://dulcetaylor.blogspot.com/2012/02/diy-camel-pleat-skirt.html http://manouvellemode.com/2012/09/10/diy-pleated-skirt/
Еве ги моите. Од долги фармерки си направив кратки пантоломчиња. Напред ги искинав, и потоа долу на краевите, горе, и одназад ги избелив со варикина
Девојки помагајтее! Фармеркиве беа темно плави, ги ставив во варикина да избелат но кога ги извадив го добив ОВА.. Што да правам сега, дали поворно да ги ставам, кажете нешто
Дали можам да однесам едни патики на чевлар, како плишан е материјалот за да ги обојат во друга боја? Да не се чуди човекот
Ова се дел од работите кои што сама ги имам направено.Доколку некој е заинтересиран и сака да му објаснам како сум направила нешто,слободно нека ми пише во порака,нема да ми е тешко никому да објааснам
Сакам да почнам да правам накит од полимерна глина, па сакам да направам пресметка отприлика колку би ме коштало да почнам. Знаете ли отприлика колку пари метро се синџирчињата од прилика дебели колку на сликата? И колку пари се оние за обетки металните и тие за прстени?? И каде точно се наоѓа продавницата за вакви работи?? Многу прашања
Незнаев каде да го поставам прашањево, се надевам ќе добијам одговор.Пред некое време купив сива памучна блуза со црни букви. Првиот пат како по обичај веднаш ја исправ бидејќи несакам веднаш да ги носам новокупените работи. Откако ја исправ црните букви имаа бело на нив, претпоставувам од прашокот, мислев дека со малку вода ќе се тргне но несака. Што би можела да направам?? Несакам да стои нова, воопшто неносена